Денес писател може да биде секоја будала!

JuveFan

Џабарлак
Член од
11 мај 2006
Мислења
918
Поени од реакции
7
Дудлањето не ми е јака ствар ама... изгледа дека кога човек погрешно чита можи и погрешно да напише... ама сепак првата реченица што ја напиша срцуфка е причината за тоа што го напишав.
Човек што знае да пишува и што не се служи со простачки изрази е само едно дело кое ќе остане во потрковјето со паежините.
п.с. убаво ми стои ова дудлањето :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Човек што знае да пишува и што не се служи со простачки изрази е само едно дело кое ќе остане во потрковјето со паежините.
п.с. убаво ми стои ова дудлањето :)
Е тоа е веќе напишано на место... а дудлањето ти закон, ти реков, само како фан на Јуве тешко да ќариш нешто :pos:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
sekoja budala moze da bide pisatel, posto samo takvi pisateli se citaat, a napises nesto pametno ke te svatat dvajca trojca i tolku, a apocni da treses gluposti ke te citaat site.
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Има право Acid мораш да си будала ако сакаш да бидеш добар писател. До сега не сум слушнала некој нормален, за мене монотон човек, да напише некоја добра книга. Треба малку да имаш имагинација, фантазија и пошироки гледања, за да создадеш нешто интересно. И до некаде...секоја книга има своја убавина...без разлика колку на тебе ти изгледа грда, досадна и неинтересна, сепак сигурно ќе се најде некој на светов на кого што ќе му се допадне.:)
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
можеби тие што тврдат дека секоја будала може да биде денес писател се во право но само во многу многу многу мал дел,јас би рекол дека секоја будала може да биде само будала,додека будалата не може да биде писател,точно е дека писателите посебно поетите се понапред во некое друго време,па и никогаш во своето време не биле сватени разбрани или било како,јас повеќе би рекол дека дарбата за пишување повеќе е терет отколку талент,што би рекле старите проклество,да можеш да видиш нешто што другите не можат,да можиш да почуствуваш што другите не можат,а сето тоа откако ќе го видете треба да го напишете во неколку стихови или реченици,можеби тие што ја имаат дарбата да пишуваат ,ја немаат дарбата да изградат ракета,да нацртаат план за куќа,но сепак ја имаат дарбата да напишат,сететесе сепак колку пишани дела биле инспирација за денешниве работи кои ги имаме,а се пишуване да речеме пред тоа 20,50,100,години.затоа квалификувањето на луѓето кои пишуваат дека се будали е премногу несериозно.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
можеби тие што тврдат дека секоја будала може да биде денес писател се во право но само во многу многу многу мал дел,јас би рекол дека секоја будала може да биде само будала,додека будалата не може да биде писател,
точно е дека писателите посебно поетите се понапред во некое друго време,па и никогаш во своето време не биле сватени разбрани или било како,јас повеќе би рекол дека дарбата за пишување повеќе е терет отколку талент,што би рекле старите проклество,да можеш да видиш нешто што другите не можат,да можиш да почуствуваш што другите не можат,а сето тоа откако ќе го видете треба да го напишете во неколку стихови или реченици,можеби тие што ја имаат дарбата да пишуваат ,ја немаат дарбата да изградат ракета,да нацртаат план за куќа,но сепак ја имаат дарбата да напишат,сететесе сепак колку пишани дела биле инспирација за денешниве работи кои ги имаме,а се пишуване да речеме пред тоа 20,50,100,години.затоа квалификувањето на луѓето кои пишуваат дека се будали е премногу несериозно.
Првото болдирано - си го гледал Форест Гамп во брзо време? Зашто така личи реченицава. :)

Второ болдирано - Кога имав дванаесетина години, мајка ми на која и ги читав работите што ги пишував беше прилично критична кон мене. Се вадев со истите зборови, генијалците се пред своето време. Вистината е дека жената само ми помогна да не се задоволам со смешки, а и била искрена. U dig what I say? :)
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
како прво појман немам кој е тој форест гамп и едноставно незнам за што зборувал за да сега го споредуваш моето мислење со него,второ тоа што си пишувал е добро,но ако одиме во контекс на темата и ти тогаш свајќаш дека си во редот на оние за кој мислат многумина од дискутантите од оваа тема,трето и жил вер немал појма за подморница и триста други работи па го напишал романот,и сега да не ти редам тука стотици други примери,а сепак јас би рекол дена нема лошо дело има само лошо прочитано дело или уште полошо разбрано дело.за тоа што некој кој читаат но неможат да го сватат тоа што го прочитале не се криви писателите.

е сега за крај виктор г, види колку е паметна природата,кога си имал дванаесет години си пишувал,самиот си признаваш,но изгледа дека природата многу добро проценила дека не го заслушуваш тој дар па едноставно ти го зела и оставила да бидеш во редот на поголемиот број дискутанти кој само одат во една слепа улица и слушаат другите што им кажуваат
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
како прво појман немам кој е тој форест гамп и едноставно незнам за што зборувал за да сега го споредуваш моето мислење со него,второ тоа што си пишувал е добро,но ако одиме во контекс на темата и ти тогаш свајќаш дека си во редот на оние за кој мислат многумина од дискутантите од оваа тема,трето и жил вер немал појма за подморница и триста други работи па го напишал романот,и сега да не ти редам тука стотици други примери,а сепак јас би рекол дена нема лошо дело има само лошо прочитано дело или уште полошо разбрано дело.за тоа што некој кој читаат но неможат да го сватат тоа што го прочитале не се криви писателите.
Како прво, Форест Гамп е едно исклучително надарено момче, но не ме потсеќа на тебе иако речениците ви беа слични... разликата е во тоа што тој сфаќа на кој стадиум е, а ти не.

Како второ, неможеш да се споредиш со Жил Верн па макар да си десет илјади милји под морето и никој не те слуша и гледа. Неговата уметност секогаш била призната, неговиот правец на размислување бил земан за длабока научна фантастика. А тоа не е темата тука нели.

Како трето, да, свесен сум дека темава е наменета и за мене ако ме земеш мене како писател. Само што, јас не сум тој кој ги кити своите текстови со слики, ниту имам своја тема како да сум голем автор. Ти си. Па сега ти пресметувај. :)
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Сметам дека писателите се лица кои имаат огромна фантазија и живеат во свој свет со сопствени правила, но се лица со огромни познавања и доволно се паметни.
Воопшто не ги сметам за будали. Тоа ми е некако глуп збор за да ги наречам писателите.

Притоа се е до вкус. Ако за некои одреден писател е бидала за друг е совршен писател и обратно.
Така да како што има различни вкусови за литература постојат и огромен број на писатели но ниеден од нив не е будала. Секој си има свои читатели.

Е сега има и лица кои не се писатели а се ставаат во тој кош на уметници. А други па не ни имаат читатели свои и тие не се ни писатели според мене. Не верувам дека големите писатели пишуваат за себе, него пишуваат за да ја споделат својата имагинација со светот.
 
Член од
29 мај 2008
Мислења
118
Поени од реакции
7
како прво немам обичај да се симнувам на ниво на кое што си ти,но сепак еве ќе направам исклучок,
тоа што си модератор мислам дека не ти дава право кога некој ке ти ја каже вистината,а таа тебе ќе те заболи ти да возвраќаш со навреди,но ќе ти повторам тоа што се симнувам на твоето ниво е исклучок,
за момчето форест грен не можам да коментирам бидеќи навистина не ми епознато (ова ти фо повторувам)што пишува .
тоа што јас си ги китам како што велиш моите текстови со слики сепак е некоја креација,значи сепак нешто креирам(не како тебе да навредувам )
втори никогаш никаде и не сум кажал ни пак се чустувам голем или мал писател,
да се биде во македонија писател прво треба добар период од животот да се лигавам кај една мала група,(нека ми простат сите вистински Македонски писатели)јас не сум од тие кој имаат обничај да се лигават,значи не сум писател,потоа не сум финансиски поткован(немам богати родители кој ќе ги исполнуваат сите мои будалести хирови),значи и по тој основ неможам да бидам писател,и на крај краеви денес во македоија има илјадници кој пишуваат песни и ги ставаат на слики,значи и тие се некоја глупава група,и за крај немам неое богзнај какво образовани но сепак размислувам со своја глава,и не се служам со речник кој претежно се служат исфрустрираните типчиња,кој пола ден поминуваат на форуми а потоа останатиот ден го поминуваат во гламурозни кафани каде меѓусебно се фалат демек кој е кој попметет
и за крај ми се чини дека понатамошната дискусија би била бесполезна и јалова.
(ако го избришиш мислењето ќе ми докажиш и мене и на другите дека сепак за некои работи сум во право)
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Ех,луѓе! По оваа ваше кажување и јас сум будала:pos2:
Но и будала сум штом пишувам,што моите емоции ги искажувам,штом моите најдлабоки чувства на некој начин ги откривам...можеби треба да се заклучам длабоко во себе,или себично својот свет на фантазии и мечти да ги сокријам и белина да не видат?
Сепак нема да сум толкава будала.Да издадам книга,да се издадам на толку голем трошок и иста таа книга да се најде поголема будала и од мене па да ја прочита...а коментарот...их види ја оваа будала пишува,глупости...
Но, тоа ќе е од завист,не за друго,луѓето или неумат или се срамат,се плашат своите емоции да ги искажат...па мислам дека попрво им недостасува љубов кон себе,а потоа кон другите.
Не ме навредува тој збор„будала„да знаете и ретки се тие будали кои пишуват искрено, со љубов и емоции:toe:
Е,само да знаете каква будала би била кога би имала доволно пари...Веднаш ќе издадам книга:pos2:па нека бидам и најголема будала на светот.

Поздрав до сите клеги по перо:helou:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
втори никогаш никаде и не сум кажал ни пак се чустувам голем или мал писател,
да се биде во македонија писател прво треба добар период од животот да се лигавам кај една мала група,(нека ми простат сите вистински Македонски писатели)јас не сум од тие кој имаат обничај да се лигават,значи не сум писател,потоа не сум финансиски поткован(немам богати родители кој ќе ги исполнуваат сите мои будалести хирови),значи и по тој основ неможам да бидам писател,и на крај краеви денес во македоија има илјадници кој пишуваат песни и ги ставаат на слики,значи и тие се некоја глупава група,и за крај немам неое богзнај какво образовани но сепак размислувам со своја глава,и не се служам со речник кој претежно се служат исфрустрираните типчиња,кој пола ден поминуваат на форуми а потоа останатиот ден го поминуваат во гламурозни кафани каде меѓусебно се фалат демек кој е кој попметет
и за крај ми се чини дека понатамошната дискусија би била бесполезна и јалова.
(ако го избришиш мислењето ќе ми докажиш и мене и на другите дека сепак за некои работи сум во право)
:) Чернодримски, ти си прекрасен, искрено. Но сепак, како што викаше Аристотел, драг си ми Чернодримски, ама вистината ми е подрага.

Види, да се биде писател во Македонија, и секаде во светот, треба да се има одлично дело, со кое ќе се претставиш себе си како уметник. Горан Стефановски никому не му лиже, ниту Венко, ниту Петре Андреевски му лижеше, или да не зборуваме за Блаже и Кочо.
Проблемот е што кај нас луѓето мислат дека се писатели со повеќе напишани книги зад себе од прочитани.
Исто така книга не се издава врз база на тоа колку пари има тато, туку врз база на тоа дали те бива. Малиот Букарски а.к.а Александар Симоновски (ми се чини), не плати ни денар за делото “Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ а беше издаден, бидејќи се избори за тоа, покажа талент, покажа смисла за уметник, се служеше со провокација, со стил кој веќе успеал во светот, беше на некој начин посебен на нашите простори ако не во светот. Мене искрено не ми се допаѓа неговиот стил, но кој сум јас да судам нели?
Во секоја издавачка куќа, ако ракописот навистина вреди ќе го издадат од свој џеп издавачките куќи, но кај нас тоа е ретко.

Извини ако те навредив, знам по некогаш да се опуштам на форумот, само тоа почесто го правам на другите подфоруми, не во својот. Мислењата секако нема да ти бидат избришани додека не прекршиш некое правило, форум значи слобода на говор, и цензура нема, освен во поедини случаи, што не е овој. :helou:
Даки напиша:
Сепак нема да сум толкава будала.Да издадам книга,да се издадам на толку голем трошок и иста таа книга да се најде поголема будала и од мене па да ја прочита...а коментарот...их види ја оваа будала пишува,глупости...
Но, тоа ќе е од завист,не за друго,луѓето или неумат или се срамат,се плашат своите емоции да ги искажат...па мислам дека попрво им недостасува љубов кон себе,а потоа кон другите.
Не ме навредува тој збор„будала„да знаете и ретки се тие будали кои пишуват искрено, со љубов и емоции
Е,само да знаете каква будала би била кога би имала доволно пари...Веднаш ќе издадам книгапа нека бидам и најголема будала на светот.

Поздрав до сите клеги по перо
Па, во право си до некаде, луѓето знаат од љубомора да кажат “будала“ “идиот“ “сељак“ “кретен“ “морон“ “дебил“ “опинок“ “шупак“ итн. Но штосот е дека само оние кои ти се во блиско опкружување и пар други луѓе кои ќе налетаат на напишаното ќе речат дека е добро. Оние кои се критичари, и оние кои се уживатели на квалитетен збор, и уживаат во одлични автори, односно мнозинството на квалитетни конзументи на тоа дело ќе го окарактеризираат како катастрофа... и тогаш е најдобро да знае човек на кое рамниште е.
Тоа е како работата на Трифун Костовски, чија цел град ја оценува како дебакл освен оние неколку вработени кај него и полтрони, а тој токму според нив ја оценува како добра. Слепило се вика тоа. Но американците имаат прекрасна реченица за таа ситуација, ignorance is bliss.

Сепак, ако тебе ти е задоволство да го сториш тоа, и да издадеш книга, секако оди до крај, но биди свесна дека можеш да се соочиш со непријатни ситуации повеќе од убави. Не се чуди зошто е тоа така. еден Коељо секојдневно добива илјада погрдни зборови, што остана за малите луѓе по заработка.

п.с. На форумов мислам дека не можеш да поздравиш никој со реченицата “колеги по перо“, пред се` затоа што не пишуваат писатели, а дали читаат само не знам, можно е, па ако ти е тоа некаков имагинарен поздрав, платонски, тогаш не се мешам, се` што те прави задоволна.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Ах,Виктор(и мојот син се вика Виктор:helou:)се ми е јасно.Што мислиш дека тој пат не го пројдов(и сеуште го проаѓам)пат на критики,а за омаловажувања и сарказам да не зборам...се замислуват како мали богови на оваа планета,а само да знаеш колку се мали во мојата душа...а ќе видат тие кога ќе станам познат писател:pos2:(се шалам,не патам од висок комлекс)
Јас гледам од хуман аспект.Од продадени книги би можело да се донира на сиромашни,да им се помогне на најзагрозените,на децата без родители...знам,знам дека тоа е утопија,но јас таква желба имам по одамна.

П О К А Н А

Ве поканив на вечера,
не дојдовте
проколнета сум
не крстено дете сум.
Сотона ми е кум
мојата душа е проколнета
испеаната песна не ја слушнавте
не е за вашите уши.
Тишина зборува
мојата душа е празна
ЈАС СУМ ПОЕТ
ДАЈ ТЕ МИ ДРУГО ИМЕ.

Даница Петровска

Ако песната не припаѓа на оваа тема избришете ја.

Онаа за „поздрав поети„ е чисто платонски.

Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom