Секоја чест за Шпанија
Како што реков, најлош мечап за французите е оваа Шпанија, тактички поткована, со малку ѕвезди, со многу јака поставеност, трчање, покривање, гризење. Класика турнирска репрезентација, она што ти треба на едно светско за да одиш до крај.
Е сега... да не бидеме премногу критични кон французите. Кој што сака нека каже, ама тие имаат врвен квалитет, единствена репрезентација која може и Б тим да постави кој ќе ги помине групите. Да, можеа повеќе, да генерацијата им е јака, едно светско освоено не делува многу, ама сепак тоа е престрого гледање на работите.
Мислам, на европските првенства киксираа и тоа е факт, ама светските ги изиграа супер. 2018 злато, 2022 загубија на пенали во финале, при што да не заборавиме дека тие ја имаат колосалната шанса за победа во 122ра минута. Оваа светско играа одлично, напаѓачки, интересно и убаво, просто налетаа на многу спремна Шпанија, која им го најде скалпот, им се погоди рано случајниот пенал и тоа е, таков е фудбалот.
Не може да се очекува 3 светски по ред да освојат или да се критикува што не освоиле 2 од 3, не е ова конференциска лига. Дури и Бразил со Пеле и Роналдо ги нема освоено сите првенства на кои играле, не може да очекуваме другите репрезнтации да спијат, а Франција наеднаш да стане непобедлива.
Тоа кажано, ова реално отвора шанса и за една од двете репрезентации вечер. Тврдам дека Аргентина и Англија би имале многу помалку шанси против Франција, отколку против Шпанија. Како што фуријата е лош меч ап за Франција, така французите се ептен тежок противник за англичаните или аргентинците. Од друга страна, Шпанија нема да може со истиот пристап, можеби против Аргентина да, ама против Англија тешко ќе воспостават таква игра како вчера, од проста причина што Англија е таа која ќе сака да стои зад топка, која ќе игра на резултат.
Во секој случај, би преферирал Шпанија-Аргентина финале, некако не ми се гледа реприза од европското. Од друга страна, Англија нема да добие подобра шанса за злато на светско во следните 20 години.