Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам зошто се чекаше да не стигнат за да побараме тајм-аут, кога се виде дека тргнаа работите на лошо и почнаа да ни летаат топки од раце...
 
Многу грешки во втор дел, заспаа буквално.
 
Толку спремање на оваа репрезентација од ЕМОФ дома до турнири, па и на јуниорско ЕП. Сега им требаат две победи против Франција и Шведска за да се надеваат на втора рунда.
 
Толку спремање на оваа репрезентација од ЕМОФ дома до турнири, па и на јуниорско ЕП. Сега им требаат две победи против Франција и Шведска за да се надеваат на втора рунда.
Реално, исклучителна тешка е групата, ама ако имаше шанса да се добие некоја од овие три репки беше Словенија. Па после, јавајќи го бранот на таа победа, да се обидеме да дојдеме до поволен резултат против Шведска/Франција.

Ама стварно не ми е јасно како успеале такво водство да прокоцкаат и да одиграат катастрофално второ полувреме. Да примиш само 12 голови, а да дадеш 18 во прво, а после да дадеш само 12, а да примиш 21!? Несфатливо!
 
Претпоставувам пуст балкански менталитет, и готово е победивме. Ако со време нека научат дека се игра до 60та минута
 
Јасно беше уште откако се падна групата (неверојатно е колку беа малер, видете ги сите други групи), ама стварно штета за поразот вчера. Ги имаа во прво полувреме, не ги "дотепаа" кога можеа (а можеа и 10 разлика да водат во прво полувреме ако си ги искористеа шансите). Во второ значително го крена нивото во одбрана Словенија, дојде тремата, почнаа да фрлаат топки в рака кај противникот и брзо се стопи предноста - после беше касно иако беа сеуште во игра до крај. Малку и ја претера Кузманоски со ротации во второ, сите можни бековски комбинации ги изврти од очај. Николовски одличен во прво полувреме, во второ ништо не фати па го сменија - тоа што имавме голман во прво ни помогна ама само едно полувреме не е доволно. Судиите дозволија доста контакт на линија (особено при прием на топка), што со оглед дека ние повеќе играме на пивот не ни одеше во прилог.

Штета стварно, не заслужија да изгубат ама тоа е...

Не е лоша оваа генерација, во некои аспекти потсеќа на 2004та генерација (повеќе интересни играчи без главна ѕвезда), ама во главниот елемент засега не потсеќа - менталитетот да го издржиш притисокот. Николовски, Николоски, Дамчевски, Крстев, Поповски, Ѓоргиевски, Симоновски, Јовиќ...... Ќе видиме до каде ќе се развиваат, не е јасно со оваа генерација во моментот.

Најдобри со Словенија - Крстев (најопасен и најдиректен играч кој го имаме, ама и доста "див" и недисциплиниран, истовремено беше и најзаслужен за добрите моменти и највиновен за лошите кога имаше неколку многу лоши одлуки во напад кога се кршеше предноста) и Вујичевски (пикерот од Куманово, за мене големо изненадување, даде добра партија во два правци - играше 2ка во одбрана иако нема висина).

Поповски и Дамчевски кои требаше да бидат лидери, некако беа затворени и не беа на нивото на кое ни се потребни (иако имаа моменти во одбрана пред се).

Петар Николоски, слично како на младинската олимпијада лани, е најстабилниот играч во екипата - и можеби најважна алка со играта во два правци (најдобар во одбрана, функционален и смирен во напад). Имаше некоја минутажа во Бутел, ќе видиме како ќе продолжи.

Крилата имаа слаб ден, ќе мора да се поправат со Франција и Шведска ако сакаме резултат со некоја од фаворизираните екипи. Тоа е, добивме 3 од најјаките 7-8 екипи на првенството во почетната група. Мора сите генерации колективно да се трудат повеќе за да бидеме во подобар шешир во иднина.
 
Денес, многу слабо со Франција. Парираа 15тина минути и толку едноставно се откажаа, како да не ни очекуваа дека може да се надигруваат.

Французите физички апсолутно доминантни, во оваа возрасна категорија не се ни сеќавам кога последно сум видел толку физички моќна екипа. Неколку подвижни 2 метраши кои играат во два правци... Други експлозивни играчи. Многу добар голман. Нашите изгледаа како да немаат никогаш играно против ваков тип на атлети (што е веројатно и точно), ама тоа не е изговор. Технички не беа до толку квалитетни Французите, можеше да се извади многу покомпетитивен натпревар со подобар пристап (ќе биде интересно да се види ваков тип на екипа колку далеку може да стигне, не верувам до титула, дури и Словенија не би ме изненадило и да ги победи - сигурно нема да се предадат како нашите).

Денес тотално спротивно на вчера, Поповски и Димчевски беа меѓу најдбрите кај нас. Крилата беа пристојни. Костов од друга страна беше катастрофа - изгубени топки, неразумни шутеви.... На пикер скоро ништо не помина. Николовски одбрани неколку пенали, но освен тоа имаше слаба партија - прими еден куп голови што му избегаа од раце, на позициони напади кои треба да ги одбрани. Одбраната во транзиција доста слаба - тука се чувствуваше дека брзо се откажаа од мечот...

Едноставно немаме доволно квалитет за вакво ниво, ниту пак менталитет со кој би извадиле повеќе од она што можеби вредиме. Немаме ѕвезди кои може да повлечат против вакво ниво на протвници. Нема да сме на дното, има послаби екипи, но не ни бега пласман некаде меѓу 10 и 20то место. Немаме квалитет за во топ 10 реално.
 
Што би кажале србите, на западу ништа ново.

Јас искрено и сум океј со тоа ние да се шлепаме некаде меѓу 2 и 3 шешир, и ваљда ќе дојде некој мајчин кој ќе направи ревамп на цела тренерска школа во Македонија па после тоа и ние да пркнеме. Друго чаре не гледам. На страна од услови за тренинзи, работа на ментално ниво и едукација на децата од мали нозе.

Пари што се даваат во фудбал да се пренасочат тука ние на коњ ќе сме
 
Нека се фокусираат да обезбедат пласман на светско. Толку труд вложен во овие играчи би било јалово да завршат под 16-то место. А така може и подобар шешир да фатат плус, што за СП и што за ЕП.
 
Кога ќе се споредат навидум две слични држави Словенија вс Македонија. Словенците разбиваат на секое поле, што ракомет, што кошарка, одбојка за други индивидуални спортови да не правам муабет. А ние ?
 
Слични само во бројот на жители и големината на територијата. По сите други параметри - два различни света.
 
Кога ќе се споредат навидум две слични држави Словенија вс Македонија. Словенците разбиваат на секое поле, што ракомет, што кошарка, одбојка за други индивидуални спортови да не правам муабет. А ние ?
Ние може да се спроведуваме со црногорците и босанците, Словенија е далеку далеку пред нас.
 
Кај нив живеат Словенци, кај нас се и сешто.
Жими мајка живеат. Во Југославија имаат влезено со 93% етничко словенско население, излагаат со 88%, на првиот попис по војните во Југославија кога се доселуваат луѓе од региони каде беснее војната се 83% по што решаваат никогаш повеќе да не објавуваат статистички податоци за етничко потекло. Значи 25 години, во кои на пример станаа и членка на ЕУ што привлече уште повеќе имиграција кон нив они не објавуваат такви податоци. Масовниот егзодус на наши млади натаму на пример се случува само последниве 5-10 години, а Љубљански факултет е веќе втор факултет во свет по број на Македонци, зад УКИМ, а пред Тетовски, Битолски, Штипски итн. Ако се на 70% од вкупно население сеуште, треба да се среќни. Ние сме на стабилни 60-65% без тенденција на промена во блиска иднина, кај нив кривата сеуште иде надоле.
 
Да ама малцинства им се срби, хрвати, босанци, сега и наши, а нас Албанци, цигани и турци. Има разлика.
 
Back
На врв Bottom