Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
„Комо“ го има и во издание на Слово, во едицијата Сто словенски романи.
Не знаев за ова издание. Ама секако потешко би го нашол тоа отколку изданието на Македоника литера.
 
Каде се наоѓа Ѓурѓа? Сакам да купам нивна книга, а на телефон никој не ми крева, на веб страницата локација дава во Џевахир мол негде.
 
Каде се наоѓа Ѓурѓа? Сакам да купам нивна книга, а на телефон никој не ми крева, на веб страницата локација дава во Џевахир мол негде.
Чуму ти е таа грозота? Не ти требаат таквите секташи. :icon_mrgr:
Патем, своевремено беа некаде кај соборна ама чинам затворија. Книгите им ги наоѓаш по супермаркети или едино у матица.
 
„Комо“ го има и во издание на Слово, во едицијата Сто словенски романи.
Сепак не е изданието на Слово, туку на Македонска Реч или по ново Македонија Литера. Да, таа е едицијата, 100 Словенски романи, но конкретно ова издание е на Македоника Литера. Им пишав, го имаат и ми рекоа дека најверојатно го има во Матица. И денес реков после работа ќе поминам да проверам, ама тие кретените го направиле работното време 10:00-17:00. Е како ќе им купи некој книги во тоа време, јас стварно не знам! Сега ќе треба да го порачувам да ми го пратат по карго.
 
„Ште си почакаш“ ноќен шопинг мори цуци :P

На овие гарант некој им е отиден по одмори па нема кој да ги мења за продажба.
 
„Ште си почакаш“ ноќен шопинг мори цуци :P

На овие гарант некој им е отиден по одмори па нема кој да ги мења за продажба.
Не бе, види на Google, вика пред 11 недели дека го смениле работното време. Кои идиоти! Како да купам, кога јас тоа време сум на работа?
 
Не барајте џабе логика на работа на македонскиве помали издавачки куќи оти нема да ја најдете... арс либрис не можам никако да стигнам до нив за Битие и време од Хајдегер да си ја земам... овие поголемиве барем им се трошат книги па можат нормални работни времиња да тераат со по две смени и слично... овие маливе се чиста превара така им дремат книги, ебате издавачка дејност, ебате...
 
Не бе, види на Google, вика пред 11 недели дека го смениле работното време. Кои идиоти! Како да купам, кога јас тоа време сум на работа?
Па таман се приспособиле за домаќици кои не се у работен однос. Таа социјална група ја таргетираат. :D
 
Не барајте џабе логика на работа на македонскиве помали издавачки куќи оти нема да ја најдете... арс либрис не можам никако да стигнам до нив за Битие и време од Хајдегер да си ја земам... овие поголемиве барем им се трошат книги па можат нормални работни времиња да тераат со по две смени и слично... овие маливе се чиста превара така им дремат книги, ебате издавачка дејност, ебате...
Арно ме потсети. У сабота (да, да САБОТА) минатата работеа. Секојдневно поминувам, ретко кога има некој внатре. Комшиине со пршути имаат повеќе клиентела и работат турбо. :pos:
Автоматски споено мислење:

Ууууу, cheap shot under the belt... i like it :D
Don't get me wrong, со Матица сум у Love/hate relationship. Голема издавачка куќа се, имаат широка лепеза на издадени книги, има и странска (српска/англиска) литература, стручна, итн. Но брате мислам дека се у задње време ептен мрзливи, или така делуваат. Го тераат малку оној евтин штоф, преводите до пред некое време им беа во незавидно ниво (сеа појма немам како е), форсираа многу тралалајки, а добрите наслови им седеа скриени во ќош, тераа инает и трошеа енергија да бидат надвор од стадото со тоа што си правеа свои саеми наместо да учествуваат во тој едниот што го имаме. А имаат огромен потенцијал. И знаат да извадат добри книги. Колку за споредба за нив, Култура е веќе одамна изгубена во поим. Едвај крепат. Овие уште го имаат тој потенцијал. Само да не се успијат.
 
Последно уредено:
Матица долго време беше меѓу водечките, во последниве 2-3 година спласнаа откако излезе од МАИ и тие глупости... останаа некако заглавени во времето како Култура ама не до толку да се разбереме... им фалат и домашни салам автори останаа со на Раде Силјан другарите од турско и чат пат по некој современ автор... имам soft spot за книжарниците нивни инаку и за некои странски автори кои ги држат како Тес Геритсен на пример и слично.
Автоматски споено мислење:

Топ 5 издавачки куќи во Македонија (според добивка) се следниве одбројувајќи отпозади 5. Три 4. Антолог 3. Сакам книги 2. Литература 1. Академска книга. Е сега ако тргнеме настрана Академска која е агрегатор и Литература која не може точно да се утврди колку заработува од играчки и кафиња а колку од книги, тогаш топ 3 се - Три, Антолог и Сакам книги. Ќе видиме после поплавата како ќе е со Антолог, ќе ги врати назад неколку места тоа е више него сигурно...
 
Последно уредено:
Исто Марчело ја имам и Zajedno sami u originalna srpska verzija. Се изнамачив да ја набавам. Сепак оддамна беше тоа. Многу оддамна.
 
Матица како издавач се meh. Единствено што вреди нивно што сум зел е целото творештво на Зафон.

Матица како продавач беа топ! Таа книжарница ме потсетува многу на Табернакул, ако не се лажам, единствена остана од тоа време, од пред 20+ години (Култура ја затворија). И мислам дека е единствена во која може да се најде се, и од издавачи што немаат свои книжарници, и од екс издавачи како АЕА (Господар на прстените), и српска литература (пред се Лагуна и Вулкан, ама се наоѓаше по нешто и од Геопоетика), и англиска литература, тој ѕид десно секогаш им беше полн со монографии и non-fiction... Значи се. Тој простор секогаш имал посебно место за мене и се надевам дека нема да го снајде истата судбина како Табернакул и Култура. Ама по новово работно време, мислам дека, за жал, натаму одат.
 
Култура не е затворена. Дише, на апарати за жал. Продавницата им е преместена позади собрание, кај Леснина.
 
Back
На врв Bottom