Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
Домино ефект, хахаха. Кажи која друга ја бараш, да ја објавам дека ја читам па да ти искочи од некаде. (доколку ја имам)
Трилогија - Јун Фосе
Јужњаци, марш! - Горан Војновиќ

Овие две ми текнуваат од прва, иако знам дека реторско беше прашањето. :P
 
Трилогија - Јун Фосе
Јужњаци, марш! - Горан Војновиќ

Овие две ми текнуваат од прва, иако знам дека реторско беше прашањето. :P

Мислам дека ја имам од Војновиќ, ќе ја побарам, хахаха.
 
20260902_140243.jpg

Нова потрага: романите кои се највисоко на новата листа на Велике приче, 100 најдобри српско-хрватски романи на сите времиња. Планирам да ги прочитам барем тие од топ 25. Еве, 2 нови најдени!
 
Прегледај го приврзокот 486352

Нова потрага: романите кои се највисоко на новата листа на Велике приче, 100 најдобри српско-хрватски романи на сите времиња. Планирам да ги прочитам барем тие од топ 25. Еве, 2 нови најдени!
Беше во Bookberries кај рампа? Се наоѓа и таму понешто.
 
Беше во Bookberries кај рампа? Се наоѓа и таму понешто.
Не сум бил, ама ги имам на фејсбук. Им нарачав и ним.
Автоматски споено мислење:

Еве вака некако изгледа ситуацијата со новата потрага (а и моменталната ситуација на врвот на листата на „Велике приче“):

1788378989933.png

Со зелено - прочитани, со жолто - ги имам, со розево - нарачани, со црвено - никогаш не се преведени на македонски. Белите - најчесто ги има по книжарници, ќе ги купам тогаш кога ќе одлучам да ги читам. Ете, по „Одаи од орев“ на Јерговиќ во план ми е Doba mjedi (не знам како беше преведен на македонски, сосема друго име имаше) од Слободан Шнајдер кој почина завчера. Ама книгата ја има во Антолог, така што, таа е веќе најдена, како и повеќето други. Од тие кои се некои постари изданија, ако случајно видите нешто некаде, кажете.
 
Би требало сѐ што ти фали од овие да најдеш на Белградскиот саем во октомври.
“Фама за велосипедистите” е преведена од Три.
 
Последна книга што ја купив беше од Марко Шелиќ (Марчело) Малтер его, преведена од српски на македонски, ама за жал се уште само првиот дел го има у книжарниците кај нас.
 
Би требало сѐ што ти фали од овие да најдеш на Белградскиот саем во октомври.
“Фама за велосипедистите” е преведена од Три.
Да, ама тешко се наоѓа тоа издание. Инаку, ко што реков, повеќето од овие книги се наоѓаат и кај нас, само што не можам да ги купам сите наеднаш. Кога ќе сакам нешто да читам, тогаш. Реков, следна е Doba mjedi, а по неа би сакал да ја прочитам Комо од Срѓан Валјаревиќ - тоа е роман кој најпријатно ме изненади до сега на листата, дури 7 автори го имаат ставено во својот топ 10.
 
„Комо“ го има и во издание на Слово, во едицијата Сто словенски романи.

_____________________________________________________________________________________

Си се почестив денеска на тема архитектура:

20260903_191706.jpg
 
Back
На врв Bottom