ATP тенис - општа дискусија

Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.229
Од кај па сега криза само против Новак? Да си му ја следел играта на Надал доволно добро, ќе видиш дека оваа игра што ја прикажува во последно време воопшто не е неговата игра. Има пад во форма и тоа е факт. Ај разбирам дека пошто сме фанови подразбира субјективност сама по себе, ама па до толку величање на Ноле ми е нелогично. Секоја чест за она што го врза во низа, ама затоа ви пишав, големите спортисти од било која фела се големи зашто се константни. Ако ја одржи доминацијата на неколку години, па макар биле и само две тогаш ќе се согласам дека е добар тенисер, ама вака кога доживува за прв пат блесок и тоа во ситуација кога на двајцата најдобри тенисери во последните 10 години им паѓа формата не може реално да се коментира. Роже во врвот на кариерата играше одличен тенис, ама го играше против тенисери во форма. И Надал губеше од Роже, па јас лично никогаш не сум ги бранела поразите на Рафа зашто не му бил денот. Видливо било дека Роже бил тогаш подобар. Тие дуели кои ги одиграа Роже и Рафа тенискиот свет нема да ги види во догледно време. Испишаа историја. За мене тоа се класа врвни тенисери. Ноле ќе биде тоа ако овие пет месеци форма ги претвори во неколку години доминација. Тоа е тоа.
Јас никаде не го величам Ноле, ако забележа во темата(или во фан клубот, не ми текнува точно) пред мечот т.е синоќа искоментирав дека Ноле ќе изгуби од Надал со 2-0 во сетови, барем така ми делуваше играта синоќешна против Белучи...најмалце очекував победа на Ноле, ама денес едноставно го разби и тоа на начин на кој Надал ги разбиваше своите противници на времето или едноставно кажано убава вратка му направи за 9-те порази што ги има од него на земјена подлога.
Ако за некои не му значат тие 30 победи на атп турнирите и +2-те во Дејвис купот и ако тоа не докажува колку е тој одличен тенисер, незнам што повеќе да ви искоментирам.
5-6 месеци го игра најдобриот тенис, а тоа не значи дека другите тенисери се во криза, туку дека Новак напреднал во играта.
И за тебе ако не беше овој меч добар, за некои е добар, прекрасни поени имаше, а богами и долги..што е уште подобро.
Најмалце гледам од страна како фан на Новак.
Ама нели секоја серија има крај, па така и неговата, кога-тогаш ќе заврши, дали на турнирот во Рим оваа недела или на Гренд Слемот во Париз, ќе видиме, а може па на трева ќе го доживее првиот пораз..кој знае.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
И за тебе ако не беше овој меч добар, за некои е добар, прекрасни поени имаше, а богами и долги..што е уште подобро.
Никаде не реков дека мечот не бил добар и дека Ноле е лош тенисер. Мечот си беше добар, се согласувам имаше одлични поени, но за воља на вистината сум гледала и подобри. За мене Ноле е просечен тенисер, засега. Да се повторам уште еднаш, ако овие пет месеци ги претвори во доминација во светската тениска игра јас прва ќе речам БРАВО и ќе премине, барем за мене, во врвен тенисер. Секако таа доминација (ако ја доживее) мора да се должи на победи над тешки противници...:wink:
 
Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Честитки за Новак ,али поенов е:drk:

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Да бидеме фер, Ноле го пушти поенов заради атракција. Можеше да стигне да го врати топчето..:)
Хаха , да да можеше сигурно , ама го сецна "кичмата отиде" :vozbud:
 
С

сашенко

Гостин
Да бидеме фер, Ноле го пушти поенов заради атракција. Можеше да стигне да го врати топчето..:)
Искрено, јас мислам дека не појде зошто и он сакаше да види како ке заврши поенов.Ова му доаѓа како вицон кога на меч македонија - аргентина се врти цел жив зид накај голманот зашто сакаат и они голот да го видат на меси...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.938
Поени од реакции
16.229
Топчето одеше споро, можеше да го врати Ноле, ама нели е роден за атракција, па го остави. :)
Секако ќе го добиеше мечот :icon_lol:

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Аздисавте малку... еве пр. Арсенал освои Премиер Лига пред неколку сезони без пораз, Манчестер има 19 титули... и сеа кој е подобар, Арсенал !? :)

Новак игра у страшна форма, ненормална, физички е подготвен ко за триатлон (ви викам овој зема некој медикаменти :icon_lol:), а и психички ништо помалку. Надал онаков како во 2008ма никогаш нема да го видиме, колената си го прават своето. Но, СИГУРНО, може да игра подобро од ова, особено на земја. Моментално Новак е во многу подобра форма, и тоа е клучното. Плус очигледно е дека Рафа има огромен психолошки притисок да ја прекине серијата на Новак, ако успееше да го победи сеа, ќе играше многу полесно на Роланд Гарос.

Али, на Новак сеуште му е рано да се споредува со Рафа и Роже, нека ги кине повеќе години и нека напуни витрината прво, па после може споредби... ако може да го направи тоа. :tv:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Уште од Февруари го тупевте како тоа Надал е неприкосновен на земја и како Џоковиќ нема теоретски шанси да го победи.
Епа Џоковиќ го победи Надал на земја, во сред Мадрид и пак избегнувате да го признаете очигледното, во 2011 година најдобар тенисер во светот е Новак Џоковиќ!
 
Избегнуваме да го признаеме очигледното ДА тука си во право.Секоја чест, по кретенско нешто немам прочитано во животот.Ако не те мрзи пролистај неколку страни наназад и прочитај некој пост и види како се одвиваа дискусиите и молим те пиши тогаш и ке го продолжиме муабетов.Ако едно нешто не беше пропуштено во дискусијава до сега тогаш тоа беа честитките за ноле, моето повлекување на се што до сега пишав за ноле од типот дека тешко дека ке го тепа надал на земја.И искрените честититки и признание од сите.Муабетов отиде накај тоа дали е ноле спремен да се споредува со нив и нивните резултати.Ако не си прочитал молимте немој вакви коментари зашто од кожа ме извади со коментаров.Ако некогаш во животов сум бил искрен и сум честитал победа и сум се покајал за некое предвидување за спорт тоа беше вечерва по одличниот демант од Ноле и мислам дека е премногу кретенски и идиотски да се правиш на тошо и да пишуваш вакви непромислени коментари.
 
Како тоа протолкува дека мојот коментар се однесува на тебе и само на тебе?
Те цитирав? Не. Не си единствениот фан на Надал тука, за жал повеќето си ги пикнаа главите во песок последниве недели.
И покрај сево ова што го прави Џоковиќ повторно се наоѓаат паметњаковци кои кажуваат дека Ноле е просечен играч и дека сево ова се должи на слабата форма на останатите.
Па дали се разбираат они воопшто во тенис?
Бекхендот на Ноле убија, сервисот му е одличен, ритурн на серва одличен, самодоверба на максимално можно ниво и тактички ги надигрува противниците. Денеска напаѓачкиот тенис го победи дефанзивниот тенис. И психички и физички Џоковиќ е на повисоко ниво од Надал.

--- надополнето ---

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ова не е стариот Надал. Што се случило со неговиот сервис? Мора да поработи на тоа поле, зашто гледајќи го вечерва гледам дека тоа му е најслаба страна. Премногу лесно му ги враќаше Ноле топките. Инаку, за мене Џокович не е ништо посебно како тенисер, неговата супериорност се должи на туѓата слабост, а не зашто е премногу добар. Инаку ако беше на рамниште на Надал и Федерер ќе растураше многу порано. Ама нејсе, очигледно веќе нема да уживаме во финалињата на Надал и Федерер...
Треба да се прашаш што се случи со Џокович а не со сервисот на Надал :pos:

Еве уживавме во полуфиналето Надал-Федерер, јас например повеќе уживав во финалињата Надал-Џокович или па тебе ти здосади веќе 3 пати во низа Надал да го јаде стапот и ајде Џокович таков Надал таков незнам со кој памет зборувате против Џокович во овие моменти... човекот е ЅВЕР и нормално дека за кратко време ќе биде број еден на листата, а ти можеш да кажеш дека според тебе сите немат веза и Надал Федерер Џокович и дека Русевски е најсупериорен ама далеку си од реалноста спушти се доле :) :)
 
Никој не зборува против џокович.Ова почнува да ме нервира веќе.RocknRolaa ако нешто рече тогаш тоа е дека смета дека ноле е просечен играч кој е во одлична форма и дека тоа што растура моментално ке престане за некое време.Исто така кажа и дека за да го споредуваш со големите играчи треба резултати и континуитет И ДЕКА РАДО БИ МУ ГО ПРИЗНАЛА ОВА НО СЕУШТЕ Е РАНО БИДЕЈКИ ЗА НАДАЛ И ФЕДЕРЕР ТРЕБАШЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ПОКАЖАТ И ЗА НОЛЕ КЕ ТРЕБА ДА ПОЧЕКАМЕ ШТО КЕ СЕ СЛУЧИ ПОНАТАКА.....и јас се согласувам со неа.Но во ниеден коментар не го оспори тоа што досега го направи џокович.Туку само брзо го предвиде крајот на оваа убава низа.Нема да трае уште долго а и следната година тешко да одбрани пола од ова...

Бидете разумни малце и погледнете ја и позитивната страна од коментарите...
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ноле не падна од небо во Ноември 2010.
Ноле веќе 4 години е меѓу топ 5 тенисери на светот иако беше послаб од Федерер и Надал.
Но, ова што го прави Ноле годинава, ваква форма, ваква доминација, ова не е видено од доминацијата на Федерер 2005-2006 година.

Но, за навистина да се докаже како број 1 моментално ќе мора да го победи Надал на Роланд Гарос, што нема да биде воопшто лесно.

Патем, публиката денеска во Мадрид беше грозна, катастрофална, никаква тениска култура.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom