Ако нема друга гледна точка немаше да го нападнат Иран, кој до 28 февруари 2026 не демонстрираше никаква сила против никого.
Истото може да се каже и за Кина, која не демонстрира никаква сила кон никого, но сепак е на нишан за економско уназадување, ама па некако досега не им успева.
И ако силата е клучен фактор во опстанокот на секоја држава, тогаш американците треба ептен да си ја преиспитаат сопствената сила бидејќи во Кореја нивната сила едвај им донесе враќање на територијалниот статус кво од пред Корејската војна - но не и победа, во Виетнам нивната сила им донесе понижувачки пораз кој сакаат да го заборават по секоја цена, во Авганистан и Ирак нивната сила им донесе неславно повлекување, а конкретно во Авганистан и враќање на талибанците на власт, односно враќање на стариот статус кво од пред војната.
И еве ги во Иран демонстрираат сила и никако да победат.
Поточно победуваат, еве на првиот ден војната одлично тргнала далеку пред планираното според распоредот, на 4-от ден прогласуваат победа, на 9-от ден гарантираат дека Иран ќе се предаде, на 14-от ден тврдат дека иранската војска е уништена, на 40-от ден велат дека успешно ги оствариле сите цели во војната, ама никако да заврши војната за која тврдат дека веќе ја добиле.