Убаво, но пропушташ еден дел.
Статуата не може да биде божица во никој случај.
Хинт, види ја должината на сукњата. И со друг дебатирав за ова, затоа и ја напишав песната.
Во египетската култура не било дозволено жените да носат сукња над колена. Значи сигурно е машки бог, кој точно велиш дека не можеме да знаеме. Јас претпоставувам дека е Хорус, поврзано е со светлината, светлината е живот, светлината е онаа од Орхидејата, истата таа Орхидеја која се наоѓа на 500 метри од статуава. Значи како еден вид на заштитник е статуата. Ти претпоставуваш дека е некој друг бог и тоа е твоја теорија. Можеби си ти во право, можеби јас.
Да ги замрсам уште повеќе работите, многумина по лост форумите претпоставуваат дека лицето на статуата ќе ни биде многу познато, еден од ликовите во Лост. Целат на Џек... Јас сепак мислам дека тоа ќе биде претерано, сите Изгубени да се всушност реинкарнирани египетски богови, сето ова ми делува како ептен Јуџи-О стил.