СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    104
Заслужена победа денеска и сосема заслужено во целина се шампиони Шпанците.

Од сам старт не очекував многу од Аргентина, дури и додека траеше полуфиналето прокоментирав дека Англија би имала поголема шанса во финале од Аргентинците.

Буквално цело Светско се провлекоа на индивидуален квалитет на Меси. А денеска Шпанците, народски кажано, "им ја сокрија топката", па така Меси беше целосно отсечен од мечот. Топка не чепнаа до 115та минута, а на крај Симеоне дури имаше шанса да ја однесе утакмицата во пенал серија, што ќе беше скроз незаслужено. Се согласувам дека Скалони тотално ја промаши тактиката и слично како Тухел, им даде простор на противниците да се разиграат и да восппстават целосна контрола над мечот.

Шпанија цело Светско си изиграа стрпливо и си чекаа права шанса за гол. Најстабилна екипа од сите, со само еден примен гол. Колку и да знаат да бидат досадни некогаш, како тим се класа над сите други.

Феран Торес е многу потценет играч иначе. Исмеван од трол фудбал фановите пошто знае да утне по некој зицер, ама ликот има многу паметни движења, знае да разигра, да влезе во гол шанса, па даде по 20тина гола за Барса овие 2 сезони. Еве сега реши и финале на СП.

И за крај, Енцо изгледа го има читано @Ska Maniac на форумов, па стварно мислеше дека судијата би му го поништил очигледниот жолт картон за да го изшуткаат Меси до уште една титула. :D
 
Инаку мора да се пофали Кубарси, монструозно првенство, на 19 години е стуб невиден и еден од најдобрите штопери во светот.

Каква комбинација се со Педро Поро. :oleee:

Еве му идеја на Деко за десен бек, а Кунде нека се врати централно.
 
Инаку, предвидување за финалето: Шпанија тепа со контроверзна судиска одлука :cenzura:
Се знаеше ова, само не бев сигурен дали ќе видиме црвен за Аргентина или пенал за Шпанија.

Заслужена титула, сепак далеку посериозни противници имаше Шпанија од Франција на ова СП.

Очекував подобра игра од Шпанија вечерва, ама сепак лесно е да се пише тоа, сепак кога си соочен со пораз малце позезнато е да се отвориш ептен, па така после ПСЖ-Баерн вчера, гледавме малце поконзервативна верзија на Арсенал-Атлетико вечерва.

Воедно, со наградата за најдобар играч на турниров на Родри, можам да му ја простам незаслужената истоимена титула на Меси од СП 2014.

Сосема добар турнир, спроти моите очекувања, да се надеваме на нешто слично во 2030 (y)
 
Незнам кој е поголема жртва вечерва, гледачите, коментаторите, орце или аргентина.

3123.jpg
 
Репрезентација која го има актуелниот освојувач на златна топка не освоила светско. Така и испадна, Франција зз.

Репрезентација со странски селектор не освоила, Англија, Португалија, Бразил го испушија

Репрезентација која е на прво место на ранкинг на ФИФА не освоила - Аргентина

Рецептот е јасен за тие кои сакаат да освојат :icon_lol:
 
Репрезентација која го има актуелниот освојувач на златна топка не освоила светско. Така и испадна, Франција зз.

Репрезентација со странски селектор не освоила, Англија, Португалија, Бразил го испушија

Репрезентација која е на прво место на ранкинг на ФИФА не освоила - Аргентина

Рецептот е јасен за тие кои сакаат да освојат :icon_lol:
Немаме освојувач на Златна Топка
Немаме странски селектор
Не сме прво место на ранкинг на ФИФА

Македонија шампион на следно СП??????????
Автоматски споено мислење:

На последното СП - Аргентина изгуби од Саудиска Арабија на почетокот на првенството

Нека ме потсети некој за 4 години да уплатам на екипата што во прво коло нема да ги победи Куракао/Девствени Острови/Косово

1784508453461.png
 
Во последните 5 светски првенства, 4 пати шампионот од Европа. Во 2030 конечно после 24 години чекање ќе го гледаме светското на европско тло, а зошто не и некоја текма во живо.

Иако не играм комар веќе цела година, сепак си го испочитував тимскиот труд на Шпанците. Нај нај делуваа уште во контролните текми, се осеќаше победничкиот дух и леснотијата со која игра овој тим.

IMG_2983.jpeg
 
Back
На врв Bottom