LOST

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    290

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Дечки како е бе, добар ли е сеуште филмов или сеуште се замотува клопчето :D
И Btw има ли шанси наскоро да почне на А1, заборавив што, како беше веќе:nesum:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
„Филмот“ почнува во Јануари 2010, на А1 подоцна.

Последно што ме израдува е веројатното враќање на Чарли, Клер, Бун и Шенон во шестата сезона. Бидејќи нема да има флеш-бекови туку се ќе се спои во една линија (така се тврди), нема да го гледаме Чарли како дух во главата на Хуго, или да гледаме репетиција на веќе одиграни сцени, туку нови оригинални сцени кои треба да дадат одговор на се она што се случуваше.

Доминик Монахан (Чарли) веќе имал средба со преговорите, а исто и Јан Сомерхалдер (Бун), кој снима друга серија, па бара простор и време да „упадне“ назад во Lost.

Метју Фокс изјави дека го знае крајот и дека тој е „тажен и прекрасен“, и дека шестата сезона ќе даде одговори на сите оние забегани нејасни линии кои се случуваа во текот на 5-те сезони. Во едно интервју, даде и еден смешен одговор на прашањето: „Што ќе се случи ако го кажеш крајот?“ Вика: „Ќе дојдат луѓе во бело комбе со маски на главите веднаш пред зградава, и никогаш нема да ме видите повеќе“.

Еве го интервјуто кој сака да си го изгледа, малку е аматерски снимано ама нема врска:

Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Има ли некој информации кога треба да почне петтата серија (мислам дека сега таа е на ред) кај нас?
-ми се гледа филмов у пм,ептен ми е погоден:smir:
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Има ли некој информации кога треба да почне петтата серија (мислам дека сега таа е на ред) кај нас?
-ми се гледа филмов у пм,ептен ми е погоден:smir:
и јас многу ги сакав изгубените ама некако ептен ја иступија во последната сезона и изгубив интерес да ги гледам
колку сезони дадоа на а1 од изгубените?
 
GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Има ли некој информации кога треба да почне петтата серија (мислам дека сега таа е на ред) кај нас?
-ми се гледа филмов у пм,ептен ми е погоден:smir:
Мислам дека ке почнат од есен со прикажување на 5та сезона,барем така беше лани и преклани.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.895
Поени од реакции
22.976
Филмот“ почнува во Јануари 2010, на А1 подоцна.

Последно што ме израдува е веројатното враќање на Чарли, Клер, Бун и Шенон во шестата сезона. Бидејќи нема да има флеш-бекови туку се ќе се спои во една линија (така се тврди), нема да го гледаме Чарли како дух во главата на Хуго, или да гледаме репетиција на веќе одиграни сцени, туку нови оригинални сцени кои треба да дадат одговор на се она што се случуваше.

Доминик Монахан (Чарли) веќе имал средба со преговорите, а исто и Јан Сомерхалдер (Бун), кој снима друга серија, па бара простор и време да „упадне“ назад во Lost.

Метју Фокс изјави дека го знае крајот и дека тој е „тажен и прекрасен“, и дека шестата сезона ќе даде одговори на сите оние забегани нејасни линии кои се случуваа во текот на 5-те сезони. Во едно интервју, даде и еден смешен одговор на прашањето: „Што ќе се случи ако го кажеш крајот?“ Вика: „Ќе дојдат луѓе во бело комбе со маски на главите веднаш пред зградава, и никогаш нема да ме видите повеќе“.

Еве го интервјуто кој сака да си го изгледа, малку е аматерски снимано ама нема врска:

За кој филм зборите за игран или за серискиот.??
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
132
Поени од реакции
3
Има ли некој информации кога треба да почне петтата серија (мислам дека сега таа е на ред) кај нас?
-ми се гледа филмов у пм,ептен ми е погоден:smir:
Кога ги контактирав А1 ми пишаа дека репризите ќе им почнат од јули, а петтата сезона од есен (најверојатно октомври)

On topic: Еве уште неколку интересни ствари од Comic Con-ов во Сан Диего...
- Откриен официјалниот постер на шестата сезона
- Десетте најголеми откритија на LOST панелот (меѓу кои две се мулти шокирачки!)
- И ко за крај видеа од хепенингот... :)

P.S. Ако не сте по спојлери не кликајте на горните линкови. :tapp:

За најдолгиот филм на светот, кој трае цели 6 години.
:pos2::pos2::pos2:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
OK, за да го пополниме времето на темава:

Читав по интернет и неверојатно е на колку многу прашања фановите очекуваат одговори во последната сезона. Чисто за да видиме што се очекуваме ние (а кога ќе заврши се разбира ќе провериме на што сме добиле, а на што не сме добиле одговор) од серијата, односно прашања на кои очекуваме одговор.

Ќе почнам со овие 15:

Сите одговори кои ги очекуваме во 6-тата сезона

1.Што е островот?
2.Што е чадот? (smoke monster)
3.Од каде доаѓаат гласовите (шепотите) кои ги слушаат?
4.Кој е Џејкоб?
5.Зошто Ричард не старее?
6.Зошто е Волт „посебен“?
7.Кој фактор е Дезмонд во шоуто?
8.Дали татко му на Џек е навистина на островот или тоа е само халуцинација?
9.Зошто има двајца Џон Лок?
10.Кои се „Адам и Ева“?
11.Што значат броевите: 4, 8, 15, 16, 23, 42?
12.Зошто сите породувања завршуваат со смрт?
13.Како се најде бродот „Black Rock“ на среде остров?
14.Зошто е бебето на Клер значајно?
15.Зошто има огромна статуа на островот?
Понатаму можете да ги копирате и да ја продолжувате листата со ваши прашања, само внимавајте да има реден број за евиденција колку се, и да не е веќе спомнато она што не копка. Исто и ако имате одговор или теорија, не срамете се... :)
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
2.Што е чадот? (smoke monster)
Чадот е заштитен механизам.
3.Од каде доаѓаат гласовите (шепотите) кои ги слушаат?
Исто и гласовите се заштитен механизам.
5.Зошто Ричард не старее?
Затоа што е слуга на Џејкоб а Џејкоб е "Бог" И му дозволува на Ричард има вечен живот. А Ричард(Рикардо) најверојатно е дојден на островот со тој бродот што го видовме на почетокот на последната епизода.
9.Зошто има двајца Џон Лок?
Епа мртвиот Џон Лок е вистинскиот Џон Лок, а живиот е противникот на Џејкоб(типот што му кажа "I'm gonna find a loop hole someday and kill you" или така нешто).
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
ОК, не се баш тие одговори што ги очекувам од серијата :). Чадот е заштитен механизам, ама што е? Како тоа се движи кај сака и се повлекува кога сака? На кој принцип работи и кој го контролира. Такви одговори очекувам (од серијата се разбира, ние не ги знаеме). Глупаво би било да заврши серијата а да останеме на тоа: Чадот е заштитен механизам.

Сега, ако е Џејкоб „Бог“ како го убија, и дали? Мора да има друго објаснување за Ричард. Една теорија велеше дека тој е дојден од сегашноста во 70-тите (Џејкоб го довел), и додека не стигне до времето од кое дошол, не старее.

А за Лок ОК, оној батката нашол loop hole, ама зошто се двајца? Ете да речеме го земал телото на Џон Лок, ама тука е телото (мртво) и овој. Се ми се чини дека тука ќе има големо изненадување, нешто што никој не го очекува...
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.604
Поени од реакции
13.302

Па можеби TMIB (The Man In Black) е смоуки и не „презема“ нечие тело, туку формира лажна претстава во очите на тој што го гледа. Потсети се на сцената со Бен и Алекс... Од Алекс телото е кизне каде... мртво... а смоуки направи да изгледа како неa... Исто и со брат му на Еко... Чудовиштето зема информации од нечиј човек, го „скенира“ и прави копија од него.

Чудовиштето = TMIB.

1.Што е островот?
2.Што е чадот? (smoke monster)
4.Кој е Џејкоб?
5.Зошто Ричард не старее?
13.Како се најде бродот „Black Rock“ на среде остров?

Овие прашања имаат едно нешто заедничко, а тоа е дека нема ништо повеќе да откријаме за нив отколку што веќе знаеме... Одиме по ред:

1. Многу специјално место.
2. Античко оружје уште од рана *стави некое име на митска цивилизација* цивилизација.
4. Многу специјален човек кој бил на Островот уште од неговото создавање можеби.
5. Затоа што Џејкоб така сакал.
13. Затоа што Џејкоб така сакал.

Понатаму ќе ги анализирам со мои мислења прашањата кои ќе имаат одговор.

3.Од каде доаѓаат гласовите (шепотите) кои ги слушаат?
- За ова стварно појма неам, мислам дека првичната замисла на продуцентите беше дека гласовите се од Другите... Ама заклучно со 5 сезона дознавме дека дури и луѓето од највисокиот ред на Другите (Ричард, Бен) едноставно појма немаат за многу битни работи од Островот.

6.Зошто е Волт „посебен“?
- Една од најпрвите мистерии во серијата која откако се спомна тогаш како да стивна идејата за тоа дека Волт е посебен и како да сакаат продуцентите да ни најават дека не планираат да го објаснуваат тоа... Ако Волт е посебен, таа посебност ја има увидено Џејкоб или TMIB и им наложил на Другите да го киднапираат оти е посебен или само сакал тие така да мислат. Така да, мое мислење е... Не е ништо посебен... Едноставно морало да се киднапира и единствено објаснување е тоа со цел Другите да не дознаваат многу работи за плановите на Џејкоб.

7.Кој фактор е Дезмонд во шоуто?
-Битен. Премногу тумачење има за неговата улога, уште од епизодата каде почна да има предвидувања за Чарли, па The Constant... Едноставно мора да е битен фактор, бидејќи сите тие работи што му се случија, му се случија само него. Нема да бидам задоволен со одговорот дека најмногу се изложил на радијација и дека најдолго бил на Островот.

8.Дали татко му на Џек е навистина на островот или тоа е само халуцинација?
- Искрено, со ова повеќе не се замарам... Толку енигми има во серијата... Овај лик ми е веќе... избледен... без идеја... без функција... едноставно ирелевантен. Засега.

9.Зошто има двајца Џон Лок?
- За ова дадов свое мислење погоре.

10.Кои се „Адам и Ева“?
- /Input any dead or alive two characters from the show who have kissed eachother. Значи, навистина... Што е тоа битно? Ќе дознаеме ваљда при крајот пошо мора некои да умрат и тоа е тоа...

11.Што значат броевите: 4, 8, 15, 16, 23, 42?
- Кој че ти кажи. Мислам дека нема да објаснат на начин каков што очекуваме. Ни со нив не се замарам.

12.Зошто сите породувања завршуваат со смрт?
- Стара мистерија, се надевам нема да ја остават и неа така, неразрешена... Т.е сигурно нема да ја остават неразрешена бидејќи ако во 4 сезона нигде не се спомна, во 5 сезона повторно се потсетивме на ова со Божицата на плодноста како статуа, и со породувањата на Џулиет кои завршија успешно.

14.Зошто е бебето на Клер значајно?
- Бидејќи пророкот рече така? Нема тука простор за предвидувања, се забегува апла од нормалното.

15.Зошто има огромна статуа на островот?
- Бидејќи Островот датира од пред илјадници, ИЛЈАДНИЦИИИИИИИ години?

Сума сумарум... Не очекувајте премногу одговори, односно не очекувајте дека ќе има епизода во која ќе излезат Линделоф и Карлтон каде што ќе речат: Островот е создаден во 5124 пред н.е од Бога бидејќи... блабла... Ќе има одговори, но не во детали, сигурен сум дека ќе ни остават простор да фантазираме.

Прашањата се секогаш повозбудливи од одговорите. Сепак за восхит е начинот на прикажување на серијата и леснотијата со која се справија со многуте мистерии.
Can't wait.

Еве интервјуа од Комик Кон на продуцентите, и на некои од актерската екипа, задолжително погледајте ги:
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Мислам дека ова видео е фејк. Не сум сигурен, ама мислам дека ова со Кристофер Колумбо е од филмов:
http://www.imdb.com/title/tt0103594/
А второто со Џек е од Fringe, исто серија кај која еден од креаторите е Џеј Џеј Абрамс.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom