Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 60: Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи)

Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако... (види наслов)

  • Вкупно гласачи
    33
Се согласувам дека не треба да очекуваат но имам што да кажам тука.
Прво, вака поставена, воопшто не е контраверзна, нема некое наметнување или укинување на нешто што ја прави контраверзна, демек, идеш на таков му викаш: Не треба да очекуваш да преживееш на минималец брат, он ти вика: ОК, и пак законски му следува минималецот. Повеќе би било у насока дали да се укине минимална плата. Но твое е шоуто, ја само сугерирам.
Второ, на минималец е буквално тоа, преживување, ако тоа не мотивира еден човек да најде подобро и да се надградува, нема ние да го натераме. Демек ако живот не те натера, нема Петко од улица да те натера.
Трето, мора да има и такви луѓе, ако сите сме директори, кој ќе служи кафе и кој ќе мете улици?
Секогаш можеш да почнеш со метење на улици. Ако сакаш цел живот да метеш супер, ама не очекувај дека ќе можеш да живееш.
Тие работи треба да бидат за млади луѓе, како нивна прва работа.
Интересно е што ако луѓето го прифатат овој mindset, тогаш најверојатно платите и на тие позиции ќе растат.

Иначе да, можеби треба да пишеме нешто во стилот: минималната плата не треба да постои (затоа што и тоа е еквивалентно со ова што го пишав).
Се слагам и мислам не е контроверзно. Ако можеш да напредуваш таму кај што си почнал, добро. Ако не, се до/преквалификуваш и си идеш.

Можда во комунизмот ова би било контроверзно, затоа и претежно постарите го гледаат со скепса, мислат со денешните 25000 цел живот ќе тераш.
За жал многу луѓе сеуште размислуваат вака кај нас, сум имал жестоки дискусии во живо на темата :D
 
Се согласувам дека не треба да очекуваат но имам што да кажам тука.
Прво, вака поставена, воопшто не е контраверзна, нема некое наметнување или укинување на нешто што ја прави контраверзна, демек, идеш на таков му викаш: Не треба да очекуваш да преживееш на минималец брат, он ти вика: ОК, и пак законски му следува минималецот. Повеќе би било у насока дали да се укине минимална плата. Но твое е шоуто, ја само сугерирам.
Второ, на минималец е буквално тоа, преживување, ако тоа не мотивира еден човек да најде подобро и да се надградува, нема ние да го натераме. Демек ако живот не те натера, нема Петко од улица да те натера.
Трето, мора да има и такви луѓе, ако сите сме директори, кој ќе служи кафе и кој ќе мете улици?
Муабетот е дека тој што служи кафе, треба да си го свати тоа како работа за некој период во животот. Што и е така до негде, треба да имаш прогресија низ животот.

Проблем е што има работи кој се за цел живот каде платата е многу блиска до минималец - пример наставник по Физика во школо. Идеално треба да ја работиш таа работа цел живот, без некоја прогресија, и да имаш колку толку нормални примања со тоа.
 
Секогаш можеш да почнеш со метење на улици. Ако сакаш цел живот да метеш супер, ама не очекувај дека ќе можеш да живееш.
Тие работи треба да бидат за млади луѓе, како нивна прва работа.
Интересно е што ако луѓето го прифатат овој mindset, тогаш најверојатно платите и на тие позиции ќе растат.

Иначе да, можеби треба да пишеме нешто во стилот: минималната плата не треба да постои (затоа што и тоа е еквивалентно со ова што го пишав).

За жал многу луѓе сеуште размислуваат вака кај нас, сум имал жестоки дискусии во живо на темата :D
Америка го има решено на интересен начин. Келнери и доставувачи добиваат минималец и живеат на бакшиш. Демек пак се смета дека треба да се примораат да направат нешто екстра за да го заслужат тој бакшиш, или тој бакшиш да е поголем, иначе ќе потонат во долгови.

А за дискусии не знам зашто си имал, затоа што ем тоа ни одговара да нема премногу голема конкуренција, убаво е да има луѓе во конфорт зона, и второ, ко што кажав и погоре, ако он сам не сака повеќе за себе, ок е така, јас нема да му докажам дека мора да сака.

Како бивш менаџер, можам да ти кажам, не сакаш цел тим од топ перформери и цел тим од ботом. И да сакаш, на сите не можеш да им овозможиш раст, а и да сакаш не можеш сите да ги избркаш нели. Затоа златна средина. 20 проценти топ перформери, 10-20 ботом и се друго во средина. Така мислам дека треба да е и во општеството.
 
Америка го има решено на интересен начин. Келнери и доставувачи добиваат минималец и живеат на бакшиш. Демек пак се смета дека треба да се примораат да направат нешто екстра за да го заслужат тој бакшиш, или тој бакшиш да е поголем, иначе ќе потонат во долгови.

А за дискусии не знам зашто си имал, затоа што ем тоа ни одговара да нема премногу голема конкуренција, убаво е да има луѓе во конфорт зона, и второ, ко што кажав и погоре, ако он сам не сака повеќе за себе, ок е така, јас нема да му докажам дека мора да сака.
Зошто ние како општество губиме од таквиот менталитет. Кога тој mindset преовладува, тогаш државите се приморани да ги одложуваат тешките одлуки и да носат популистички (ќе ја покачиме минималната плата) кои се повеќе не закопуваат на долг рок. Така да наместо да се справиме со проблемите сега, ние ги одложуваме за утре (нема политичар во МК што ќе рече дека нема да го покачи минималецот). Па така за 15-20 години ќе имаме многу посериозни проблеми.
Мислам ова не е проблем само во МК, еве и во Западна Европа имаат слични проблеми (пример Франција во моментов).
 
Ко што кажав, зависи кој е процентот кој резонира така, и плус тоа ти е меч со две острици. Пример Германија и Италија има невработен народ кој не сака и не сака да работи пониско платени работни места макар стоеле невработени и внесуваат имигранти. Тоа ли е подобро? Со мои очи на 10 проценти невработеност во Италија на 90% од угостителски објекти кои ги пројдов и посетив видов како работи некој со црнец или арап. А кај нас, рибата мириса од главата, образовниот материјал е теоретски и сувопарен, никој не добива практично знаење за да му се отвори или засили интересот, децата уште бркаат оценки не и да научат нешто зашто родителите така ги учат, ја коа бев мал (а верувам и сега е така) беше ауу кај ќе бидеш уметник, ово оно стануј таму правник, доктор, ја сум захвален што и во таа сиромаштија ми дозволија да си го најдам патот. Кај сакаш со цел тој бленд, да имаш предузимачки и иноваторски менталитет? Ете да, се повеќе аргументацијата иде да се укине минималецот. Ја сум против такво нешто, но тоа ќе ти разгори дискусијата.
 
Зошто ние како општество губиме од таквиот менталитет. Кога тој mindset преовладува, тогаш државите се приморани да ги одложуваат тешките одлуки и да носат популистички (ќе ја покачиме минималната плата) кои се повеќе не закопуваат на долг рок. Така да наместо да се справиме со проблемите сега, ние ги одложуваме за утре (нема политичар во МК што ќе рече дека нема да го покачи минималецот). Па така за 15-20 години ќе имаме многу посериозни проблеми.
Мислам ова не е проблем само во МК, еве и во Западна Европа имаат слични проблеми (пример Франција во моментов).
Во Собрание не помина предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, што ќе каже дека во Македонија има политичари кои не сакаат да се качи минималецот. Кај нас се качува минималната плата еднаш во годината, во март. Пензиите се кажуваат два пати во годината, околу март и околу септември.

Минималната плата, сдс, неколку пати многу вештачки ја зголеми. Чисто популистички, без да се мисли на економските последици од овие одлуки. Па види што си можел пред 10 години да купиш со 25.000 ден, а што денес. Платата е интерен трошок, кој мора да се компензира од услугата, суровината или (полу)производот кој се пласира на пазарот, што значи по автоматизам се покачува цената и си има домино ефект.

И пак ќе повторам нешто, во пазарот доминираат малите и средните претпријатија, околу 90%, и да, имаат релативно краток животен век. Што ќе рече до 5 вработени. Голем финансиски товар е вештачкото зголемување на платата, што се одразува и на бруто и на нето издатокот. И да, зголемување на истата ги влече нагоре и останатите плати, мора да има разлика во платите меѓу различните работни позиции.

Секогаш ќе има минимална плата, независно дали државата ќе биде регулатор или не. Кога е регулатор, може со закон да стави рамка, пр. 30.000 ден, и никој нема да смее да исплата плата под овој износ. Ако не биде регулатор, ќе има работници кои ќе работат и под тие 30.000, што ќе биде општествениот стандард за минимална, најниска плата. Прашањето е дали државата, во капитализмот, треба да се меша.

Не сум против зголемување на минималната плата, меѓутоа истото мора да се прави брз база на одредени параметри. Како се качува платата, општо, така ќе расте и потрошувачката кошничка.

Секој треба да си го цени својот труд, и да, обично првото работно место ти е за учење, како приправник земав 6-8.000 денари. Ако не учиш, тогаш треба да заработуваш, што ќе значи мора да имаш одреден минимален критериум. Истото не значи дека треба да се прецениш, па да не можеш да најдеш работа, сепак почнуваш со нула стручни квалификации односно нула работно искуство. Треба да стекнеш работни навики, па потоа да се искачуваш кон пирамидата. Ова, пред сѐ, се однесува на општествено одговорните професии, каде твоето отсуство на знаење, вештини и квалификации може да причини туѓа (значителна) имотна штета, па и да има реперкусии по здравјето и животот.

И друг пример, за некое безвезе работно место, пр. референт, ти треба минимум средно образование и најчесто една година работно искуство. За пратеник вакви предуслови нема. Истото се однесува и за (заменик)министерите и в.д. директорите. Ќе те стават/изберат и да си најглупиот човек на планетата, битно е да си верен и послушен на партијата.

Задоволен сум од платата, од примањата, сум влегол на место кое е шаблон, свесен дека ќе работам во таа рамка, без можност и никогаш да не бидам унапреден. Тоа е ризикот, на плус страната е сигурноста на работното место, како и редовната плата, нешто кое кога работев приватно го немаше.
 
Наивен е муабетов со платата, може да има значење у јавен сектор...у приватен владее капитализам, пазарот одредува висина на плата.
Автоматски споено мислење:

Ќе те стават/изберат и да си најглупиот човек на планетата, битно е да си верен и послушен на партијата.
Не иде тоа така таму, све е по заслуга(како у војска со лижење кондури) и тоа колкава моќ има некој како политичар, која се мери у влијание кај гласачите.
 
Последно уредено:
Јас би го предложил следново.
Луѓето не треба да очекуваат да ранат семејство/преживеат со минимални плати.
Времето каде што можеше да земеш и да работиш иста работа (со исти одговорности) цел живот е завршено. Во денешно време, луѓето мора постојано да се надоградуваат, да учат нови вештини и да се трудат да бидат конкурентни на пазарот.
Во денешно време, работите каде што платата е минимална, се почетни позиции. Не треба планот да биде да останеш таму долго време. Планот е да почнеш, да научиш и да напредуваш. Колку помалце се надеваш на државата да те спаси (во случајов да ја качи минималната плата, што уствари нема никаков ефект) толку подобро.
Ова е убава тема за разговор и може да биде контроверзна и те како. Луѓето генерално кога зборат за пари, се наречени материјалисти. Не знам зошто на некои луѓе им е тешко да се направи разлика меѓу материјалист и финансиска амбиција и одговорност. Ми текнува кога зборевме за тоа дека жените барале стрикно богати мажи. Или кога зборевме на темата за плаќањето на прв дејт, одма некој тргна да ме нарече материјалист, спонзоруша ватевр. Постои погрешно сфаќање дека ако бараш партнер кој работи и добро заработува, тебе те интересираат само парите, а не дали тој човек нешто постигнал во животот или каков карактер има.

Не знам зошто е греота или лошо некој да сака партнерот до него да заработува пари. Парите се минлива ствар, парите се заработуваат, се губат и пак се заработуваат. Воопшто не е поентата цифрата на нечија банкарска сметка, ниту пак некакво издржување. Поентата е до тебе да имаш човек кој знае како да раководи и манипулира со финансии, кој има потенцијал да ги заработи истите и кој секогаш се стреми кон подобро.

Јас лично, имам огромен респект за луѓе кои се вредни и кои што напорно работат на своите вештини и се трудат да бидат подобри и да постигнат нешто во животот. Многу, ама стварно многу го респектирам интелектуалниот труд кај човекот. Исто така, немам респект многу за луѓето кои ги наследиле парите од мама и тато, и кои се фалат со тоа како да е нивно најголемо постигнување во животот. Е сега, да не ме сфатите погрешно, мора да постои и нискоквалификуван кадар во општеството од некои си икс причини. Секое општество има потреба од луѓе кои ги вршат тие базични, физички или оперативни работи за да функционира системот, и нивниот труд исто така заслужува почит.

Но, поентата ми е дека има огромна разлика меѓу човек кој привремено се наоѓа на таква позиција за да преживее и бара начин да напредува, и човек кој одбира пасивно да остане таму цел живот, без никаква желба за личен раст, а потоа очекува општеството или државата да му ги реши сите финансиски проблеми.

Минималецот мора да постои и треба да биде добро платена основна сигурност, но самиот тој е замислен како одскочна даска и почетна точка, а не како место каде што треба да го поминеш целиот животен век и да очекуваш со тоа да прехраниш семејство. Наместо пасивно да чекаш државата вештачки да ја покачи минималната плата, што во пракса само поттикнува инфлација и нема никаков реален ефект, ти треба сам да сакаш да напредуваш за да не земаш минимална плата.
 
Некоја другарка ти вика, еј Aceso маж ми има еден братучед, згоден, паметен и харизматичен дечко...ама заработува по 40000 месечно, работи како наставник....да ти го местам, што ќе си помислиш ти?
 
Наставниците само во нашата држава земаат минималец или потпросечна плата. Тоа се едни од најпаметните луѓе кои завршиле исклучително тежок факултет и образуваат идни генерации. Тоа е огромен проблем на нашето општество. Ние не си го цениме трудот воопшто.
 
Сакаш да кажеш дека нема да те интересира таков тип.
 
А како тоа го сфати дека нема да ме интересира таков тип?

Green flag, е тоа што има професија. Green flag, е тоа што очигледно бил интелектуално инволвиран за да постигне нешто во животов. Green flag е тоа што заработува.

Red flag ми е што на сите тие позитивни работи, убав, згоден, харизматичен, одлучил братучеда му да ми ја пушти за да ми го мести.
 
Добро еве друга ситуација, има девојка манекенка ама те видел тебе и се заљубил на прв поглед, дали уште ќе ти смета нешто кај него?
 
Red flag ми е што на сите тие позитивни работи, убав, згоден, харизматичен, одлучил братучеда му да ми ја пушти за да ми го мести.
Psihologijata na ova e deka e zaljuben vo tebe. Pusta aber preku bratuceda zatoa sto te ceni i ne saka da ja utne na prva. A mozebi e sramezliv pa ti pomogni mu ako ti se svigja. :)
 
Наивен е муабетов со платата, може да има значење у јавен сектор...у приватен владее капитализам, пазарот одредува висина на плата.
Автоматски споено мислење:

Не иде тоа така таму, све е по заслуга(како у војска со лижење кондури) и тоа колкава моќ има некој како политичар, која се мери у влијание кај гласачите.
Во приватниот сектор исто прави проблеми. Еве два примери.
Мали фирми (фирма човек, или 1-2 вработени) кои не прават многу пари, ама па и не работат многу. Пример знам луѓе што работат по 4-5 саати во денот и си вадат пари за минималец. Е сеа, на тие луѓе, кога ќе ја зголемиш минималната плата за Х%, автоматски ги тераш или да ги поскапат услугите, да мораат да работат повеќе (со некои бизниси не е можно тоа) или да затворат. Ако се во струка кај што не е тоа лесно изводливо, на некој начин им го уништуваш бизнисот.
Поголеми фирми, кај што имаш некој на минималец. Кога ќе се зголеми минималецот, ти не можеш да им покачиш само на тие на минималец, затоа што ќе ги стигнат тие што заработуваат повеќе од нив во моментот. Така да на крајот, мораш скалесто да покачиш на сите. И трошоците ти се зголемиле без да се зголеми продуктивноста. И што праиме во тој случај? Ги тераме луѓето кон сива економија (осигуран на минималец, другите пари на рака).
 
Back
На врв Bottom