LOST

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допадна крајот на серијата?

  • Вкупно гласачи
    291
Добро е шо не потсети :) . Јас стварно заборајв :)

Шо мислам јас... ]Дека во некоја од наредните епизоди ќе се случи тоа. Островот „ќе скокни“ во тоа време АКО ВЕЌЕ НЕ СЕ ТАМУ.
Јас мислам дека се веќе таму.Иначе и она бебето во првата сцена е некој што го знаеме најверојатно.Шарлот???
 
Јас мислам дека се веќе таму.Иначе и она бебето во првата сцена е некој што го знаеме најверојатно.Шарлот???

Најверојатно го знајме бебето :) Ама Шарлот? Можно е. Нели знај се за Dharma и рече дека цел живот го барала островот.

А мислам дека можно е бебето да е и Даниел. Зошто не ја покажаја мајката на бебето во 1. епизода? Оти сега Десмонт ко ќе ја најди мајката на Даниел ќе знаевме одма дека бебето е тој :baeh: САМО ПРЕТПОСТАВКА :)
 
Нели Фарадеј рече: Шо и да пробаш да смениш НЕМА ДА МОЖИШ. Нели истото му го кажваше во Лондон тетката (од крајот на 2. епизода) на Десмонт дека не можи ништо да промени!]

Дезмонд еднаш смена, нели со Пени, оди си врати се, на Даниел му ги покажа тие формулите/цртежите. The Constant, нели Дез, менуваше работи при секое ’’патување’’? Можеби Даниел рече дека ништо не можат да сменат, дека он сам си има испланирано нешто on his own...
 
Ама исто така му рече и на Десмонт ти си спешл. :) Му рече дека правилата за него не важат.
 
А кој ги пишал тие правила???:)

Па најверојатно Даниел :) Батето цел живот истражувал, патувал..... :)

]Најверојатно го знајме бебето :) Ама Шарлот? Можно е. Нели знај се за Dharma и рече дека цел живот го барала островот.

А мислам дека можно е бебето да е и Даниел. Зошто не ја покажаја мајката на бебето во 1. епизода? Оти сега Десмонт ко ќе ја најди мајката на Даниел ќе знаевме одма дека бебето е тој :baeh: САМО ПРЕТПОСТАВКА :)

Море ја покажале мајката на детето. Сега видов. Мy Bad :) Ама пошто се двата родители од жолта раса, најверојатно бебето е исто жолто :)

А чоек од жолта раса.... пријателот на Даниел и Шенон (не знам како се викаше ) :)
 
Ooooфффф леееее ќе има ли крај серијава некад.
Се си мислам дека нема.

Ова интересно е со патување низ времето. Ама ајде еднаш патуваа кога го сврте Бен тркалото. Али постојано сега си се менува времето самото. Зашто? :) Доста ќе беше да отидоа во иднината или сегашноста и толку. Вака се се испреплетува. Не се знае што е што. Мора вајда да има причина кога да се движи времето...
Али ајде ќе го чекаме крајот. Сме гледале до сега ќе издржиме уште година и нешто :pos:.
А која е таа жената со бела коса. Во месарницата и во црквата што беше? Се појавила до сега во филмот?
 
Тоа се две различни жени. Таа во месарницата мислам дека прв пат се појавува, а таа во црквата се појави во една епизода, Desmont ко почна да патува низ времето. Кога беше Desmont во Лондон и се обиде да го смени минатото, а таа му рече дека како и да проба нема да успее.
 
Ooooфффф леееее ќе има ли крај серијава некад.
Се си мислам дека нема.

Сме гледале до сега ќе издржиме уште година и нешто :pos:.

Верувај, штом улета time travel ефектот, тек сега нема да се знае кој пие кој плаќа.

Она што треба да го добие публиката за да го задржи вниманието на ова ТВ Шоу е едноставно - малку одговори. Некако ја претргавме четвртата сезона со надеж дека колку - толку нешто ќе се разјасни. Тикви.

И понатаму истите реплики кои беа интересни на почетокот:

Прашање: објасни ми го ова?
Одговори: незнам; знам ама немам време сега; и да ти кажам не би сватил...

Колку и да сум фан на шоуто, што е многу - многу е. Беа планирани 6 сезони што е по мене премногу. Време е да се приврши пред да се уништи добриот почеток.

Вредеше се додека траеше мистеријата со “Другите“. Имаше тензија, напнатост, емоции... Кога едните и другите станаа едно те исто, тргна се по ѓаволите...
 
Вака сеа, ако може некој да ми даде линк за торент да ги download сите 3 епизоди.
Плус, ако може и превод на истите нив, и кажете ми кој превод за која епизода е, и на кој јазик.:wink:
 
А не ќе е многу поедноставно тој шо не ја гледал новата епизода воопшто да не ја посетвит темава дур не ја изгледат???Бар јас така праев пред да го смислите ова со црнилава.:toe:
Црнилата ќе ги тргнам кога ќе излезе нова епизода. Значи, на секоја нова епизода старите ќе ги тргам.
Точно е да, оној што не ја гледал да не влегува во темава. Мене ми е за оние што бараат овде торенти, преводи и слично. Затоа до наредната епизода додека излезе овие стариве ќе ги оставам, па потоа ќе ги тргнам за да има убава прегледност наназад.
Ама оние спојлери што се вести за наредните епизоди или сезони ќе ги оставам така.

Он топик - стигнав да ја изгледам само првата епизода. Мислам дека ова беше многу послаб почеток отколку оној што го имаше третата сезона. Премногу ги измешаа работите, не се знае кој јаде, кој пие.
Незнам како сценаристите сеуште тврдат дека за се ќе има логично објаснување.

Ликот на Џек, кој во првите три сезони владееше и беше во центарот на сите случувања - сега некако се изгуби.
Соер ја зеде неговата улога на островот.
Приказната со Кејти во иднина со Арон, сега што ја следиме ми е премногу досадна. Исто и онаа со кореанката.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom