m.Uslugi - дигитален паричник (дигитална лична карта / возачка дозвола)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
возачката ја поставив уште пред министеров да ја даде изјавата и испадна дека си играст QR-от со нас (да знаев дека нема да може да се користи нит ќе ја симнував апликацијата нит ќе поставував документ, сега касно е) мме хохштаплерско
 
На Малта веќе некое време е во употреба eID и е баш супер алатка. Овозможува пристап до лични документи. Дали било тоа извод од матично, копија од венчаница, разно разни дозволи од општина, болнички упати и останато. Скоро се е достапно на интернет и нема потреба да се оди по шалтери и да се чека во редови.
Не знам каква е замислата на Владата и која е целта на ова, но ако се овозможи пристап до документи за кој треба да се иде по тоа усмрдените институции и да се мољакаат кадри на ВЛЕН и ДУИ за нешто твое, мислам дека ќе биде полн погодок.
А и редно време е да се дигитализираат тие инстутиции.

Конкретно во Македонија, воведување на вакво нешто ќе го намали бројот на партиски лешинари кои направија тон пари за завршување документи преку врски и значително ќе го намали сообраќајниот метеж околу центарот на градот.
 
Пасошите веќе одат во минатото полека, никој веќе печати не става во ЕУ, така да ова ќе биде нешто што ќе треба да се навикнеме.
 
Не мислам ништо да симнувам пошто за онакво ќе ми е очигледно. Битно тендерче некој си лапна за апликацијата која е бескорисна.
мора да се штанцаат пари од вадење документи.
Плус шо знаете, може ќе го вратат името, па ќе мењаме пак документи. Може ќе ни додадат уше нешто на именцето.

Ќе треба да се штанцаат пластичиња уште малце.
 
Додека не не чипираат и сите лични податоци и документи не ни ги вметнат во чипот не планирам ништо да инсталирам.
Најдобро ќе биде со скенирање на рожницата од окото сите податоци да ги имаат од нас што се вметнати на чипот.
 
Скенирање на рожницата веќе постои. Но и тоа (скенирањето) е само „преодна фаза„ кон она конечното, односно масовно чипирање на гоимите, па никој кој нема да му се поклони на кнезот од овој Свет, нема да може да купува и продава.

Нашата власт (постепено) не‘ подготвува токму за тој „настан, секако убедувајќи не‘ дека не‘ носи кон „светлата ЕУ будуќност„, следејќи ги трендовите наметнати од нејзините газди и технотроните богови.
 
На Малта веќе некое време е во употреба eID и е баш супер алатка. Овозможува пристап до лични документи. Дали било тоа извод од матично, копија од венчаница, разно разни дозволи од општина, болнички упати и останато. Скоро се е достапно на интернет и нема потреба да се оди по шалтери и да се чека во редови.
Не знам каква е замислата на Владата и која е целта на ова, но ако се овозможи пристап до документи за кој треба да се иде по тоа усмрдените институции и да се мољакаат кадри на ВЛЕН и ДУИ за нешто твое, мислам дека ќе биде полн погодок.
А и редно време е да се дигитализираат тие инстутиции.

Конкретно во Македонија, воведување на вакво нешто ќе го намали бројот на партиски лешинари кои направија тон пари за завршување документи преку врски и значително ќе го намали сообраќајниот метеж околу центарот на градот.

Не функционира тоа така. Сега и таа малку работа што ја работеа и таа ќе ја немаат и воопшто нема да одат на работа или ќе станат уште толку профи во кантер.
 
Ке го напишам истото што го пишав и на фб. Моментално m.uslugi има повеке корист од тие лични карти и возачки дозволи, отколку што граѓаните имаат корист од m.uslugi.

Сега, личните картки и возачки служат само за верификација кај m.uslugi т.е. кога сакате да извадите некој документ, а моментално се достапни само 3.

На пример преку сајтот услуги.гов може да се извади и потврда за неосудуваност онлајн, ама се уште не може преку апликацијата.

Личната карта и возачката дозвола се без слики на m.uslugi апликацијата и не важат за ништо друго освен за верификација на m.uslugi кога вадите документ, исто како на шалтер кога вадиш M4 за стаж па тој на шалтер ти вика дај лична. Епа ова истото е сега, ама у дигитална верзија.

Сеедно на сајтот uslugi.gov може да се завршат повеќе услуги отколку на апликацијата и стварно не знам зошто на апликацијата има само 3 документи.
 
Интересно е да се види каква е практичната употреба од страна на корисниците – дали имаше случаи каде дигиталната карта е била прифатена за плаќање или идентификација? Сепак, важно е да се има предвид дека некои институции можат да бараат физички документи за потврда. Ако се случи таков случај, најдобро е да имаш и дигитална, и пластична копија при себе.
 
Ти изгледа не ме прочита мене? Практичната употреба на дигиталните документи важи само за m.uslugi и за ништо друго. Нема слики за идентификација на тие дигитални лични карти и возачки.
 
Можеби во блиска иднина ќе поработаат на mUslugi да има повеќе функции.

Убаво би било за важни документи да може да имаш пристап.
Ова е добро што има простор многу работи да овозможат да се додаваат во самата апликација но прашање е колку се луѓето заинтересирани за да ја користат а има и дел стара генерација од време на титови пионери што не користат телефони од нова генерација со интернет апликации, уште користат таквите телефони само за основното зборење преку него.
 
Back
На врв Bottom