Мачки (општи дискусии)

Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Вака имам мачор стар 2 години. Пред неколку дена еден мачор го нападна и му ја расцепи устата. Му беше отечена два дена, но немаше проблем со јадење(значи нормално си јадеше), и еве сега му помина отокот. Меѓутоа сега имам друг проблем. Еве веќе два дена само спие, не сака да излегува, очите му солзат и му се создаваат дрљи. Нормално си јаде и пие вода, само не е весел и темпераментен како што беше. Дали ова ве асоцира на нешто, мислам онака совет да ми дадете, а ако не се оправи до утре ќе го носам до ветеринар, мада немам многу верба во едиствениот ветеринар што го имаме во градот. Дали се работи за настинка и малаксаност... Ако некој имал слично искуство, ве молам пишете.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118

Кај мачките штом се мирни и спијат знак дека нешто не е вред со нив, ги боли нешто (оваа за никаква активност) инаку они и така се ленчуги :). Остави го уште ден два, ако и понатака не е активен носи го на ветеринар. Може сака само од стресот да се прибере. А и незнам колку е бил активен пред тоа....
 
Фала за советот.:smir:

Претходно беше многу активен, нон стоп сакаше да биде надвор, али сега само станува, јаде и пак спие. Го носев денес два три пати до надвор да изврши нужда, два пати сам си се врати одма и легна да спие (порано никогаш не се случило, порано го бркав по двор да влезе), а еднаш онака прошета малку околу еден саат и пак дојде.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Фала за советот.:smir:

Претходно беше многу активен, нон стоп сакаше да биде надвор, али сега само станува, јаде и пак спие. Го носев денес два три пати до надвор да изврши нужда, два пати сам си се врати одма и легна да спие (порано никогаш не се случило, порано го бркав по двор да влезе), а еднаш онака прошета малку околу еден саат и пак дојде.
Има еден инфект кој мачките ги прави за никаде, нит стануваат, нит мрдат. Ако случајно прави нужда кај што спие или не каде што треба однеси го утре веднаш на ветеринар (има антибиотик за тоа) А ако сите активности си ги врши нормално (јадење, пиење и нужда) тогаш остави го да се прибере малку, сигурно е уште во шок од нападот :)

п.с. И не го гњави многу, му треба мир :)
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Имам едно прашање...

Веќе 2/3 дена, мачево ми е слабо активно.
Јаде и пие вода нормално, врши нужда, брка и инсекти и се истрчува по малку, али у глобала некако малаксано ми изгледа, затоа што повеќе лежи (онака скорз испружено) и ко брзо да се заморува.

Можно ли е ова да е поради високите температури, или да го носам на ветернинар?
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.043
Поени од реакции
1.169
Имам едно прашање...

Веќе 2/3 дена, мачево ми е слабо активно.
Јаде и пие вода нормално, врши нужда, брка и инсекти и се истрчува по малку, али у глобала некако малаксано ми изгледа, затоа што повеќе лежи (онака скорз испружено) и ко брзо да се заморува.

Можно ли е ова да е поради високите температури, или да го носам на ветернинар?
И моето исто. Спие и дење и ноќе :) Не знам зошто го фати таква мрза. Најверојатно од времето е и не планирам да го носам на ветеринар за тоа.
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Жешко им е :) Мачките обично сакаат топло, но не и претопло, па затоа се ладат на вакви горештини и не се многу активни. Замисли такво крзно па и надвор пече уффф :)
 
Член од
13 ноември 2008
Мислења
85
Поени од реакции
0

е нема како тебе на плажа да оди, кутрото маченце
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Таман е ради жешкото, мачоров само јаде и спие.

Вчера цел ден никој немаше дома, интересна работа.. како мјаукаше кога не виде кога се вративме, ко да плаче.

p.s. Мачорот стварно чудно спие. :)
 
Attachments

Член од
13 ноември 2008
Мислења
85
Поени од реакции
0
Не одам нит јас на плажа, туку се пржам на работа, така да јас испаѓам покутра од нив :)
:icon_frow. By the way jas si go nosev maceto so mene na odmor i super si pominavme

Таман е ради жешкото, мачоров само јаде и спие.

Вчера цел ден никој немаше дома, интересна работа.. како мјаукаше кога не виде кога се вративме, ко да плаче.

p.s. Мачорот стварно чудно спие. :)
Многу ти е финта мачорот. И мојот го имам сликано во вакви пози
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.721
Поени од реакции
22.705
Имам едно прашање...

Веќе 2/3 дена, мачево ми е слабо активно.
Јаде и пие вода нормално, врши нужда, брка и инсекти и се истрчува по малку, али у глобала некако малаксано ми изгледа, затоа што повеќе лежи (онака скорз испружено) и ко брзо да се заморува.

Можно ли е ова да е поради високите температури, или да го носам на ветернинар?

Од времето е такво..Еве и моето исто..:smir::smir:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Мачките се врзуваат за територијата и нејќат промена на навики и патување. Многу се мудри, живеат во сегашноста потполно отворени кон перцептивната стварност, имаат само нужни и неопходни потреби, вода и храна. Јас имав 1 мачка и еден мачор кои сега стнаа 4. Има многу да се научи од мачките.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Имам едно прашање...

Веќе 2/3 дена, мачево ми е слабо активно.
Јаде и пие вода нормално, врши нужда, брка и инсекти и се истрчува по малку, али у глобала некако малаксано ми изгледа, затоа што повеќе лежи (онака скорз испружено) и ко брзо да се заморува.

Можно ли е ова да е поради високите температури, или да го носам на ветернинар?
И јас мислам дека е поради големата жештина...ја се сеќавам по моите какви биле кога е топло времето-прави мрцинки, по цел ден лежење, ама навечер оди па задржи ги дома :)

Сепак, ако се сомневаш на нешто озбилно, не е лошо да си прашаш ветеринар...

Мачките се врзуваат за територијата и нејќат промена на навики и патување. Многу се мудри, живеат во сегашноста потполно отворени кон перцептивната стварност, имаат само нужни и неопходни потреби, вода и храна. Јас имав 1 мачка и еден мачор кои сега стнаа 4. Има многу да се научи од мачките.
Да, и ја ги обожавам :pipi:
 
sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
SOVET

Macorov sto si go cuvam super mi se privikna vo domasni uslovi no sovetot sto go baram od forumov se odnesuva vo vrska so pustanje nadvor.Imeno stom ke mu se pruzi prilika saka pogotovo vecerno vreme da izbega nadvor.Potoa samo se vraka no toa od moj aspekt ne e higienski.Kazete sovet sto da se pravi vo vrska so ova
 
Kajgana Shop

На врв Bottom