- Член од
- 2 јули 2009
- Мислења
- 340
- Поени од реакции
- 395
Вака имам мачор стар 2 години. Пред неколку дена еден мачор го нападна и му ја расцепи устата. Му беше отечена два дена, но немаше проблем со јадење(значи нормално си јадеше), и еве сега му помина отокот. Меѓутоа сега имам друг проблем. Еве веќе два дена само спие, не сака да излегува, очите му солзат и му се создаваат дрљи. Нормално си јаде и пие вода, само не е весел и темпераментен како што беше. Дали ова ве асоцира на нешто, мислам онака совет да ми дадете, а ако не се оправи до утре ќе го носам до ветеринар, мада немам многу верба во едиствениот ветеринар што го имаме во градот. Дали се работи за настинка и малаксаност... Ако некој имал слично искуство, ве молам пишете.