ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Овој па Качанов губи од полураспаднат Бернард Томич
 
Овој па Качанов губи од полураспаднат Бернард Томич
Томич не е за потценување. Има доста необична техника, од ист замав на форхенд игра и рамно напаѓачки, и дроп, и слајс. Беше во топ 20, доста е висок, незгоден ритам носи на игра (тежок за предвидување и спремање) и кога е фокусиран може да изненади (пред некоја недела освои турнир). Во моментов игра за да влезе во топ 100 и да се пензионира, мада, не би се изненадил да ако има добра година, да остане уште некое време (околу 32 е во моментов, може уште барем 4 години да ги изигра ко од шала).

Новиот Китинов :)
Дај боже. Левак е, незгоден на основна, има висина. Ако продолжи натака од колеџ тенис во САД на дубл профи тенис, не би бил изненаден да има добри резултати (пошто има добра база од сингл).
 
Се надевам дека Алкараз ќе се врати и тоа во пристојна форма на US Open, бидејќи, во спротивно, можат уште отсега да му го врачат пехарот на Синер. Мене лично, како "фан" (наводниџите од причина што не знам дали може да се биде фан на пензиониран спортист) на Федерер, кој се уште не успеал да пронајде соодветна "замена" од новата генерација тенисери (Синер беше блиску до тоа, но допинг аферата ме одврати од намерата) тоа ништо не ми менува, но го прави тенисот предвидлив, едноличен, здодевен, бидејќи единствен "ривал" на Синер, покрај Алкараз се само премногу топлите временски услови.
Во женска конкуренција е "повозбудливо"
затоа што не може однапред да се предвиди освојувачката на пехарот, а и после Квитова имам неколку "фаворитки" (овојпат наводници затоа што вообичаено имам еден фаворит и ми е непознат концептот на повеќе фаворити), пред се Андреева, Рибакина и Мук(х)ова (не сум сигурна како е исправно).
Штета што елаборатите поврзани со ликот и делото (без притоа да се изостави емотивниот статус и евентуалниот партнер) ги опфаќаат само тенисерите, а не и нивните колешки (што само по себе е дискриминација). Баш би сакала да прочитам еден таков елаборат за Дарија Касаткина, на пример.
 
Алкараз се откажал од Синсинати, Синер бил итно хоспитализиран и идните турнири виселе во воздух... Изгледа ќе гледаме лигавење на US Open со некој четврт освојувач годинава.
 
Која смешка од мастерс е канадскиов по не знам кој пат. Оди предвиди кој ќе освои да те видам. Нов блам од Саша, добра шанса за нов попиринец. Искрено сакам Фонсека да го скрши мразот со 1000ките.
 
Која смешка од мастерс е канадскиов по не знам кој пат. Оди предвиди кој ќе освои да те видам. Нов блам од Саша, добра шанса за нов попиринец. Искрено сакам Фонсека да го скрши мразот со 1000ките.
Охоо со две раце потпишувам Фонсека да освои. Овој Ѕверев не ми е јасен, не играат Синер и Алкараз, има златна шанса да набилда некој Мастерс плус (и поени секако) и он се бламира губи у второ коло.

Оној Медведев подобро е да се пензионира, нема сврха вака да тера.

Колкава е разликата од Синер и Алкараз до другите говори фактот што Ѕверев со освоен РГ и финале Вимблдон се уште е трет на ранг листата, а Алкараз нема одиграно меч од Монте Карло до денес.
 
Лузериште од играч е Де Минор , 7-5 5-2 и меч топка не му беа доволни да ја реши. Тешко да види тој човек 1/2 финале на слем или пак финале на мастерс некогаш.
Жодар втор турнир по ред го добива Мусети и покрај тоа што нема застано уште од почетокот на Вашингтон. Ене го Фриц пресисал , овој шиба турбо мада ќе биде заебан Лехечка во наредно коло.
 
Алкараз се откажал од Синсинати, Синер бил итно хоспитализиран и идните турнири виселе во воздух... Изгледа ќе гледаме лигавење на US Open со некој четврт освојувач годинава.

Сега или никогаш е шансата за 25 слем за Ѓоковиќ.
Да се подготви што подобро на тренинзите.
Но годините го прават своето а и после разделбата со Иванишевиќ како тренер во 2023 година нема сериозни тренинзи и подготовки Ѓоковиќ.
Ќе играат и Синер и Алкараз на УС опен а во колкава физичка подготвеност ќе пристигнат во Њујорк е мистерија. Но како ќе одминува турнирот во Њујорк тие двајца ќе бидат се подобри.
Ако не испаднат рано во првите две рунди на УС опен и Алкараз и Синер можат далеку да стигнат.
Пример Синер во Париз испадна во 2 рунда а на Вимблдон во 1 рунда малку недостасуваше да изгуби од Кецмановиќ, да имаше присебност кај Кецмановиќ можеше да има изненадување.
 
Он во прајмот едвај стигаше финале на УСО, сега ќе освоел. Нема грешка.

Ранетите лавови се најопасни.
Е да, мислам дека од тие 4 освоени титули на УС опен, секогаш Ѓоковиќ играше барем на еден од двата мастерси кои претходеа на УС опен а некогаш играше и на двата мастерси.

А годинава нема да игра ниту еден турнир пред УС опен.
Ќе игра со Сабаленка во комбинација на парови во микс дубл на УС опен ама тоа натпреварување е во скратен број гејмови и е повеќе за шоу и циркуз.
 
Кој го ебе Новак.
Иаме четворица топ играчи 2005-2006 родени останати на мастерсов во Монтреал , испадна супер. Тиен има одлична прилика до 1/2 финале , можда Мерида од сенка да изненади. Го глеам задње време расположен за игра , го освои Умаг. Фонсека најголем предизвик има, малку беше Руд па сеа следи Шелтон, а после и Меншик. Многу многу тешко , иако успее да крене пехар ќе е многу тешко заработен , ме заболе шо ги нема топ 5. Долниот дел Жодар ако е физички спремен бидејќи имаше ден пауза само после Вашингтон, може да догура до финале. Лехечка и Филс се секако нагазни мини.
 
IMG_20260808_224243.jpg

... руската тенисерка, Диана Максимовна Шнајдер била родена во Жигулевск Русија, татко и' Максим бил адвокат и поранешен боксер од германско потекло, додека нејзината мајка и' Јулија била професорка по англиски јазик.

...Диана почнала да игра тенис од 4 год, а од 8 год почнала сериозно да се занимава со спортот, тренирајќи со тренерот Самвел Минасјан, во 2022 година, таа се преселила во САД и се запишала на Државниот универзитет во Северна Каролина, каде што играла колеџ тенис за NC State Wolfpack.

images (61).jpegimages (73).jpegimages (65).jpeg

...препознатливиот изглед на Шнајдер на теренот се одликува со обоена марама која почнала да ја носи уште како дете за да спречи сончаница
...денес иако со санирана повреда на колено, изигра извонредно и ја победи американката Џесика Пегула.
...со висина тука со 1.7 см двете но Дијана 10 год помлада со свои 22 год дојде до израз со брзината на терен, победувајќи ја 32 год Џесика.
 
Прегледај го приврзокот 484477

... руската тенисерка, Диана Максимовна Шнајдер била родена во Жигулевск Русија, татко и' Максим бил адвокат и поранешен боксер од германско потекло, додека нејзината мајка и' Јулија била професорка по англиски јазик.

...Диана почнала да игра тенис од 4 год, а од 8 год почнала сериозно да се занимава со спортот, тренирајќи со тренерот Самвел Минасјан, во 2022 година, таа се преселила во САД и се запишала на Државниот универзитет во Северна Каролина, каде што играла колеџ тенис за NC State Wolfpack.

Прегледај го приврзокот 484478Прегледај го приврзокот 484479Прегледај го приврзокот 484480

...препознатливиот изглед на Шнајдер на теренот се одликува со обоена марама која почнала да ја носи уште како дете за да спречи сончаница
...денес иако со санирана повреда на колено, изигра извонредно и ја победи американката Џесика Пегула.
...со висина тука со 1.7 см двете но Дијана 10 год помлада со свои 22 год дојде до израз со брзината на терен, победувајќи ја 32 год Џесика.
Не соодветен пост за темава, прашај го chatgpt каде треба да го постираш ова.
И прашај го што значи atp ,а што wta па пиши што одговор си добила.
И да ти си првиот член на форумов кај кој ќе морам да ја искористам опцијата игнор.
 
...приметив, ама веќе беше касно, ти читај ги новитети, тенис е тенис, јеби га, не барај влакно во јајце, да беше коректен ќе ми пишеше ЛП за грешката временски тука беше и за исправка како што ми направи и @Vanlok во тема Украина, ама неее ти мора јавно да се курчиш, си пронашол грешка, па уште да прашам chatgpt, ти не ја користиш АИ ?!
...инаку одличен твој избор на игнор, да ми се скинеш с qурца со терање сеир! :boksix:
 
Back
На врв Bottom