Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.016
- Поени од реакции
- 61.905
Мислам дека ова видео е фејк. Не сум сигурен, ама мислам дека ова со Кристофер Колумбо е од филмов:
http://www.imdb.com/title/tt0103594/
А второто со Џек е од Fringe, исто серија кај која еден од креаторите е Џеј Џеј Абрамс.
Погоди го филмот, дупла тема: Тој е! :pos2:
Многу фејк видеа од Лост...
Па можеби TMIB (The Man In Black) е смоуки и не „презема“ нечие тело, туку формира лажна претстава во очите на тој што го гледа. Потсети се на сцената со Бен и Алекс... Од Алекс телото е кизне каде... мртво... а смоуки направи да изгледа како неa... Исто и со брат му на Еко... Чудовиштето зема информации од нечиј човек, го „скенира“ и прави копија од него.
Ова е веројатно најрационалното објаснување. Затоа што и Волт „се појави“ кога го киднапираа, целиот воден. Ми се чини дека има пораки во тие појавувања, не е туку-така.
6.Зошто е Волт „посебен“?
- Една од најпрвите мистерии во серијата која откако се спомна тогаш како да стивна идејата за тоа дека Волт е посебен и како да сакаат продуцентите да ни најават дека не планираат да го објаснуваат тоа...
Да, тргнаа нешто ама како да се премислија. Имаа проблем со стареењето на Волт (серијата трае а детето расте

8.Дали татко му на Џек е навистина на островот или тоа е само халуцинација?
- Искрено, со ова повеќе не се замарам... Толку енигми има во серијата... Овај лик ми е веќе... избледен... без идеја... без функција... едноставно ирелевантен. Засега.
Веројатно и овој е "скениран", но мора да има некаква функција.
11.Што значат броевите: 4, 8, 15, 16, 23, 42?
- Кој че ти кажи. Мислам дека нема да објаснат на начин каков што очекуваме. Ни со нив не се замарам.
Мислам дека ова е едно од најважните прашања. Броевите се вртеа на пораката која ја слушна тимот на Даниел и така дојде на островот. Подоцна Даниел ги промени со своја порака за помош која се вртеше 16 години. Цела втора сезона поминува во внесување на броевите и лупање ентер. На ѕидот во отворот (hatch) има сонце со бројот 108 (збир од сите овие). На видеото од Дарма има порака дека двајцата лупачи на копче треба да бидат внатре 540 дена (5x108). Има некој континуитет кој не смее да се наруши... Му го загорчија животот на Хуго и на двајцата од авијацијата кои ги открија (едниот се самоуби другиот заврши во лудница). Броевите се толку важни, што ги ставив меѓу никот и аватарот. Ќе збеснам ако ми дадат некое глупо објаснување

14.Зошто е бебето на Клер значајно?
- Бидејќи пророкот рече така? Нема тука простор за предвидувања, се забегува апла од нормалното.
Рече а и даде и 6000 долари и карта за Oceanic, со тоа дека „мора да биде баш тој лет“.
Сума сумарум... Не очекувајте премногу одговори, односно не очекувајте дека ќе има епизода во која ќе излезат Линделоф и Карлтон каде што ќе речат: Островот е создаден во 5124 пред н.е од Бога бидејќи... блабла... Ќе има одговори, но не во детали, сигурен сум дека ќе ни остават простор да фантазираме.
Мора да има простор за фантазија но не смеат да остават дупки во приказната зошто ќе има бунт од масовни пропорции


И јас едвај чекам...