На крај ќе излези и глобалното затоплување дека е проблемот.
А проблемот е едноставен...
Колку едно општество е понапредно, толку помала потреба има за оставање на големо потомство.
Или како што некој пиша, им се нарушуваат условите на живот со секое наредно дете.
Тоа се најчесто средна класа на луѓе кои живеат по градови, имаат 45м² стан, на кредит, двајцата мора да работат за да преживеат, и не се спремни да си го нарушат и тој мал комфор за уште едно дете, оти ќе паднат во следната група кои се на раб на сиромаштија.
Е овие се тие што сеуште се котат како зајци, затоа што се на ивицата на здравиот разум, немаат никаков сенс за комфор, иднина, да им овозможат било што на тие деца.
И на крај ги имаме богатите каде што комфорот не им е загрозен, најчесто имаат лежерен живот и не мора партнерката да работи, тука е да раѓа и да е домаќинка. И ако работи нешто, тоа ќе биде онака, као за хоби, без никаков притисок. Е ваквите најчесто имаат 2-3, па и повеќе деца.
Факт е дека моментално сме пренаселени и дека активно, па веќе и јавно се работи на намалување на наталитетот.
Тогаш, кој највеќе може да им го наруши комфорот на богатите, и да издејствува политичко-социолошка промена?
Па, секако овие од среднава класа.
Затоа и ги држат на било кој начин заглавени во кругот во кој се, без поголема перспектива, а сепак да имаат доволно за да не се бунат.
Овие што се на раб на сиромаштија највеќе им требаат за физичка работа, оти мора и тоа некој да го работи.
По потреба ги покосуваат со вируси, епидемии, војни и контаминации.
Кога ќе имаат практично решение што може да ги замени, ќе им најдат "лек" и нив да не се множат толку.
Ама прво треба да ја средат "средната класа".