Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Кина намерно го успори наталитетот. Феминизмот, ЛЏБТ либерализам и други срања се најголемиот причинител на нискиот наталитет. Порано девојките се мажеле на свои 20сет години во најплодните години кога телото е во најдобра форма. сега поради феминизмот и модернизмот срамота е некоја да се мажи на 20. Па после ќе се мажат на 40 па ќе се влечкаат по клиниките за плодност каде шо ќе ги тилтуваат со хормони за да го задржат плодот. Ево ти дај друго објаснување зошто кај белците наталитетот е најнизок?За Кина ти кажав.
Има перцепција дека во мејнленд Кина наталитетот е успорен поради политика на едно дете, али не е точно дека тоа е изворот. Тајван и Хонг Конг ја немала истата политика, а стапката на наталитет им е пониска од мејнленд Кина. Во Азија наталитетот е најнизок, тек после е западот.

Зошто Азија и Европа/Америка има низок менталитет? Погоре е објаснето (спарување, немање финансиска независност и пазарни прилики), али поопширно за дете да ти просперира во западен систем треба многу да инвестираш во него, а тоа е доста скапо. Најдобрите основни школи на запад како Велингтон и Филипс Ексетер ти се меѓу 50.000$ и 70.000$ по година. Од градинка до факс, ова ќе те кошта милион како од шала. Овие цени и за милионери се солени. Дури и да не идат во вакви школи, инвестирање во јазици, курсеви за програмирање, спорт, скапа работа е, а тек па за 5 деца. Па тек стан да им земеш. Двајцата родители мора да работат. Најголем дел размислуваат вака: боље да имам едно или две деца што ќе живеат удобно, него 5 да рмбаат ко робови и да се мачат цел живот.

Друго, Кореа, Јапонија, и другиве развиени земји имаат низок наталитет али луѓето им живеат најдолго (живеат во просек до 85 години) додека во Нигерија и Мали, просек ти е 55 години. До други зборови, развиени земји = долг живот и низок наталитет. Земји во развој = пократок живот и висок наталитет.

Можеш и сам да се запрашаш: не си ЛГБТ ни феминист, што те спречува да имаш 5 деца? Исто прашање и за @Ron Burgundy

Mozi i da se podatoci i od sevisniot licno, apsolutno nisto ne mi znacat.
Ти давам податоци од луѓе што живот посветиле на ова, ти ми викаш “како не, појма немаат, чекај ја да ти кажам”. Ај ако не да си измишљаме факти пошто не ни се свиѓаат овие? :icon_mrgr:

Prvo sto podrazbiras pod sparuvanje, nesto kako od denes sme vo vrska ili taka nesto ? :cautious:
Се мисли на врска или дејтање.

I pobitno, kako se najdvat ovie za klecanje da se isklecat ako ( ova se tvoi zborovi ili zborovi na toj ekspertot sto si go citiral ) помалце трошење време на реална комуникација (барање партнер) ako ne komuniciraat i ne se vidat vo zivo. Si kleckal dosega , valjda znaes deka za toa treba i da se dogovoris i da se vidis vo zivo. Vo slucaj da nemas klecano pa mlatis prazna slama, da bas taka odi postapkata dali toa bilo za zenska za ozbilno , svalerka, za edna vecer ili kako sakas .
Просек е во прашање. Не викаат дека нема спарување, него дека има многу помалку од предходно. Се мери тоа статистички (број на склучени бракови, прашалници, интервјуа, цели методологии има и луѓе што тоа им е работа да го пратат). Овој дел не е толку спорен. Се спори околу извори на низок наталитет. По тебе, еве кај нас зошто нема наталитет како во Нигерија на пример? :pivo2:
 
Последно уредено:
Има разлика меѓу стабилизирање и драстичен пад на популацијата. На никој не му одговара тоа, па ни на богатите. Ќе почне да гледаме проблеми за некој 20,30 години, и ќе треба да се прават тешки решенија. А со тешки решенија многу лесно може некој да падне од тронот.

Ако не им одговараше на богатите, ќе направеа прераспределба како што направиле во 50-те кога следел бејби бумот.

Ама, не. Не им одговара.
Напротив.
Удираат и понатаму со стратегија да се намалува наталитетот.

Доказ за ова е што пред некоја година Ј.Америка и Азија беа во дебел плус, сега се едвај во позитива некои земји, а другите се под граница.
 
Му се допаѓало некој на тоа или не, факт е дека голем удел за демографските падови се ЛГБТ, прогресивизмот.. итн. Не бива да се вадиме со тоа дека нема пари, нема услови итн. Апсолутно скоро сите држави се побогати во 2026 отколку во 1980.
 
Нема сенс. По оваа логика, зошто Норвешка има поголем наталитет од Албанија? Албанија е конзервативна, Норвешка е доста либерална. Или на пример, зошто Словенија има поголем наталитет од Косово? Русија има помал наталитет од Холандија. По оваа логика ако ЛГБТ идеологии имале удел во наталитет, ќе беше обратно. Белорусија и Јапонија немаат ни Л од ЛГБТ, ни Ф од Феминизам (патријархални средини се) а се земји со најнизок наталитет во свет.

Тргни од себе. Еве ако не си ЛГБТ и прогресивец, зошто немаш 5-6 деца? Што те спречило да направиш големо семејство и како било која идеологија ти попречува пат?
 
Што дрога користиш?
Ухо лепак. Каква врска има тоа со демографија? Ова ти се официјални бројки од податоци на Обединети Нации. Косово има помала стапка на наталитет него Словенија.

Screenshot 2026-07-08 at 10.43.29.png
Еве ти и линк.
 
Како не работело.
Затоа вадат статистики дека 70% од мигрантите не работат и живеат од социјална помош.
Не збориме за бегалци, туку за тие што дошле со визен систем и со ред други процедури за да се продуктивни интегрирани членови на општеството.
На феминизмот и хомосексуализмот деновите им се одбројани. Дури и аи да го прашаш ќе ти рече дека за 20 години колапс иде. Први на листа пензиските фондови. После тоа и примањата со оглед на тоа дека економијата се намалува. Еве и сега се гледа, насекаде инфлација но примањата се тие. Се надеваат дека со АИ ќе заменат све, но тоа e wishful thinking само.
Не им се одбројани, тие се излезени од кутијата на пандора, и сеа нема враќање. Сите ќе си сркаме што сме си надробиле затоа што сме дале надмоќ на нивното лоби, а они ќе си патат од тоа што сакале да го постигнат. Сума сумарум сме у еден кош таму.
Нема сенс. По оваа логика, зошто Норвешка има поголем наталитет од Албанија? Албанија е конзервативна, Норвешка е доста либерална. Или на пример, зошто Словенија има поголем наталитет од Косово? Русија има помал наталитет од Холандија. По оваа логика ако ЛГБТ идеологии имале удел во наталитет, ќе беше обратно. Белорусија и Јапонија немаат ни Л од ЛГБТ, ни Ф од Феминизам (патријархални средини се) а се земји со најнизок наталитет во свет.

Тргни од себе. Еве ако не си ЛГБТ и прогресивец, зошто немаш 5-6 деца? Што те спречило да направиш големо семејство и како било која идеологија ти попречува пат?
Албанија и Косови имаат повеќе иселеници, а луѓе се селат у насока на Норвешка и Словенија. Русија сеа покрај војнава има спад нормално (жртви + иселеници кои не се согласуваат со политиката) а Холандија има доселеници. Белорусија и Јапонија се жив пример како ќе изгледаат државите без доселеници. Додај ја тука и Ј. Кореа.
 
Али податоциве се конкретно за раѓање (fertility, колку деца се раѓаат по жена во плодни години), не е цензус (што мери број на популација, што вклучува и разлика на иселеници/доселеници). Овде збориме само за раѓање.
 
Да да, сакам да кажам се доселуваат и раѓаат у државата во која што се доселиле.
 
Унгарија до скоро беше бастион на конзервативност, меѓутоа нивниот наталитет беше исто така низок.

Не игра улога зашто луѓето живеат многу послично во различни држави него самите политики на државите .

Сепак да не се правиме будали, Холандија и Франција пример, имаат повисок наталитет поради мигрантите кој уште не се културолошки на тоа ниво. Има треба бар една генерација за да се нормализираат.
 
Да да, сакам да кажам се доселуваат и раѓаат у државата во која што се доселиле.
Тоа е фер, али ако просекот им е испод Норвешка и Словенија, они би имале помалце деца дури и надвор ако се иселат (можеш да имаш висока стапка на иселување и пак наталитетот да е визок, да се раѓаат доста бебиња).

По мене, економскиот аргумент најмногу има смисла: повеќе се работи (повеќе саати), животот е поскап, и ради тоа фамилиите бираат помалце деца. Одозгора на тоа, додади дека има помалце парови, и ова што го гледаме има сенс. Од 60ти, просечни примања на светско ниво растат доста нагло (луѓето работат повеќе саати, државите се урбанизираат), а во исто време наталитетот паѓа (пошто фамилиите не бираат да имаат 7 деца во мал стан и да живеат на трошки секој месец, него одат со едно до две деца и гледаат економски да се поудобни).

images.jpg
images.png
 
Немаме повеќе пари.
Луѓето не се по богати. По сиромашни се.

Споредете кои биле можностите на една фамилија од 60-те до 90-те, и кои се денес, па ќе го видите проблемот.

Тоа што татко ви и дедо ви сам можеш да го овозможи, сега заедно со сопругата двајцата не можете.
 
Ова апсолутно не е точно, освен ако твоите не биле транзициони лопови. Тогаш да, можностите во 90ти биле неограничени. За останатите било корка леб. Пола населба беше без работа.

Не е точно ни во Македонија, а не па земји како Финска, Норвешка или дури источните - Полска, Чешка. Жителите на овие земји објективно ги имаат најдобрите услови во светот, и драстично подобри услови од нивните родители, баби и дедовци.

Фактот дека средната класа има многу повеќе можности сега е причината што немаат деца. Затоа и секоја статистика поврзана со економија е обратна од тоа што го зборите - подобра економија = помалце деца. Порано децата биле најголемото задоволство. Сега имаш милион можности да си го трошиш времето.
 
Ти давам податоци од луѓе што живот посветиле на ова, ти ми викаш “како не, појма немаат, чекај ја да ти кажам”. Ај ако не да си измишљаме факти пошто не ни се свиѓаат овие? :icon_mrgr:
Ima ljuge sto zivotot go posvetile na teoriite na ramna zemja, i so so toa ?
Автоматски споено мислење:

Просек е во прашање. Не викаат дека нема спарување, него дека има многу помалку од предходно. Се мери тоа статистички (број на склучени бракови, прашалници, интервјуа, цели методологии има и луѓе што тоа им е работа да го пратат). Овој дел не е толку спорен. Се спори околу извори на низок наталитет. По тебе, еве кај нас зошто нема наталитет како во Нигерија на пример? :pivo2:
Vo Nigerija najverojatno ne gi tintrat zenite do tolku. I kaj nas i bilo kade duri ne gi tintraja, natalitetot si bese ok :toe:
 
Последно уредено:
Парите се исти, вашите задоволства се преголеми. Вашите родители не трошеле еден куп пари за облека, телефони, одмори, кафани, кафиња. Затоа и можеле повеќе деца да издржат.
Со социјалните мрежи се појави нов феномен на комплекс каде што секој се натпреварува да го има најдоброто, најскапото гледајќи ги другите. Во тоа се губат парите, во натпревар меѓу нас кој што постигнал и што има.

Социјалните мрежи исто донесоа феномен каде што жените се тие што веќе бираат, не мажите.
Пред тоа многу знаеле кој каков капацитет има, каков карактер и какви финансии, им требало време да откријат. А за да го откријат требало машкото да и пријде и да помине време со него. Веќе кога ќе помине време со тој, може и да заглави за цел живот со него.
Сега со отварање на интернет може многу лесно да дознае. И нормално ќе се стреми на најдобрите, а на другите нема да им даде шанса. Така тие ќе бираат до 30ти кога ќе им дојде биолошкиот часовник и тогаш ќе почнат да ги намалуваат стандардите се повеќе и повеќе. Ама веќе на тие години шансите за деца се помали. И да родиш едно после 30ти, ќе немаш време за второ, трето.
 
Back
На врв Bottom