Оваа и е промашена програма, според гугл чини третина од авион или само околу 30 милиони за парче, што значи ја утнале работата, нема да ги штанцат во големи количини, да беа 30 илјади или до 100 илјади со некој 1000 километри опсег супер, вака перална за пари.
Русите имаат подобар и постелт дрон Охотник, што не се покажа баш многу на вистинското бојно поле, воопшто и сите такви дронови се покажаа промашена инвестиција, најпознатиот Бајрактар чинеше само 5 милиони и толку никој не го спомнува повеќе, дури и сега американците имаат раптори еден куп од нај различни цени.
Моментално и во блиска иднина додека да се развие против одбрана, најдобри се камикази дроновите, ефтини се и кога ќе пуштеш илјадници нема одбрана, Шахедот, Герањ на русите ти е моментално најдобриот таков дрон, чини малку, носи голем товар и лета далеку, единствено е малку спор, ама кога ќе пуштеш многу резултатот се знае, русите направија и со друг мотор, побрз е, ама нема голем опсег, против Иран само таков тип на дрон и требаат на американците, со трилијрда буџет, ќе имаат милион да произведуваат годишно, ама они одат каде полесно можеш да се збогатеш.
Америка ти е во фаза каде се гледа да се збогати, нема проект кој не и доцни и кај кој цената е неколку пати повеќе од почетната, во бродоградењето се тапа, се покажува дека и не требаат бродови повеќе за одбрана, ама империализмот нема откриено телепортирање, па затоа на америка ќе и требаат бродови, за копнено војување се тапа и останува воздухопловството како најсилен адут поради број на авиони, квалитетот е дискутабилен, се оди на рекламирање и рекетирање на вазалите со цените што ги имаат.