Тренерот на Работнички има огромни замерки и на начинот на кој бил организиран мечот.
- Во Кавадарци бевме изложени на добро организиран притисок.
Зад нашата клупа имаше група навивачи на Фени И., кои постојано нè навредуваа и удираа по заштитната ограда. Неколкупати реагиравме и баравме заштита од редарите, но тие останаа неми на нашите барања.
Дури и два пати се заканив со напуштање на средбата, но и тоа беше попусто. Згора на тоа, кај се видело да има публика на теренот, која постојано викаше по судиите. Тоа во Кавадарци, за жал, беше реалност. Вака не се први кошарка - додава тренерот на Работнички.
Забелешки на судењето на третиот финален меч имаше и Горан Костовски, спортскиот директор на Работнички.
- Судењето во Кавадарци воопшто не беше наивно, напротив, тоа беше крајно префригано. С
удијата Марјан Мицевски наметна за нас кобен критериум според кој уште во првата четвртина имавме 12 лични грешки и двајца играчи со три прекршока. Кошарката во Македонија не се игра за судиите. Нема да дозволиме титулата да биде доделена на диригиран начин.
Ако е договорено Фени И. да биде шампион нека ни кажат за да не се мачиме понатаму - кажа Костовски.
За тоа колку судењето влијае врз дуелите помеѓу Работнички и Фени И. директорот Костовски повлече паралела на средбите од домашното првенство и Балканската лига (БИБЛ)
- Кога игравме во полуфиналето од БИБЛ, на неутрален терен со неутрални судии, го победивме Фени И. со 38 поени разлика. Сега, ситуацијата е многу поразлична. Дали мислите дека е тоа случајно? - дополни Костовски.
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=2&EditionID=406&top=1&ArticleID=25723