Зошто ние како општество губиме од таквиот менталитет. Кога тој mindset преовладува, тогаш државите се приморани да ги одложуваат тешките одлуки и да носат популистички (ќе ја покачиме минималната плата) кои се повеќе не закопуваат на долг рок. Така да наместо да се справиме со проблемите сега, ние ги одложуваме за утре (нема политичар во МК што ќе рече дека нема да го покачи минималецот). Па така за 15-20 години ќе имаме многу посериозни проблеми.
Мислам ова не е проблем само во МК, еве и во Западна Европа имаат слични проблеми (пример Франција во моментов).
Во Собрание не помина предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, што ќе каже дека во Македонија има политичари кои не сакаат да се качи минималецот. Кај нас се качува минималната плата еднаш во годината, во март. Пензиите се кажуваат два пати во годината, околу март и околу септември.
Минималната плата, сдс, неколку пати многу вештачки ја зголеми. Чисто популистички, без да се мисли на економските последици од овие одлуки. Па види што си можел пред 10 години да купиш со 25.000 ден, а што денес. Платата е интерен трошок, кој мора да се компензира од услугата, суровината или (полу)производот кој се пласира на пазарот, што значи по автоматизам се покачува цената и си има домино ефект.
И пак ќе повторам нешто, во пазарот доминираат малите и средните претпријатија, околу 90%, и да, имаат релативно краток животен век. Што ќе рече до 5 вработени. Голем финансиски товар е вештачкото зголемување на платата, што се одразува и на бруто и на нето издатокот. И да, зголемување на истата ги влече нагоре и останатите плати, мора да има разлика во платите меѓу различните работни позиции.
Секогаш ќе има минимална плата, независно дали државата ќе биде регулатор или не. Кога е регулатор, може со закон да стави рамка, пр. 30.000 ден, и никој нема да смее да исплата плата под овој износ. Ако не биде регулатор, ќе има работници кои ќе работат и под тие 30.000, што ќе биде општествениот стандард за минимална, најниска плата. Прашањето е дали државата, во капитализмот, треба да се меша.
Не сум против зголемување на минималната плата, меѓутоа истото мора да се прави брз база на одредени параметри. Како се качува платата, општо, така ќе расте и потрошувачката кошничка.
Секој треба да си го цени својот труд, и да, обично првото работно место ти е за учење, како приправник земав 6-8.000 денари. Ако не учиш, тогаш треба да заработуваш, што ќе значи мора да имаш одреден минимален критериум. Истото не значи дека треба да се прецениш, па да не можеш да најдеш работа, сепак почнуваш со нула стручни квалификации односно нула работно искуство. Треба да стекнеш работни навики, па потоа да се искачуваш кон пирамидата. Ова, пред сѐ, се однесува на општествено одговорните професии, каде твоето отсуство на знаење, вештини и квалификации може да причини туѓа (значителна) имотна штета, па и да има реперкусии по здравјето и животот.
И друг пример, за некое безвезе работно место, пр. референт, ти треба минимум средно образование и најчесто една година работно искуство. За пратеник вакви предуслови нема. Истото се однесува и за (заменик)министерите и в.д. директорите. Ќе те стават/изберат и да си најглупиот човек на планетата, битно е да си верен и послушен на партијата.
Задоволен сум од платата, од примањата, сум влегол на место кое е шаблон, свесен дека ќе работам во таа рамка, без можност и никогаш да не бидам унапреден. Тоа е ризикот, на плус страната е сигурноста на работното место, како и редовната плата, нешто кое кога работев приватно го немаше.