...
ние влегуваме во криза на граѓанската култура (
аномија) состојба каде што слободата погрешно се толкува како анархија, односно како право да се прави што сака без одговорност и без почитување на законите и кога општеството ќе западне во ваква фаза на општа недисциплина, непослушност и себичност, историски се создаваат специфични услови за доаѓање на диктатор чија примарна мисија не е само промена на институциите, туку
„превоспитување“ и присилно дисциплинирање на самиот народ.
... кога секојдневниот живот ќе стане жртва на туѓата неодговорност (сообраќаен хаос, фрлање ѓубре насекаде, непочитување на јавен ред, неплаќање даноци), кај помирниот дел од народот се раѓа силен гнев со идеја за силен лидер кој ќе воведе ред по секоја цена - Диктатор!
... НО, ако се зема во предвид фактот дека слабите држави (нели и Македонија), кои најчесто се целосно зависни од странска помош, ЕУ фондови и кредити од меѓународни институции, ќе ја изолира државата од надворешниот свет, ќе се воведат визи и забрана на движење и што со Диктаторот во Македонија?
... НИШТО!, само ќе ја погребаме државата веќе да не постои, за поставување и функционирање на Диктатор на некоја држава, без разлика за која цел ќе биде поставен, треба истата држава да биде барем економски независна, со сопствени ресурси, геополитички силна, ние ништо не сме од тоа, така да џабе фантазирање!
... за нас во ваква состојба како што сме како држава Диктатор не е опција, туку
радикално засилување на владеењето на правото (каде законите важат за сите еднакво и се спроведуваат без исклучок) и
подигнување на граѓанската свест преку образованието.
... или во крајна линија следење на населението преку напредна технологија со видео камери и вештачка интелигенција за да го оценува однесувањето на граѓаните во секое време, ако некој ја минува улица на црвено, не плаќа сметки или зборува лошо за моментална власта, се додава негативни поени со што во некој зголемен број, граѓанинот всушност ќе биде оценет негативно негово однесувањеи ќе го изгуби правото да патува со воз, бус, авион, да зема кредит или да ги запише децата во градинка, училиште, факултет, нема да има можност да купи влезници за спортски натпревари, концерти, па тогаш самиот граѓанин самиот „ќе се смири и дисциплинира“ ако сака да биде дел од опшетството!