Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Реално, исклучителна тешка е групата, ама ако имаше шанса да се добие некоја од овие три репки беше Словенија. Па после, јавајќи го бранот на таа победа, да се обидеме да дојдеме до поволен резултат против Шведска/Франција.Толку спремање на оваа репрезентација од ЕМОФ дома до турнири, па и на јуниорско ЕП. Сега им требаат две победи против Франција и Шведска за да се надеваат на втора рунда.
Што би кажале србите, на западу ништа ново.Денес, многу слабо со Франција. Парираа 15тина минути и толку едноставно се откажаа, како да не ни очекуваа дека може да се надигруваат.
Французите физички апсолутно доминантни, во оваа возрасна категорија не се ни сеќавам кога последно сум видел толку физички моќна екипа. Неколку подвижни 2 метраши кои играат во два правци... Други експлозивни играчи. Многу добар голман. Нашите изгледаа како да немаат никогаш играно против ваков тип на атлети (што е веројатно и точно), ама тоа не е изговор. Технички не беа до толку квалитетни Французите, можеше да се извади многу покомпетитивен натпревар со подобар пристап (ќе биде интересно да се види ваков тип на екипа колку далеку може да стигне, не верувам до титула, дури и Словенија не би ме изненадило и да ги победи - сигурно нема да се предадат како нашите).
Денес тотално спротивно на вчера, Поповски и Димчевски беа меѓу најдбрите кај нас. Крилата беа пристојни. Костов од друга страна беше катастрофа - изгубени топки, неразумни шутеви.... На пикер скоро ништо не помина. Николовски одбрани неколку пенали, но освен тоа имаше слаба партија - прими еден куп голови што му избегаа од раце, на позициони напади кои треба да ги одбрани. Одбраната во транзиција доста слаба - тука се чувствуваше дека брзо се откажаа од мечот...
Едноставно немаме доволно квалитет за вакво ниво, ниту пак менталитет со кој би извадиле повеќе од она што можеби вредиме. Немаме ѕвезди кои може да повлечат против вакво ниво на протвници. Нема да сме на дното, има послаби екипи, но не ни бега пласман некаде меѓу 10 и 20то место. Немаме квалитет за во топ 10 реално.
Слични само во бројот на жители и големината на територијата. По сите други параметри - два различни света.Кога ќе се споредат навидум две слични држави Словенија вс Македонија. Словенците разбиваат на секое поле, што ракомет, што кошарка, одбојка за други индивидуални спортови да не правам муабет. А ние ?
Ние може да се спроведуваме со црногорците и босанците, Словенија е далеку далеку пред нас.Кога ќе се споредат навидум две слични држави Словенија вс Македонија. Словенците разбиваат на секое поле, што ракомет, што кошарка, одбојка за други индивидуални спортови да не правам муабет. А ние ?
Кај нив живеат Словенци, кај нас се и сешто.Слични само во бројот на жители и големината на територијата. По сите други параметри - два различни света.
Жими мајка живеат. Во Југославија имаат влезено со 93% етничко словенско население, излагаат со 88%, на првиот попис по војните во Југославија кога се доселуваат луѓе од региони каде беснее војната се 83% по што решаваат никогаш повеќе да не објавуваат статистички податоци за етничко потекло. Значи 25 години, во кои на пример станаа и членка на ЕУ што привлече уште повеќе имиграција кон нив они не објавуваат такви податоци. Масовниот егзодус на наши млади натаму на пример се случува само последниве 5-10 години, а Љубљански факултет е веќе втор факултет во свет по број на Македонци, зад УКИМ, а пред Тетовски, Битолски, Штипски итн. Ако се на 70% од вкупно население сеуште, треба да се среќни. Ние сме на стабилни 60-65% без тенденција на промена во блиска иднина, кај нив кривата сеуште иде надоле.Кај нив живеат Словенци, кај нас се и сешто.
Да ама малцинства им се срби, хрвати, босанци, сега и наши, а нас Албанци, цигани и турци. Има разлика.Жими мајка живеат. Во Југославија имаат влезено со 93% етничко словенско население, излагаат со 88%, на првиот попис по војните во Југославија кога се доселуваат луѓе од региони каде беснее војната се 83% по што решаваат никогаш повеќе да не објавуваат статистички податоци за етничко потекло. Значи 25 години, во кои на пример станаа и членка на ЕУ што привлече уште повеќе имиграција кон нив они не објавуваат такви податоци. Масовниот егзодус на наши млади натаму на пример се случува само последниве 5-10 години, а Љубљански факултет е веќе втор факултет во свет по број на Македонци, зад УКИМ, а пред Тетовски, Битолски, Штипски итн. Ако се на 70% од вкупно население сеуште, треба да се среќни. Ние сме на стабилни 60-65% без тенденција на промена во блиска иднина, кај нив кривата сеуште иде надоле.