СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    104
Втора утакмица на која Олисе е невидлив, на првата се протнаја некако, втората му значеше пораз, дефинитивно најдобар играч му е, ако се затвори добро и се отсечи од мечот си завршил 70% работа, Шпанците махери во секој спорт од фудбал, ракомет, кошарка и шо не, пример за сите и треба да учат од нив за да видат која е тајната на успехот, за во сите спортови да си шампион.
Французите тркачи можи и повеќе км истрчаја на крај, ама шпанците тактички далеку подобро потковани на теренот и заслужено победија.
 
Французиве судииве им биле криви. Какви плачки има првенствово, да ти се одмили фудбал. Не е проблем што не постоеа на терен, судиите биле.
 
Том Круз веројатно ќе го кради трофејот без да го фатат, ама што кур ќе прави овој Спид?
Ќе штиклира квоти за присутен црнец

Изненадувачки лоша Франција,и Шпанија си го изигра своето не дека не,ама изненадување е ова,на страна што сега од после сите знаеле дека Шпанија ќе преовладала ќе освоела итн итн. Најмногу треба да им се признае дека ако освојат ќе освојат со actual шпанци во тимот,освен тоа гомцето.

Денес очекувам вистинска утакмица,рамноправна и до крај неизвесна за разлика од тоа вчера,потајно и Англија и Аргентина се среќни што испадна Франција и гледаат повеќе шанса за освојување на светсково.
 
Втора утакмица на која Олисе е невидлив, на првата се протнаја некако, втората му значеше пораз, дефинитивно најдобар играч му е, ако се затвори добро и се отсечи од мечот си завршил 70% работа, Шпанците махери во секој спорт од фудбал, ракомет, кошарка и шо не, пример за сите и треба да учат од нив за да видат која е тајната на успехот, за во сите спортови да си шампион.
Французите тркачи можи и повеќе км истрчаја на крај, ама шпанците тактички далеку подобро потковани на теренот и заслужено победија.
Да шпанците се за пример за спортови, ко Југославија и СССР едно време.
Автоматски споено мислење:

Том Круз веројатно ќе го кради трофејот без да го фатат, ама што кур ќе прави овој Спид?
Трамп наредил да има и кого да апсат светсково.
 
Му кажав на Стек уште во мај месец, ама не ми веруваше. :sakasuste:
Мислев дека Хаусен со Кубарси ќе бидат стоперски тандем.
Како и да е, прејак состав имаат шпанците, они и португалците убедливо најјаки имиња.

Јаките имиња кај Шпанија, што да ти расправам.

"Кажи ми дека не си ги гледал играчите, без да ми кажеш дека не си ги гледал играчите..." :toe:

Ок, кои се тие големи имиња освен оние тројца што ги спомнав, повели објасни. Ајде кажи Гави и да завршиме дискусија.

Освен што немаат светска класа шпиц, на сите други позиции се покриени со прејаки играчи.
Среден ред имаат веројатно најјак на првенството, што и ќе се види на дело.
 
Олисе ќе испадне Францускиот Леао :icon_lol:
 
Чудна е оваа Шпанија, кога ќе ги гледаш не делуваат убедливо ниту нешто посебно непобедливи ..и тоа играчки вака не се којзнае колку добри ако одиме индивидуално.

На приемр десно крило му е Буено кој е просечен играч , онака ниту брзина ниту некоја техника, ниту шут има..ништо..бекови му се ништо посебно..онака добри играчи се Педро Поро и Кукуреља ама не да речиш врвна класа..ама доволно добри дефанзивно и да клоцаат/маваат.

Нападот му е Орјазабал кој е спор како желка и нема некаков посебен квалитет..онака освен шут со левата нога, и движење без топка, ништо друго посебно....реалистично ако беше поквалитетен малце ќе го купеа барем Атлетико Мадрид или некои Премиер Лигашки тимови.

Јамал и Родри кои се неспорна класа играчи доаѓаат како полуповредени во климава форма и како неподготвени физички делуваат за моменти ..со други зборови далеку од прајм.

Педри делува како потрошен и уморен од многу натпревари што има изиграно во сите категории години наназад , Руиз не е во прајм и игра во полоша форма од лани, Лапорт од Саудиска Арабија во којзнае каква форма, Кубарси е добар ама неискусен релативно за вакви натпревари..единствено Олмо игра стандардно и одлично ако ги земиме сите параметри за индивудален играч и е релативно во форма.

Ама сето ова компонирано во тим делуваат како непробоен камен ...што ти прави организацијата и системот секоја чест.
 
Немам поим дали е вистина, ама тоа нема да ме спречи од постирање:

1784109535269.png


Му кажав на Стек уште во мај месец, ама не ми веруваше. :sakasuste:
А и за последниот дел, иако немаат светска класа шпиц, Ојарзабал е маестрален во својата улога, уште од квалификации наваму. Тешко е да се замисли репрезентацијава со класичен шпиц дури
Автоматски споено мислење:

Оваа глупост со давање мундијал на нефудбалски земји, не смее да се повтори.

Панаѓур тотален успејаа да направат од настанот.
А кој гарантира дека е ова 'америчка' работа, а не ФИФА работа?

Демек ако првенствово се одржуваше во друга земја, одеднаш ФИФА ќе се откажеше од привлекување на нефудбалски фанови како потенцијални гледачи?
 
Оној Лакроа што влезе наместо Салиба , поише личи на Салиба од самиот Салиба. Да земе да облече дрес на Арсенал никој нема да примети. Едино што перформансот ќе го издаде како што беше случај и вчера.
 
Чудна е оваа Шпанија, кога ќе ги гледаш не делуваат убедливо ниту нешто посебно непобедливи ..и тоа играчки вака не се којзнае колку добри ако одиме индивидуално.

На приемр десно крило му е Буено кој е просечен играч , онака ниту брзина ниту некоја техника, ниту шут има..ништо..бекови му се ништо посебно..онака добри играчи се Педро Поро и Кукуреља ама не да речиш врвна класа..ама доволно добри дефанзивно и да клоцаат/маваат.

Нападот му е Орјазабал кој е спор како желка и нема некаков посебен квалитет..онака освен шут со левата нога, и движење без топка, ништо друго посебно....реалистично ако беше поквалитетен малце ќе го купеа барем Атлетико Мадрид или некои Премиер Лигашки тимови.

Јамал и Родри кои се неспорна класа играчи доаѓаат како полуповредени во климава форма и како неподготвени физички делуваат за моменти ..со други зборови далеку од прајм.

Педри делува како потрошен и уморен од многу натпревари што има изиграно во сите категории години наназад , Руиз не е во прајм и игра во полоша форма од лани, Лапорт од Саудиска Арабија во којзнае каква форма, Кубарси е добар ама неискусен релативно за вакви натпревари..единствено Олмо игра стандардно и одлично ако ги земиме сите параметри за индивудален играч и е релативно во форма.

Ама сето ова компонирано во тим делуваат како непробоен камен ...што ти прави организацијата и системот секоја чест.
Замисли да беа во прајмот и форми без повреди. :D
 
Секоја чест за Шпанија :cuc:

Како што реков, најлош мечап за французите е оваа Шпанија, тактички поткована, со малку ѕвезди, со многу јака поставеност, трчање, покривање, гризење. Класика турнирска репрезентација, она што ти треба на едно светско за да одиш до крај.

Е сега... да не бидеме премногу критични кон французите. Кој што сака нека каже, ама тие имаат врвен квалитет, единствена репрезентација која може и Б тим да постави кој ќе ги помине групите. Да, можеа повеќе, да генерацијата им е јака, едно светско освоено не делува многу, ама сепак тоа е престрого гледање на работите.
Мислам, на европските првенства киксираа и тоа е факт, ама светските ги изиграа супер. 2018 злато, 2022 загубија на пенали во финале, при што да не заборавиме дека тие ја имаат колосалната шанса за победа во 122ра минута. Оваа светско играа одлично, напаѓачки, интересно и убаво, просто налетаа на многу спремна Шпанија, која им го најде скалпот, им се погоди рано случајниот пенал и тоа е, таков е фудбалот.
Не може да се очекува 3 светски по ред да освојат или да се критикува што не освоиле 2 од 3, не е ова конференциска лига. Дури и Бразил со Пеле и Роналдо ги нема освоено сите првенства на кои играле, не може да очекуваме другите репрезнтации да спијат, а Франција наеднаш да стане непобедлива.

Тоа кажано, ова реално отвора шанса и за една од двете репрезентации вечер. Тврдам дека Аргентина и Англија би имале многу помалку шанси против Франција, отколку против Шпанија. Како што фуријата е лош меч ап за Франција, така французите се ептен тежок противник за англичаните или аргентинците. Од друга страна, Шпанија нема да може со истиот пристап, можеби против Аргентина да, ама против Англија тешко ќе воспостават таква игра како вчера, од проста причина што Англија е таа која ќе сака да стои зад топка, која ќе игра на резултат.

Во секој случај, би преферирал Шпанија-Аргентина финале, некако не ми се гледа реприза од европското. Од друга страна, Англија нема да добие подобра шанса за злато на светско во следните 20 години.
 
Back
На врв Bottom