Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
И беа. Секогаш кога Иран беше блиску до нуклеарка, беа на некој начин спречени, им беа атентирани нуклеарни научници итн.. Во 2013 беа блиску пред да склучат договор со Обама.
Од каде знаеш колку и кога биле блиску? Поради изјавите на Нетанјаху и оние цртежите кои ги вадеше од некаде? Ако навистина сакаа бомба за овие 33 години и ќе ја имаа.
 
која членка на нато е прва нападната од иран??

не нагаѓај те молам што би било ако иран нападне прв членка на нато......можно е сите да му се навртат ко кучиња,но можен е и распад на сојузот ако има несогласности
Не може членот 5 да се активира кога и Бугарија учествува во напад, штом даваат дозвола од кај нив да гаѓаат или да полетуваат се смета како учество
 
Од каде знаеш колку и кога биле блиску? Поради изјавите на Нетанјаху и оние цртежите кои ги вадеше од некаде? Ако навистина сакаа бомба за овие 33 години и ќе ја имаа.
За сателитски снимки си чул? За разузнавањето на Мосад си чул? Ако Иранците нејќат нуклеарки тогаш за која потреба ги градеа оние нуклеарните објекти, и масовното збогатување на ураниум?
 
За сателитски снимки си чул? За разузнавањето на Мосад си чул? Ако Иранците нејќат нуклеарки тогаш за која потреба ги градеа оние нуклеарните објекти, и масовното збогатување на ураниум?
Не можеме да знаеме дали и колку нуклеарки има Иран. Или на каков начин планираат да направат бомба. Ете еден Пакистан успеал. Сето тоа Мосад, Шин-бет се само проценки а Нетанјаху изгради кариера на тоа, 33 години Иран за две недели ќе има бомба, во коалиција со геноцидаши и етнички чистачи во Израел.
 
Пакистан е друго, они нуклеарките ги правеа за против Индија, а не да се рчкаат со Евреите или со Америка/ЕУ и да му се закануваат на цел свет со нив. Точно е дека не можеме со сигурност да знаеме колку и дали Иран има нуклеарки. Но тоа е и поентата, да се спречи такво нешто, имаш сателитски снимки, имаш курчење од самите лидери и министри/генерали на Иран.
 
Ако нема друга гледна точка немаше да го нападнат Иран, кој до 28 февруари 2026 не демонстрираше никаква сила против никого.

Истото може да се каже и за Кина, која не демонстрира никаква сила кон никого, но сепак е на нишан за економско уназадување, ама па некако досега не им успева.

И ако силата е клучен фактор во опстанокот на секоја држава, тогаш американците треба ептен да си ја преиспитаат сопствената сила бидејќи во Кореја нивната сила едвај им донесе враќање на територијалниот статус кво од пред Корејската војна - но не и победа, во Виетнам нивната сила им донесе понижувачки пораз кој сакаат да го заборават по секоја цена, во Авганистан и Ирак нивната сила им донесе неславно повлекување, а конкретно во Авганистан и враќање на талибанците на власт, односно враќање на стариот статус кво од пред војната.

И еве ги во Иран демонстрираат сила и никако да победат.

Поточно победуваат, еве на првиот ден војната одлично тргнала далеку пред планираното според распоредот, на 4-от ден прогласуваат победа, на 9-от ден гарантираат дека Иран ќе се предаде, на 14-от ден тврдат дека иранската војска е уништена, на 40-от ден велат дека успешно ги оствариле сите цели во војната, ама никако да заврши војната за која тврдат дека веќе ја добиле.

Сигурно нема да победат со правење ништо.
Во случај да сега да откриваш историја, тоа го прават државите од кога постојат.
Некаде ќе победат, некаде ќе изгубат, тоа е процесот. Ако прават ништо, тогаш секогаш ќе губат.

И Кина и Иран демонстрираат сила, особено последнава деценија.
 
Оставете нукес-мукес има време за тоа, кажете нешто за нафтата... се шпекулира дека САД-ето има резерви за уште 40 дена (знае ли некој Македонија има ли резерви и за колку дена или си увезува деривати од Грекистан и никој за ништо не го интересира само профитот да иде), а овие танкериве еден по друг само се запалуваат,

Не саде нафта, туку у гас ќе увезуваме од јужните ни цигани...така ни нареди М. Помпео.

Деривати ионака се увезуваат претежно од греките.
 
usa najverojatno laze i za toa kolku rezervi za nafta ima... pazi ja prikaznava imame uste 293M ama ako ideme pod 300M moze da e problem zosto gi cuvame u nekakvi podzemni prostorii sto moze da se srusat ako padne pod 300 milki... mame ebale najvorojatno ni 100ce ne im e ostanato ama aj ke pocekame izborive pa idat ceni do plafon...
 
Кога се изборите?
 
Сигурно нема да победат со правење ништо.
Во случај да сега да откриваш историја, тоа го прават државите од кога постојат.
Некаде ќе победат, некаде ќе изгубат, тоа е процесот. Ако прават ништо, тогаш секогаш ќе губат.

И Кина и Иран демонстрираат сила, особено последнава деценија.

Да победат во што, од каде се загрозени и како се загрозени ?

Како се загрозени интересите на САД во Иран или во Кина ?

Каде и како Иран и Кина демонстрираат сила изминатава деценија ?

Значи освен што веруваш единствено и само во сила, меѓу другото и со сила се правиш ќорав само за да се обидеш да изнајдеш некаков изговор за своите тотално апсурдни тврдења дека САД постапувале на ист начин како што постапувале и други држави низ историјата, а кои ниту малку не држат вода.
 
usa najverojatno laze i za toa kolku rezervi za nafta ima... pazi ja prikaznava imame uste 293M ama ako ideme pod 300M moze da e problem zosto gi cuvame u nekakvi podzemni prostorii sto moze da se srusat ako padne pod 300 milki... mame ebale najvorojatno ni 100ce ne im e ostanato ama aj ke pocekame izborive pa idat ceni do plafon...
Чим оној помаранџестиот сака да буши на Гренланд, веруј им секнала нафтата. Нападнаа на Венецуела, па сакаа и Канада да ја анексираат, а Канада има можеби и најмногу нафта (неископана) у цел свет.

Сеедно го ебаа светов за таа нафта со разно разни војни, а башка еколошки катастрофи какви што гледаме, а порано ги немало.
 
Кога се изборите?

Најблиските редовни избори кои треба да се одржат во САД се редовните парламентарни, регионални и локални избори кои треба да се одржат на 3 ноември 2026.

Ќе се бираат пратеници за новиот состав на американскиот Конгрес и 33% нови пратеници од составот на американскиот Сенат, повеќето пратенички места ги држат претежно републиканци.

Исто така ќе се бираат и нови градоначалници и градски советници, нови гувернери и пратеници во сојузните законодавни домови, нови судии и јавни обвинители, како и други извршители на државни/јавни функции, но главната битка секако дека веќе се води околу Конгресот и Сенатот на САД.
 
Да победат во што, од каде се загрозени и како се загрозени ?

Како се загрозени интересите на САД во Иран или во Кина ?

Каде и како Иран и Кина демонстрираат сила изминатава деценија ?

Значи освен што веруваш единствено и само во сила, меѓу другото и со сила се правиш ќорав само за да се обидеш да изнајдеш некаков изговор за своите тотално апсурдни тврдења дека САД постапувале на ист начин како што постапувале и други држави низ историјата, а кои ниту малку не држат вода.
- Во војните кои ги водат. Војни не се водат само кога некоја страна е загрозена.
- Со тоа што развиваат нуклеарно оружје, што го комплицира балансот на силите во регионот, што е на штета на САД. Тоа е еден загрозен интерес, има повеќе. Во Кина интересот на САД е загрозен доколку Кинеската морнарица во иднина успее без проблем да се "шета" низ Пацификот, што ќе значи на пример контрола над одредени теснеци и региони кои моментално се доминирани од САД.
-Иран демонстрира сила со тоа што неговите прокси вршат притисок врз поморската трговија, отворено војуваат против Израел, се борат во Ирак/Сирија/Јемен врз тамошните влади или соседи или двете.
Кина демонстрира сила кон соседите во нивни територијални/економски води, најмногу кон Филипините, Виетнам и Јапонија.

Вака ми се допаѓа што поставуваш прашања, јас свесен сум дека секој не може да знае се, еве ќе поднаучиш нешто. Ако има нешто друго нејасно, слободно прашај, тенеќе на пример сега за се си прашува кога не му е јасно.
 
Еве ти поднаучи нешто: Ирак, Сирија и Јемен се наоѓаат во политичко-безбедносно-економско-социјалниот кошмар кој го живеат денес токму по заслуга на САД, Израел и Саудиска Арабија, кои активно вршеа и/или сеуште активно вршат воени агресии против тие држави.

Да го обвиниш Иран бидејќи поддржувал некоја страна во Ирак, Сирија или Јемен, е исто како да ја обвинуваш Велика Британија бидејќи ги поддржувала анти-нацистичките и анти-фашистичките движења во Франција, Полска, Југославија, Чехословачка и други држави за време на Втората Светска Војна. Некој ги нападнал и ги окупирал тие држави и движењата на отпорот се родиле од таквите воени агресии, злосторства и окупации.

На Кина допрва ќе и` треба воена морнарица за да ја штити сопствената трговска флота сега кога пиратството повторно е во мода, како што САД и нивните европски вазали покажаа и докажаа на дело од 2025 година па наваму, така да тоа не е демонстрирање на сила, туку здрав ум и разум за држава која одбива да биде предмет на закани и уцени низ поморските рути.

Кина од поодамна поседува нуклеарно вооружување, Иран не поседува и според извештаите од самите разузнавачки агенции на САД воопшто не развива нуклеарно вооружување.

Човек може на тебе да ти објаснува до наредното појавување на Халеевата комета, но за жал како некој кој доброволно се прави ќорав низ леќите на силата и агресијата нема да разбереш.
 
Back
На врв Bottom