Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 60: Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако не извршуваат општествени задачи)

Работно способни жители да немат право на користење социјална помош ако... (види наслов)

  • Вкупно гласачи
    33
Пиши нешто за Барса
Мал дел од историјата на Реал.
Па треба да го кажеш твоето најексплицитно контроверзно мислење што го имаш, ако сакаш. :)

Можеш да видиш на првата страна примери.
Укор во форма на љубовна воспитна да, претепување не, во случај да е пробано претходно со убав кажан збор и разбирливо за детето а тоа да не донесе резултат.
 
Мал дел од историјата на Реал.

Укор во форма на љубовна воспитна да, претепување не, во случај да е пробано претходно со убав кажан збор и разбирливо за детето а тоа да не донесе резултат.
Нову тему треа да каеш брат.
Нешто у стилу сфи старци над шееесе да не жииф по градови и села, него стрикно у планински предели над 1500 надморску висину.
Да не копаф на залучени кобасице и мрсни мишке по секојдневие, да не лупаф илинденско титови форе у множестфо од млади и перспективни људи.
Расцеп.
Да не се крстиф бебиња по имиња на горе споменативе, да се забраниф ултра либерал и урбано секојдневие и нивно именување според аргатски предци од пред 4-5 поколенија.

У тј стил нешто брат, ајде извади.
 
Ми текнува коа бев некаде прва средно средина на деведесетти, во некој весник имаше објава дека во Македонија се укинува смртната казна како остаток од југословенското законодавство а последен погубен осуденик бил таму 1987. Тоа што сеуште го паметам истото е загрижувачки но тоа е ни ваму ни таму.
Предлогот е тој, дали треба да се врати капиталната казна, зошто да и зошто не?
 
...ми помина редот, ама би било контраверзно поделено мислење за враќање на ,,задолжителен воен рок на мажите" и тоа две години како кај јужниот сосед!
 
Не е тоа контроверзно. Контроверзно би било и жените да имаат задолжителен воен рок, или ако одбијат да служат да го изгубат правото на глас. За мажите непочитувањето на воената обврска во минатото резултираше со затворска казна.
 
Ми текнува коа бев некаде прва средно средина на деведесетти, во некој весник имаше објава дека во Македонија се укинува смртната казна како остаток од југословенското законодавство а последен погубен осуденик бил таму 1987. Тоа што сеуште го паметам истото е загрижувачки но тоа е ни ваму ни таму.
Предлогот е тој, дали треба да се врати капиталната казна, зошто да и зошто не?
Ваква тема мислам дека имаше, за смртна казна.
...ми помина редот, ама би било контраверзно поделено мислење за враќање на ,,задолжителен воен рок на мажите" и тоа две години како кај јужниот сосед!
Ова мислам дека го немаше.
 
...ми помина редот, ама би било контраверзно поделено мислење за враќање на ,,задолжителен воен рок на мажите" и тоа две години како кај јужниот сосед!
И кај жените, пошто сме еднакви.
 
...ми помина редот, ама би било контраверзно поделено мислење за враќање на ,,задолжителен воен рок на мажите" и тоа две години како кај јужниот сосед!
Се согласувам со Ингвар, зашто во ова т.н. еднакво време, само на мажите? What's good for the goose, is good for the gender, нели? Зашто да нема контраверзно мислење: воведување на задолжителен воен рок на сите полнолетни граѓани?
 
Па ако каже и за жените нема да е контроверзно. Две жени има.
 
Е повеќе сте, ќе се појават да заштитат женски права, плус имаш таму бој фром мкд, вот кој не знаеш на каде ќе дувне со мислењето, итн луѓе, ќе има дискусија. За мажите се согласувам, веч видено и пак е во позадина ако пукне, ништо контраверзно нема. Ќе гласаме за повеќето, ќе промрчат постарите дека така се гради дисциплина и дека на ген зет им треба и ќе биде лендслаид победа на гласовите за да. По гласање и тесна победа на едното, твоето беше многу добро. Плус имаше дискусија, а не кавги. А и алудираш дека нема да сакате да важи за вас, што пак нели е интересно и контраверзно мислење во ова еднакво време?
 
Јас би го предложил следново.
Луѓето не треба да очекуваат да ранат семејство/преживеат со минимални плати.
Времето каде што можеше да земеш и да работиш иста работа (со исти одговорности) цел живот е завршено. Во денешно време, луѓето мора постојано да се надоградуваат, да учат нови вештини и да се трудат да бидат конкурентни на пазарот.
Во денешно време, работите каде што платата е минимална, се почетни позиции. Не треба планот да биде да останеш таму долго време. Планот е да почнеш, да научиш и да напредуваш. Колку помалце се надеваш на државата да те спаси (во случајов да ја качи минималната плата, што уствари нема никаков ефект) толку подобро.
 
Јас би одела војска бе, зошто да не? Прашањето е дали мажите би иделе?

Чувајте го тоа за некоја наредна тема. Еве се јави @Amaterasu . Ќе пишам после на темава.
 
Јас би го предложил следново.
Луѓето не треба да очекуваат да ранат семејство/преживеат со минимални плати.
Времето каде што можеше да земеш и да работиш иста работа (со исти одговорности) цел живот е завршено. Во денешно време, луѓето мора постојано да се надоградуваат, да учат нови вештини и да се трудат да бидат конкурентни на пазарот.
Во денешно време, работите каде што платата е минимална, се почетни позиции. Не треба планот да биде да останеш таму долго време. Планот е да почнеш, да научиш и да напредуваш. Колку помалце се надеваш на државата да те спаси (во случајов да ја качи минималната плата, што уствари нема никаков ефект) толку подобро.
Се согласувам дека не треба да очекуваат но имам што да кажам тука.
Прво, вака поставена, воопшто не е контраверзна, нема некое наметнување или укинување на нешто што ја прави контраверзна, демек, идеш на таков му викаш: Не треба да очекуваш да преживееш на минималец брат, он ти вика: ОК, и пак законски му следува минималецот. Повеќе би било у насока дали да се укине минимална плата. Но твое е шоуто, ја само сугерирам.
Второ, на минималец е буквално тоа, преживување, ако тоа не мотивира еден човек да најде подобро и да се надградува, нема ние да го натераме. Демек ако живот не те натера, нема Петко од улица да те натера.
Трето, мора да има и такви луѓе, ако сите сме директори, кој ќе служи кафе и кој ќе мете улици?
 
Се слагам и мислам не е контроверзно. Ако можеш да напредуваш таму кај што си почнал, добро. Ако не, се до/преквалификуваш и си идеш.

Можда во комунизмот ова би било контроверзно, затоа и претежно постарите го гледаат со скепса, мислат со денешните 25000 цел живот ќе тераш.
 
Back
На врв Bottom