Нема потреба некој да го губи правото на глас, ама може гласот да вреди повеќе според стандардите што ги имаш набројано. Пример, студент си со 18 години? Гласот ти вреди 1 поен. Пензионер си, си создал многу за државата? Еве ти 2 бода. Колку повеќе данок плаќаш, толку повеќе добиваш. Максимумот нека биде 5 поени.
Вакво нешто да се имплементира, државата ќе се смени од корен. Самите партии ќе мора да го префрлат фокусот таму каде што се поените, а луѓето ќе се борат да имаат повеќе поени, затоа што многу работи во државата можеш да ги врзеш со поените. Всушност, наместо луѓето да се делат на ниска, средна и висока класа (како што е сега), луѓето ќе се делат според тоа колку допринесуваат.