ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Епа браво за Рафаел Надал...одличен меч каде покажа многу многу искуство, сигурност и одлична психичка подготвеност!

Уше еднаш честитки иако не те сакам воопшто...се гледаме на Роланд Гарос...поздрав - Енди Родик
 
Честитки за Надал..Заслужено! :)

Мани шо не фаќам спортска и тука коа си прогнозирам ништо не погодувам.. Едвај чекам од недела Роланд Гарос :)
 
Имам изгледано целосно околу 17-ина нивни дуели (+ хајлајтс од тие што ги немам изгледано :)), а вчерашниот беше убедливо со најслаб квалитет.
И кај двајцата се чувствуваше некоја нервоза во играта, што резултираше со огромен број на неизнудени грешки.
Но имаше и неколку интересни поени, особено неколку форхенди и passing shots од страна на Надал, а Федерер имаше неколку одлични форхенд и бекхенд винери.

Бидејќи со ланскиот пораз во Мадрид, сè тргна надолу за Надал, верувам дека победава е многу значајна и од психолошка гледна точка, еден вид почеток на враќањето на вистинската патека, а тоа што е зачинета и со превземањето на второто место на ATP листата е уште поголемо зголемување на самодовербата за Роланд Гарос. :)
 
Имам изгледано целосно околу 17-ина нивни дуели (+ хајлајтс од тие што ги немам изгледано :)), а вчерашниот беше убедливо со најслаб квалитет.
И кај двајцата се чувствуваше некоја нервоза во играта, што резултираше со огромен број на неизнудени грешки.
Но имаше и неколку интересни поени, особено неколку форхенди и passing shots од страна на Надал, а Федерер имаше неколку одлични форхенд и бекхенд винери.

Correct. Конечно некој реален...
 

Е ова е борење до крај, секој чест
 
Да си прашам нешто што не ми е јасно :)..+ ме мрзи да гуглам

Ако освоиш 2 сезони по ред Вимблдон-(пример) втората дали добиваш поени??

--- надополнето ---

......и колку? (ако добиваш)
 
Да си прашам нешто што не ми е јасно :)..+ ме мрзи да гуглам

Ако освоиш 2 сезони по ред Вимблдон-(пример) втората дали добиваш поени??

--- надополнето ---

......и колку? (ако добиваш)

Добиваш ич. :)
 
Taка и си мислев :)

А знае некој какво е бодувањето на 4те гренд-слема?

Во која рунда колку поени се добива?


Не добиваш ич ако си го освоил минатата сезона тој грен слем или мастерс било што доколку не го освоиш следната не го одбраниш ти одзимаат поени а му додаваат на тој шо го освоил.
 
Taка и си мислев :)

А знае некој какво е бодувањето на 4те гренд-слема?

Во која рунда колку поени се добива?
2000 за титула, 1200 за финале, 720 за полуфинале, 360 за четвртфинале, 180 за осминафинале ...
 
Хјуит влезе у финале у Хале :vozbud: .. со Роџо...сепак нема да можам да глеам :(
 
^ Хјуит се покажа во добра форма на тревава. Дури по 7 години успеа повторно да го победи Федерер и намали на 7-17 во меѓусебните дуели.
 
Е сеа едвај го чекам Вимблдон..некако не верував дека ќе ги одбрани поените од лани, ама со оваа победа ми даде надеж :)
 
За мене лично изненадување, очекував сигурна победа на Федерер над Хјуит ама според играта на Федерер на овој меч заслужено си победи Хјуит. Инаку со ова се покажа дека нема така лесно да се прошета Федерер на Вимболден иако ќе е главен кандидат за освојување.
 
Грешка направив погоре, сега е 8-17 во меѓусебни дуели. Дури 15 меча по ред имаше изгубено Хјуит од Федерер во последниве 7 години.

Ќе биде интересно ако Хјуит покаже квалитетна игра и на Вимблдон, па да им замрси сметки на фаворитите.
А прашање е кои ќе бидат фаворити годинава, Федерер е стандард иако и тој покажа денес слабости, Надал лоша игра прикажа, којзнае дали ќе се поправи, Мареј, Ѓоковиќ, Родик исто така покажаа слабости, изгледа ќе треба да почекаме и видиме.

Ѓоковиќ инаку игра моментално финале во двојки, па има шанси барем малку да се искупи за поразот во сингл.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom