Тотална забрана за продажба и употреба на алкохол освен за медицински потреби и религиозни обреди. Алкохолот конечно да биде на листата заедно со психотропните супстанци. Под тотална забрана за продажба и употреба подразбирам кривично гонење и казна затвор.
... северните земји имаат многу високи акцизи на алкохолните пијалаци со цел да се намали потрошувачката, продажбата на алкохол е строго контролирана преку државни монополи (како Alko во Финска), со ограничено работно време и забрани за продажба во обични продавници за одредени видови пијалаци, напразно напорите!
... со строги забрани на пиење алкохол нема да се намали потрошувачката само луѓето ќе најдат други начини да дојдат до етанол преку технички и медицински средства, користејќи разни методи за нивно прочистување, иако државата воведе хемиска денатурација (додавање горчливи или отровни материи) токму за да го спречи тоа, медицинскиот и денатурираниот алкохол се со хемиски адитиви за да бидат незгодни и опасни за пиење, но се користеле во екстремни случаи на алкохолизам и доаѓало до труење,
... лично јас сум против „со закон забрана на примена на алкохол за пиење“ целосната забрана најчесто создава низа нови социјални, економски и здравствени проблеми и тоа контролата врз продажбата би преминала во рацете на организираниот криминал, што води до пораст на насилството и корупцијата во полицијата и судството, нагло би се зголемило домашното и тајното производство на дестилиран алкохол шверцувана ракија, како и криумчарење на алкохол преку границите од земји каде што тој е легален (за време на строги забрани на пиење алкохол (прохибиција Ал Капоне моќ преку шверц со алкохол 1920 / 1933 год),
...за здравствен проблем со илегалниот алкохол нема да има контрола на квалитетот со често содржина опасни количини метанол кој предизвикува слепило, трајно оштетување на органите и смрт, луѓето би почнале да се снаоѓаат на различен начин на консумирање на средства што содржат алкохол како парфеми, антифриз, средства за дезинфекција, а болниците би биле места на сите овие пациенти отруени од несоодветниот алкохол, како и последици на пациенти од апстиненција од алкохол „delirium tremens“.
... нема да има забави, ноќни клубови, ресторани, лозарството ќе се изгуби како гранка, економија ќе паѓа, држава нема од каде да има прилив од акцизи од алкохол, вработените во тој синџир на производство на алкохол и транспорт ќе останат без работа, целосен распад од најглуп „Закон за забрана на алкохолот“!
... доколку во семејството има некој проблем со алкохолот постои лек „дисулфирам“ кој при пиење на алкохол создава физички рекации при конзумирање на алкохол (повраќање,мачнина, вртоглавица) за да може личноста да апстинира од алкохолот, доволно да се пријави кај матичниот доктор или во Центар за рехабилитација од алкохол!
... инаку постојат околу 15 држави во светот каде било забрането производство, конзумирање и продажба на алкохол, чија забрана се заснова на верски исламски шеријатски закони,
така да последните контраверзни теми кои се даваат тука како да се сака да се воведи таков шеријатски закон!