Имаме и еден кој добвоволно ќе се пвијави да ја изв'шува оваа ваботна задача.
На глобално ниво, длабоко сме навлезени во ерата на технологијата, а ние како држава сеуште се мачиме да им обезбедиме пивка вода на граѓаните, редовно да им го собираме сметот и да креираме ефективен и ефикасен јавен сообраќај кој би се користел за широка употреба, независно од социјалната структура. Дури и здравата животна средина, нешто што е загарантирано со Уставот, е мисловна именка. Нема затоа што не се сака, а се може. Владее политички дуопол, тој е во неформална коалиција. Меѓусебно не се чепкаат, сем натрапниците.
Политиката е алатка за зборатување, од голтари станаа милионери. А врска си немаат од политика, доаѓаат од сфери кои немаат допирна точка со менаџментот, ги прерипнуваат политичките скалила и одма се приграбуваат до раководна функција. Не можеш да не знаеш елементарност, а сакаш да бидеш раководител. Треба да имаш ускуство, знаење, акал, карактер, па да те постават во средина во која ќе воспоставиш ред, независно дали си некое раководителче, министер, заменик-министер, пратеник, советник или градоначалник. И затоа нема јавни дебати, нема тв дуели каде ќе добива прашања кои малку ќе те запотат, ќе ти го загрозат рејтингот, одат да разговараат на теми кои им се однапред познати, а често и на подготвени прашања каде ќе рецитираат одговори. Глупи луѓе ни ја водат државата.
Сите големи државни болнички комплекси, во Скопје, се правени од некои претходни режими, воена, и градска и државна. Никнаа Систина и Митрев, а државата не е способна да направи уште еден комплекс за 35 години. Истиот е во некоја фаза на просторно планирање, па не во Ѓорче, ај во Карпош! Ова беше најавено уште во времето на Никола, пред 10-15 години и сеуште немаат ставено камен на камен, а веќе сме на средината на мандатот на актуелната влада со најавени нови предвремени парламентарни избори.
Дури и интелектуалната сфера, кога ќе дојде на власт, се губи. Не знаат што со себе, не знаат во која насока да се движат. Загубени во простор и време. И еве до каде е донесена државата. И да, секогаш имало миграција, и во турско, и во комунизмот/социјализмот, но не со ваков интензитет.
Ако диктатурата е во интерес на народ и државата, како Либија на пример, тогаш да. Или Југославија. Да направи мини оаза од оваа држава, реалокација на средствата од џебот кон јавно добро. Нека живее ко крал, во вила Водно, во вила Билјана, на државна смета, нека јаде манго на даска и редок вид на школки, нека се вози со тоа на “м“, ама зад себе да не остави ништо од кое би живееле нековите поколенија. Ко Тито.
Функцијата не треба да се прозор кон лесно и брзо збогатување, туку за вршење на јавна должност, реализација на проекти и санирање на проблеми.
Како бе доволно беа одмори кога денес ми е прв ден одмор!? Нишо тогаш, ај ќе се вратам на работа...