Мене не ми е никаква пречка да живеам со луѓе ако се луѓе од збор и од разбирање да делам животен простор со нив.
Не е за џабе она библиското и на венчавките ,, во добро и во зло".
За толерантен кој е нема да му е проблем.
Ама има многу кои се неизживеани егоисти.
Проблемот е што со живеењето во заедница треба да си толерантен за потенцијално 5 до 7 луѓе и карактери.
За живеењето со партнер, ако имате услови, толерантен си само за хировите и капраиците на партнерот. Има не голема, огромна разлика.
Пластичен пример, кога сум бил кај жената на гости си зеам баш од тој крем што сакам јас да го јадам и уште пар ствари шо си сакам да си ги јадам пошто ако немаат во фрижидер сигурно нема да изигравам петел и да им викам ама ова немате она немате, си слегувам до маркет, си земам што ми е мило и си ставам во фрижидер.
Иди старата, Господ да ја поживее, која е на жената баба (значи 3 генерации се во станот и станот е практично нејзин, не на син и, не на внука и која јас ја женив, не на комшијата - нејзин лично, сама го спечалила) и стар чоек ко стар чоек еј види крем има на масата - жглаб директива во фрижидер го става.
Идиш ти вечер од кај и да си отиден, ти прднало крем да јадиш и гледаш КАМЕН е направен оти бил во фрижидер. Убаво им кажуваш абе луѓе ова не можам да го мачкам затоа го оставам надвор од фрижидер ако можи овде да стои и не ви смета, нека стои. Сите викаат абе зете не смета таман работа. Старата излуфтирана во глата не знај денес шо имаше за ручек да ја прашаш, камо нешто друго, пак го ставила во фрижидер.
Шо ќе прајш, ќе се караш со чоек на 80 и кусур години за ебан аерокрем?
Сигурно не.
Но, сигурно, ако живееш домазет, утре ќе бидат и чорапите шо си ги фрлил кога си влегол дома во некој ќош, па рајатот да не можиш по гаки да седиш, на едниот телевизор ќе трешти Латас на Сител оти стариот сака по 14 пати денот да слуша вести пошто од еднаш не ги памти, на другиот некои турски серии, ти шо сакаш да си пуштиш филм на нетфликс и да излуфтираш 2 саати мозок кој те еба.
Е таквите каприци треба потенцијално на 5 до 7 луѓе да ги трпиш, рачунај баба, дедо, татко, мајка, жена ти - еве ти 5 луѓе по автоматизам и кажи ми кој е тој од камен направен што ќе издржи? Еден од овие 5 некогаш кога не му е ден ќе му пукни филм за нешто и толку од идилата живеење под 1 покрив.
Бора Чорба викаше: Teoretski, ljubav lepo zvuči, malčice je drukčije u praksi - така и ова со живеењето со различни генерации под ист покрив, или пак со живеењето на различни генерации во една куќа макар и со 16 посебни влезови. Батали тој муабет.