Не бев во можност да пишам порано. Мене морници ме лазат Макс Дауман кога го гледам. Овој првиот гол што го даде во купот, како мало дете си го пројде дефанзивецот и голманот со поглед го испрати на погрешна страна, ваква комбинација од техника и фудбалско IQ е милина да се гледа. Само да не фати некоја низа од повреди.
Ѓокереш се повеќе ме разочарува, лани барем даваше голови против тимови од втор-трет ешалон, кои не поседуваат квалитет за ПЛ, сега и со такви по куповите, кога пробиен е тимот и само се полни, не успева да се наметне, да дојде до топка, до шанса. Проблемот е што одлични сме покриени одбрана, среден ред и единствено што ни требаше е напаѓач голгетер, сите очекувања беа дека е тоа, а он тоа најмалку се испостави дека е. Не се вклопува во тимот се благи зборови, Земја и Марс е работата.
Кажав во ПЛ темата, има аспекти кај кои треба уште да се подобриме, но играта за гледање е подобра од лани, мислам дека главниот дел се должи на тоа што Одегард ја има вратено старата добра форма, многу менува, клучен е за цела креативност. Сака ја нема вратено формата, но со самото тоа што и Одегард е подобар, со тек на време и тој ќе делува подобро. Каде каде е ова погледливо од некои натпревари лани.