втори никогаш никаде и не сум кажал ни пак се чустувам голем или мал писател,
да се биде во македонија писател прво треба добар период од животот да се лигавам кај една мала група,(нека ми простат сите вистински Македонски писатели)јас не сум од тие кој имаат обничај да се лигават,значи не сум писател,потоа не сум финансиски поткован(немам богати родители кој ќе ги исполнуваат сите мои будалести хирови),значи и по тој основ неможам да бидам писател,и на крај краеви денес во македоија има илјадници кој пишуваат песни и ги ставаат на слики,значи и тие се некоја глупава група,и за крај немам неое богзнај какво образовани но сепак размислувам со своја глава,и не се служам со речник кој претежно се служат исфрустрираните типчиња,кој пола ден поминуваат на форуми а потоа останатиот ден го поминуваат во гламурозни кафани каде меѓусебно се фалат демек кој е кој попметет
и за крај ми се чини дека понатамошната дискусија би била бесполезна и јалова.
(ако го избришиш мислењето ќе ми докажиш и мене и на другите дека сепак за некои работи сум во право)
Чернодримски, ти си прекрасен, искрено. Но сепак, како што викаше Аристотел, драг си ми Чернодримски, ама вистината ми е подрага.
Види, да се биде писател во Македонија, и секаде во светот, треба да се има одлично дело, со кое ќе се претставиш себе си како уметник. Горан Стефановски никому не му лиже, ниту Венко, ниту Петре Андреевски му лижеше, или да не зборуваме за Блаже и Кочо.
Проблемот е што кај нас луѓето мислат дека се писатели со повеќе напишани книги зад себе од прочитани.
Исто така книга не се издава врз база на тоа колку пари има тато, туку врз база на тоа дали те бива. Малиот Букарски а.к.а Александар Симоновски (ми се чини), не плати ни денар за делото “Луѓе на кои не им се отвора падобранот“ а беше издаден, бидејќи се избори за тоа, покажа талент, покажа смисла за уметник, се служеше со провокација, со стил кој веќе успеал во светот, беше на некој начин посебен на нашите простори ако не во светот. Мене искрено не ми се допаѓа неговиот стил, но кој сум јас да судам нели?
Во секоја издавачка куќа, ако ракописот навистина вреди ќе го издадат од свој џеп издавачките куќи, но кај нас тоа е ретко.
Извини ако те навредив, знам по некогаш да се опуштам на форумот, само тоа почесто го правам на другите подфоруми, не во својот. Мислењата секако нема да ти бидат избришани додека не прекршиш некое правило, форум значи слобода на говор, и цензура нема, освен во поедини случаи, што не е овој. :helou:
Даки напиша:
Сепак нема да сум толкава будала.Да издадам книга,да се издадам на толку голем трошок и иста таа книга да се најде поголема будала и од мене па да ја прочита...а коментарот...их види ја оваа будала пишува,глупости...
Но, тоа ќе е од завист,не за друго,луѓето или неумат или се срамат,се плашат своите емоции да ги искажат...па мислам дека попрво им недостасува љубов кон себе,а потоа кон другите.
Не ме навредува тој збор„будала„да знаете и ретки се тие будали кои пишуват искрено, со љубов и емоции
Е,само да знаете каква будала би била кога би имала доволно пари...Веднаш ќе издадам книгапа нека бидам и најголема будала на светот.
Поздрав до сите клеги по перо
Па, во право си до некаде, луѓето знаат од љубомора да кажат “будала“ “идиот“ “сељак“ “кретен“ “морон“ “дебил“ “опинок“ “шупак“ итн. Но штосот е дека само оние кои ти се во блиско опкружување и пар други луѓе кои ќе налетаат на напишаното ќе речат дека е добро. Оние кои се критичари, и оние кои се уживатели на квалитетен збор, и уживаат во одлични автори, односно мнозинството на квалитетни конзументи на тоа дело ќе го окарактеризираат како катастрофа... и тогаш е најдобро да знае човек на кое рамниште е.
Тоа е како работата на Трифун Костовски, чија цел град ја оценува како дебакл освен оние неколку вработени кај него и полтрони, а тој токму според нив ја оценува како добра. Слепило се вика тоа. Но американците имаат прекрасна реченица за таа ситуација, ignorance is bliss.
Сепак, ако тебе ти е задоволство да го сториш тоа, и да издадеш книга, секако оди до крај, но биди свесна дека можеш да се соочиш со непријатни ситуации повеќе од убави. Не се чуди зошто е тоа така. еден Коељо секојдневно добива илјада погрдни зборови, што остана за малите луѓе по заработка.
п.с. На форумов мислам дека не можеш да поздравиш никој со реченицата “колеги по перо“, пред се` затоа што не пишуваат писатели, а дали читаат само не знам, можно е, па ако ти е тоа некаков имагинарен поздрав, платонски, тогаш не се мешам, се` што те прави задоволна.