Види реално јас сум против ова. Зошто? Па и нашите баби се сликале во купачи, седиш на плажа со семејството и едноставно ти иде да се сликаш, да го овековечиш моментот, спомени итн. Е сега некој ќе рече па таму си со маж ти, ок еве може и со другарки да си отидена на плажа, ватевер.
Ми се допадна мислењето на
@парва , не е толку до тоа сликањето купачи, туку до тоа какви ти се намерите кога се сликаш и објавуваш на социјалните мрежи. Конкретно јас зборам за инстаграм. Зошто факт е дека жените што сакаат да привлечат внимание, кога ќе им го отворите инстаграмот, имаат 95% такви слики во бикини, или ултра кратко здолниште и ултра длабоко деколте, прецртани усни, преинтензивна шминка итн. Девојче/жена која нема таква намера, може да постне една слика од одморот на стори, и тоа е се. Другите слики не и се разголени, облечена е нормално и едноставно.
Сфаќам и разбирам и да сакаш некогаш попровокативно да се облечеш, сме имале сите такви моменти некогаш, ама и тоа тееба да биде со усул. Кога има усул, тоа не изгледа толку ефтино. Можеш да бидеш облечен провокативно, привличено, ама културно и пред се со самопочит кон самиот себе.
Е сега кога се во прашање онли фанс и такви глупости, реално се додека тоа постои, нема што да им забрануваш на поединци да го користат.
Забраните никогаш не го решаваат проблемот со површноста. Секој поединец сам за себе (и преку сопствените вредности) одлучува каков впечаток сака да остави во јавноста.