Најгрозната случка што ви се има случено до сега !?

  • Креатор на темата Креатор на темата skrill1
  • Време на започнување Време на започнување
На одмор кога го скршив ноктот од палецот на ногата. Ме фати осека во море и почна да ме влече водата и го удрив палецот на камен. И малце ми штрчеше ноктот зш беше искршен и ме болеше многу. По некое време почна крв да ми тече па гној ша ме болеше ептен и на крај, фино лепо ми падна и ми порасна нов нокт :D

Втор случај кога направив 360 од точак и ја скршив раката на 2 места. Осмици ми правеше раката кога ја видов! (=
 
Скршување на раката во близина на дланката, се прврти обратно..
Па нешто ко на Јове проблемот со носот, јас шпагети вратив :pos:
Хмм уатс некст... а да немав брич си купив еден никаков Бик со едно ноже и прв потег на лев образ надолу уффф мераци си извадив една лента кожа, леле како печеше кога и ставив алкохол, нема лузни тоа е добро....
Па како мали се закачавме со другари.... срча во десна потколеница расцепување до коска, крв во вирче, имам лузна таму :(....

доволно е :)
 
е да и уште една случка, ама оваа за мене не беше нешто гадна колку што е болна, знаете од тие упаљачите што се вадат што пецкаат со струја, епа си имам обичај да се пецкам сегде по заби, јазик, уше итн итн (и не се пецкам на оној доле мојов џони дека нејќу да не ми лае цел живот после) епа и еднаш ми текна во око внатре да се пецнам....паааа болеше и не гледав со едното око можеби 2-3 минути
 
Да де, а јас прднав и дома сите астма испофатија о.0

Ко се зедов на плоштадон во сијалица..стуб :\
 
Хмм сум видел доста грозни работи.. Меѓу кои и тела на неколку луѓе удавени во една струмичка брана и кои беа во вода неколку дена, па присуствував кога ги вадеа нуркачите телата... Видов како згазија еден човек на 5 метра пред мене (да сум излегол од дома 2 секунди порано мене ке ме згазеа :)) и други телесни повреди како оваа на сликата :) Залетан дома удрив со раката во стаклото од вратата и ми падна цело стакло врз раката на неколку места за среќа не ми ја пресече вената, но околу имаше доста повреди :)

pic36dz8.jpg


Иначе ова е сликано во болницата кога чекав да ме зашијат :)
 
Па си возев така еднаш точак у удолници ко шо си знам ама овој пат скоро без кочници и да поминам едно југо го акнав у хауба па летнав преку неа и ќе се акнев со глава у стуб ама среќа само лева рака и десно рамо скршив...Точакот не беше ни изгребан:)
Ништо не е.
 
Многуја ги имет. Ама не бев у Босна за време ратног похода, така да не се рачунаат. :)

Sith
 
Ај и јас да не останам кус да си ги допишам моите случки :D

Си ја запалив ногата на гробишта од една свеќа, уште имам лузна ( не се познава многу )
Ја скршив раката кога му бранев на еден на фудбал... да бевте таму да видите какви 8мици ми правеше раката :D
 
Јове бе, ти си лејм... само со арома на кафе во нос си прошол.
Јас, така, едно саботно утро си јадев омлет и одеднаш почна да ме пече носот и како полузатнат ми стана. Ај божем да го издувам и кога почнаа да излегуваат од него парчиња салама, кашкавал и јајца... е тоа беше бљак.:pos:
Една другарка, во основно почна низ нос да дува бисквити, а на друга другарка, на враќање од трговски, пиејќи Кока Кола - низ нос почнаа меурчиња да и излегуваат.
 
незнам како може од 5 можни тестови за испитот , јас имав 4 за препишување , и ми се падна тој шо го немам :))))
 
Кога имав 5 години левата рака си ја фатив на ескалатор.Си правев авиончиња.Ми висеше месото и ми се гледаа коските.
 
ех колку случки само биле....
ај една ќе кажам....во прво одд си ги пресеков вените на двете раце....
скршив стакло, и ептен крв изгубив...па на шиење одма.....замалку ќе ојдев по фира.... и сега лузни си имам
 
Еднаш со точакот кога паднав 20 метра по земјата се лизгав и за малку другиот точак зад мене ќе ми ја прегазеше главата... ( не бев на шиење, сеа на стопалата имам лузни)
А втората случка е кога ме мавнаа со тврд песок, како камен, ми се направи дупка на аркадата и одма на шиење...
 
Како деца се пуштавме со точкој од на планина и касно ја видов колата .... со неколку салта завршив в трња со многу лузни на мене

Се карав со комшијата за тоа чив е тротоарот и завршив со скепар в плешта и уште една голема лузна

Пробав од на орешка да слезам со главава надолу и успеав даја бацам земјата од 10 метра и си ја пуквам глава

Водено беше wc-то а јас со влечки со трчање влегов , се зализгав наназад ама се задржав на кадата и тамам се исправив пак се лизнав и завршив со вилицава на шолјата , со неколку конци ме закрпија и тука

Незаборавен ми е моментот кога нуркав во дримон и излегував од вода да земам воздух , арно ама видов нешо црнено како ми иде во фаца, наместо воздух да земам ме зеде лименка од кока кола по уста .... касно беше да се тргнам завршив со расцепена уста ... и горна и долна усна а толку крв во живот не ми течело , си имаам лузни од сите мои најгрозни случки ;)


Имало и други ама на овие се сеќавам
 
Па ..

На прославата за нова година..2005 мислам беше ..Со другарки бевме у едно локалче тука у комшии и тогаш знаете заебани многу , зеле вино некои ќе пијат од 8 саат , и јас така нервозна идам , зеам флашите за да ги фрлам надвор и дека зима , снег , мраз...Се лизнав , паднав над флашите вино , се скршија тие наравно ..Се испосеков на секое можно место..Средниот прст на десната рака ми беше скршен, а левата рака и колкот ми беа повредени...И имаше мноооогу крв...И ја у шок , од што видов толку крв и од што ме болеше , почнав да губам свест , ама ме средија некако...

Од тогаш мразам секакви видови на прослави .:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom