СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде светски првак?


  • Вкупно гласачи
    113
  • Гласањето ќе се затвори: .
Јасно ми е дека Аргентина е unlikeable тим, главно ради играчи као Де Пол, Ромеро па ваљда и Енцо, немаат многу неутрални фанови, се тоа океј. Али страшно е у каква шизофренична епизода е влезен пола твитер, урлања и лелекања еве уште малце 24 саати, или поточно, нешто помалку од 4 цели години од финалето во Катар.

1. Откога постои ВАР, такви голови како вчера тој на Зико редовно се поништуваат. Фаулиран беше играчот на Аргентина, буквално на нога му стапна тој од Египет. Во тој момент почнуваше акцијата по што следеше голот, не врати 3 акции наназад, истата акција беше по која што падна голот. Пред ВАР, веројатно ќе поминеше.

2.


Сериозно? :ROFLMAO: Сериозно за ова се лигави цел твитер? Ова е чист дајв и жолт картон за Салах, истото го изјави и Колина денес.

3.


Ова што никој не го спомнува е 10x поголема судиска грешка од било што друго на натпреварот. Според
IFAB law 12: The Continuous Foul Exception: If a defender starts holding or pulling an attacker outside the penalty area and continues holding them inside the penalty area, the referee must award a penalty kick.

Срамота е возрасни мажи да се лигават као деца после секоја утакмица на Аргентина, или греота сеедно.

Тој циркузантот тренер на Египет место да седне и да размисли што му се случи со тимот, што го изеде веројатно најголемиот блам у последниве 20сетина години после Милан во Истанбул, тој земал се лигави по медиуми.
 
Ајде вака кога е слободен ден, да пишам дека репрезентативниот фудбал оди во насока на клупскиот.
Порано се знаеше.
Јак играч си? Јебига, ако си од лоша земја тоа е, што да праиме.

Сега, кога живееме во храбриот нов свет на мултикултурализмот, ќе гледаме се повеќе ситуации каде ќе има наддавање за квалитетни играчи.
Нели, не дека претходно немало такви ситуации, но фактот што стигна ситуација до тоа Мароко да има 11 играчи што не се ни родени во Мароко е сосема доволна причина да се прави муабет за ова.

Се почесто ќе гледаме ситуации каде што моќни федерации ќе 'крадат' таленти и се почесто ќе гледаме мали репрезентации како молат за одбиеното од гореспомнатите федерации. Па и ние сме пример за ова, побогу некој ако имал 3 настапи за Србија у 19 кај нас е гледан како спасител, а да не збориме за тоа што... шо знам. Централна Афричка Република ќе гледа да добие 435 најдобра опција на Франција и тоа ќе го гледа како спас.

Исто така, да не збориме и за расистичките напади што некои играчи ќе ги добиваат, па тука ќе се отвори цела друга "кутија со црви" од аспект на проблеми.
Најдобар пример за ова е:
1783524627520.png

Роден во Кројдон, Англија. Порааснат во Англија, учи во Англија, настапвуа за Англија, почнал кариера во Англија.
И што прават некои? Му викаат "aa ovoj ne e anglicanec"
И заслужено добиваат хејт, па потенцијални банови од натпревари и што ли уште не.

А не, чекај, сепак испадна дека не бил Англичанец и си заврши во ДР Конго
1783524762737.png

Од друга страна пак, замислете ја ситуацијата во Африканските земји.
Или не. Баталете Африкански земји. Еве, земете ја Македонија.
Па секогаш кога ќе имаш ситуација некој 'Американец' да дојде во Македонија, тоа е контроверзна ситуација бидејќи "Па немаме ли наши??? Што ќе ни е овој од МЛС??? Ене го овој у македонска лига викнете го..." - а и со право, деморализира тоа играчи во помали земји, знаејќи дека се мачиш, одиш преку младинските категории и тебе местото ти го зема некој што се родил во подобра земја со подобри услови да успее и сега ќе те тргне на страна...само поради тоа што имал прабаба во Белимбегово.

А се почести ќе бидат овие ситуации. Фактот што многу фудбалери имаат интернационална кариера значи дека е лесно да имаш:

Фудбалер од Холандија, со мајка од Белгија и татко од Холандија, напрвил трансфер во Англија, каде запознал Португалка, детето им се родило во Англија, па направил фудбалеров трансфер во Русија каде што ја завршил кариерата и продолжил да живее, и сега неговото дете технички има шведска маса да бира за која репрезентација да игра. (без при тоа да додадеме фиктивно сценарио каде што мајка му исто има некој од друга фамилија)

Донкастер купија нов голман. Белец, да не го мислите. Џош Кларк.

Во својата кариера има до сега настапувано за репрезентациите на Шведска, Англија, Република Ирска и Северна Ирска

1783525165282.png

Овој човек има настапувано за ЧЕТИРИ РАЗЛИЧНИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ...........а четвртата различна репрезентација го има повикано на негови СЕДУМНАЕСЕТ години.
ttps://en.wikipedia.org/wiki/Josh_Clarke_(footballer,_born_2004)

И се ова ќе биде се почесто и почесто.


Со што се уништува концептот на интернационален фудбал.

Каде што нели, поентата е - Која нација има најдобар фудбалски тим/школа/систем/итн

Мароко. Не ни им треба школо. Не им треба систем.
Ги собираат играчите кои се калемени во школите на Ајакс, Феенорд, Андерлехт, Бриж, ПСЖ, Марсеј, Барселона и Реал Мадрид и после тоа само ги ставаат на терен. Буквално не мора ни ист јазик да користат. "Best of" тим на играчи што имаат одлични услови таму каде што учеле да играат фудбал и да прераснат во сериозни играчи. А тоа не е Мароко.
Кај нас го имаме Пандев, кој сигурно ако своите јуниорски почетоци ги започнал во Анкона, а не кај Бате Ване во Беласица, ситуацијата ќе беше поинаква.

Не знам, го пишувам ова како мини-анализа, без никаква поента, без притоа да имплицирам дали е негативно или позитивно. Едноставно се случува.
Ама паметам дека порано можев да гледам фудбал и да кажам "Aаа Шпанија се добри, имаат добри школи они" или "Англија има култура за фудбал, браво", ама сега кога некоја репрезентација ќе успее, порелевантно ќе биде да кажеш "Ааа браво, имаат добро министерство они, даваат пасоши на таленти" или "Ааа браво, они се бивша колонија, имаат поробено земји што сега даваат талентирани играчи, браво за тоа како паметно колонизирале!"

"eeee brat otsekogas bilo taka ama ne pamtis"
Не. Не било, ниту е. Зборам за тоа како што ќе биде ептен често за 15-20 години од сега. А и слободен ден на првенствово е, опушти се, не го сфаќај преозбилно.
 
Се наметнува прашањето дали фаулот на 90м од голот на аргентина би бил досуден во обратен случај, т.е. аргентина да постигнеше гол додека египјанин се превиткува на 90м од противничкиот гол. Мислам дека е реторичко прашање но останува да видиме. Се кладам дека Гранит Џака ќе добие црвен во комбо со пенал :icon_lol:
за да дадат гол, му ја земаа топката
за да му ја земат топката - го фаулираа
 
Јас имам 39 години, ти имаш 39 години. Јас сум ГОАТ на мојот спорт, ти си ГОАТ на твојот спорт.
Јас имам се освоено, ти имаш се освоено.
Јас цело време сум саботиран од светската федерација поради моите успеси, ти секогаш си поддржуван од светската федерација поради твоите успеси.
Не сме исти.
Screenshot_20260708_181818_Instagram.jpg
 
Јасно ми е дека Аргентина е unlikeable тим, главно ради играчи као Де Пол, Ромеро па ваљда и Енцо, немаат многу неутрални фанови, се тоа океј. Али страшно е у каква шизофренична епизода е влезен пола твитер, урлања и лелекања еве уште малце 24 саати, или поточно, нешто помалку од 4 цели години од финалето во Катар.
На големо се збори дека ПР агенции плаќале да прават антикампања против Аргентина и Меси, доста ботови има со нови акаунти и со многу лајкови, доста акаунти што никогаш не пишувале за фудбал почнаа да пишуваат за "корупцијата" на Аргентина. Така да не те чуди ова, сега веќе е доста приметно.

Најмногу се забележа против Капо Верде каде буквално немаше ниту една спорна одлука, а пак имаше хистеришање на твитер, дури измислувања дека не бил досуден пенал, па измислени изјави од играчите на Капо Верде дека се бореле со корупција и тн. Е сега кој и зошто би плаќал да се прави кампања против Аргентина и Меси, и како тоа само со корупција победувале е навистина голема мистерија. :гик:

I wonder who that could be? :свиркам:
 
Се наметнува прашањето дали фаулот на 90м од голот на аргентина би бил досуден во обратен случај, т.е. аргентина да постигнеше гол додека египјанин се превиткува на 90м од противничкиот гол. Мислам дека е реторичко прашање но останува да видиме. Се кладам дека Гранит Џака ќе добие црвен во комбо со пенал :icon_lol:
Не само што се наметнува прашање туку истото прашање има и оговор.
У групната фаза Аргентина против Австрија прават таков фаул и тргаат во контранапад и даваат гол и ништо не е досудено.

У сличајов кај Египет, египќаниве прават фаул (?) и тргаат у контра, поминуваат 30 - 40 секунди и даваат гол и тогаш судијата свири фаул и го поништува голот. :pos: :pos:
Ако утнеа египќаните секако немаше да свири затоа што не смее никој да ги елиминира милениците на инфантилниот.
 
Јас имам 39 години, ти имаш 39 години. Јас сум ГОАТ на мојот спорт, ти си ГОАТ на твојот спорт.
Јас имам се освоено, ти имаш се освоено.
Јас цело време сум саботиран од светската федерација поради моите успеси, ти секогаш си поддржуван од светската федерација поради твоите успеси.
Не сме исти.
Прегледај го приврзокот 481990

Ма немој , со Капе Верде играше 120+ минути , доста го хејтате Анкара Меси!
 
Јасно ми е дека Аргентина е unlikeable тим, главно ради играчи као Де Пол, Ромеро па ваљда и Енцо
Заради Емилијано Мартинез, тука!
Автоматски споено мислење:

Јасно ми е дека Аргентина е unlikeable тим, главно ради играчи као Де Пол, Ромеро па ваљда и Енцо, немаат многу неутрални фанови, се тоа океј. Али страшно е у каква шизофренична епизода е влезен пола твитер, урлања и лелекања еве уште малце 24 саати, или поточно, нешто помалку од 4 цели години од финалето во Катар.

1. Откога постои ВАР, такви голови како вчера тој на Зико редовно се поништуваат. Фаулиран беше играчот на Аргентина, буквално на нога му стапна тој од Египет. Во тој момент почнуваше акцијата по што следеше голот, не врати 3 акции наназад, истата акција беше по која што падна голот. Пред ВАР, веројатно ќе поминеше.

2.


Сериозно? :ROFLMAO: Сериозно за ова се лигави цел твитер? Ова е чист дајв и жолт картон за Салах, истото го изјави и Колина денес.

3.


Ова што никој не го спомнува е 10x поголема судиска грешка од било што друго на натпреварот. Според
IFAB law 12: The Continuous Foul Exception: If a defender starts holding or pulling an attacker outside the penalty area and continues holding them inside the penalty area, the referee must award a penalty kick.

Срамота е возрасни мажи да се лигават као деца после секоја утакмица на Аргентина, или греота сеедно.

Тој циркузантот тренер на Египет место да седне и да размисли што му се случи со тимот, што го изеде веројатно најголемиот блам у последниве 20сетина години после Милан во Истанбул, тој земал се лигави по медиуми.
Неспорно е се ова. За мене спорно е само зошто во случајот со Египет немаше прегледување на снимката, како со Аргентина. Единствено тоа фрлаше зрак сомнеж, ништо друго.
 
Back
На врв Bottom