- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.938
- Поени од реакции
- 16.230
Јас никаде не го величам Ноле, ако забележа во темата(или во фан клубот, не ми текнува точно) пред мечот т.е синоќа искоментирав дека Ноле ќе изгуби од Надал со 2-0 во сетови, барем така ми делуваше играта синоќешна против Белучи...најмалце очекував победа на Ноле, ама денес едноставно го разби и тоа на начин на кој Надал ги разбиваше своите противници на времето или едноставно кажано убава вратка му направи за 9-те порази што ги има од него на земјена подлога.Од кај па сега криза само против Новак? Да си му ја следел играта на Надал доволно добро, ќе видиш дека оваа игра што ја прикажува во последно време воопшто не е неговата игра. Има пад во форма и тоа е факт. Ај разбирам дека пошто сме фанови подразбира субјективност сама по себе, ама па до толку величање на Ноле ми е нелогично. Секоја чест за она што го врза во низа, ама затоа ви пишав, големите спортисти од било која фела се големи зашто се константни. Ако ја одржи доминацијата на неколку години, па макар биле и само две тогаш ќе се согласам дека е добар тенисер, ама вака кога доживува за прв пат блесок и тоа во ситуација кога на двајцата најдобри тенисери во последните 10 години им паѓа формата не може реално да се коментира. Роже во врвот на кариерата играше одличен тенис, ама го играше против тенисери во форма. И Надал губеше од Роже, па јас лично никогаш не сум ги бранела поразите на Рафа зашто не му бил денот. Видливо било дека Роже бил тогаш подобар. Тие дуели кои ги одиграа Роже и Рафа тенискиот свет нема да ги види во догледно време. Испишаа историја. За мене тоа се класа врвни тенисери. Ноле ќе биде тоа ако овие пет месеци форма ги претвори во неколку години доминација. Тоа е тоа.
Ако за некои не му значат тие 30 победи на атп турнирите и +2-те во Дејвис купот и ако тоа не докажува колку е тој одличен тенисер, незнам што повеќе да ви искоментирам.
5-6 месеци го игра најдобриот тенис, а тоа не значи дека другите тенисери се во криза, туку дека Новак напреднал во играта.
И за тебе ако не беше овој меч добар, за некои е добар, прекрасни поени имаше, а богами и долги..што е уште подобро.
Најмалце гледам од страна како фан на Новак.
Ама нели секоја серија има крај, па така и неговата, кога-тогаш ќе заврши, дали на турнирот во Рим оваа недела или на Гренд Слемот во Париз, ќе видиме, а може па на трева ќе го доживее првиот пораз..кој знае.