Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Одговорот на ова прашање воопшто не е едноставан, се работи за едно од најкомплексните прашања. Не паѓа само белото население, најголемите негативни стапки се кај јапонците, корејците, кинезите. Денеска излезе податок дека ТФР во нигерија од 6 паднал на 4. за 20тина години ако продолжи трендот ќе падне под 2.
И ќе падне и во Нигерија и сегде за брзо, освен ако не се случат некој тектонски промени во светот. Комплексно делува зашто луѓето тераат агенда, и бутаат секакви ставови, па можеш да прочиташ разни причини, од ЛГБТ до климатско затоплување.
Автоматски споено мислење:

Мислат повеќето дека ќе бидат forever young и дека тоа можат да го одложуваат недогледно. Немаат чувство за ургенција. Затоа жена за династија тешко се наоѓа.
Немаат ургенција зашто им е сеедно, или во најмала рака не толку битно. И тоа важи и за мажи и за жени.
 
Поедноставување на проблемите води кон поеднаставување на одговорите и донсесување на едноставни решенија. А тоа значи нерешавање на пробемот
Луѓето не сакаат деца. ОК, тоа е точно.
Зошто луѓето не сакаат деца? Кои фактори делуваат на тоа? Кои се причините за немање желба да се има многу деца? Што е променето во однос на времињата кога луѓето сакаа деца?
Како и што да се промени па луѓето не само да сакаат деца туку активно да работат на тоа случајот? Дали времињата на многудетски семејства се поминати? Итн...
 
Причнината е културолошка, модерниот живот, со сите придобивки, ги прави децата непожелен товар. Затоа и луѓето декларативно викаат дека сакаат деца. Тоа е точно, но не по цена на нарушување на квалитетот на живот. Децата не се веќе приоритет, туку секундарна работа. Тоа е драстично сменето од времето на нашите родители, кога децата биле приоритет, па потоа личниот квалитет на живот. Немало толку можности за уживање.
Затоа и сиромашните/богатите статистички имаат повеќе деца. Кај нив не мења - квалитетот на живот останува ист.

Со развој на државите, кревање на стандардот, паѓа наталитетот. Нема развиена земја со позитивен наталитет (освен Израел). Со интернетот само е убрзан процесот, и тие во најутепаното село може да видат може да видат како може да се живее. Но и без тоа резултатот ќе беше ист, само поспоро.

Сега за сега, нема ниедна мерка која дала резултати. Општествата треба да се навикнат на намалување на популацијата, и справување со тоа. Или правење посебна каста на луѓе со деца, кој би уживале доста поголеми привилегии од останатите.
 
Последно уредено:
Тоа е точно, но не по цена на нарушување на квалитетот на живот.
Јас мислам дека е малку поинаку.
Подобриот квалитет на живот го зголемува животниот век и со тоа ургенцијата за имање деца е намалена.
Порано ако умирале на 40 кога немало болници а имало секакви болести и невољи гледале што порано да имаат што повеќе деца со надеж дека нема и тие да бидат покосени од некоја треска. Затоа имаме толку Стојановски како презиме.
 
Секој што се нечка околу деца, треба само да се прошета низ градски парк и плоштад и да си ја види иднината.
Ниедна субвенција и даночно олеснување нема да набие ургентност како тие сцени. :D
 
има уште една работа, а тоа е дали човек воопшто не сака да има деца или не сака да има над 2, 3, 4 итн. Мнозинството родители се задоволува со едно, две, ретко повеќе деца.
 
Кој се тие бројки, и како го мерат тоа, општества каде некој сака да има деца? Многу луѓе ја мозгаат работата, а реално треба само да погледне окулу себе. Ние, нашите, тие пред нив.
Можеш да видиш на видеото, минута 1:36. Кореа, Британија, Франција и Финска ги покажуваат. Мерат преку методологии што социолози ги користат како интервјуа, прашалници и слично. Потентата што ја доловуваат е дека иако луѓето генерално сакаат да имаат деца, немаат најмногу поради: помалце спарување него во минатото, имотност (немање своја куќа/стан) и дигитален свет.

Пред месец дена бев на едно предавање за демографија кај што домаќин беше дечко од Мекинзи што ја истражува темава (него го интересира ради пазарни импликации највеќе). Ова е мапата од светот во поглед на раѓање: црвено значи губи популација, плаво значи добива. Најчесто е сиромашни земји = висок раст, богати земји = низок раст. Неговото објаснување е: комплексна тематика е (како што пиша @savan погоре), али гледаат трендови, ако порано имало по 7 деца по фамилија, пошто ти требале за работа на фарма, имале краток животен век и се грижеле за тебе во стари години, денес тоа го нема пошто се живее претежно во градови, се работи во сервисни индустрии каде двајцата родители работат, приликите за поголеми фамилии се понезгодни (со секое додадено дете, економската удобност на другите деца и фамилијата се намалува). Ова е едно објаснување, али даде доста (меѓу кои и оние кои горе ги покрива видеото на ФТ).

Screenshot 2026-07-07 at 19.55.08.png
 
Прегледај го приврзокот 481872
Работата е што тие социолози ако ги бива а не тераат агенда, треба да ги игнорираат методите како прашалници и интервјуа. Ако сега собереш 20 пара на 30 години, без деца, 90% од нив ќе ти кажат дека сакаат деца некогаш. Е кога, кога коцките ќе се поклопат. Проблемот е што коцките се потешко се поклопуваат, односно луѓето бараат идеални или невозможни услови.

Луѓето што сакаат деца како прв приоритет, не е проблем ни партнер (се бирало партнер стрикно за ова), ни имотност, а за дигитален свет- има пад на наталитет кај развиените држави и пред интернетот. Улогата на интернетот е што го убрзува процесот кај земји кој уште не се стигнати до тој степен на развој.

За човек навистина да го свати проблемот, препорачувам да оди 1 месец во ИТ фирма, и 1 месец во градежна фирма или фабрика и да се посоцијализира малце. Ќе го добиете светот на дланка, и ќе сватите зашто во Норвешка не им чинат условите а во Бангладеш им чинат.
Автоматски споено мислење:

Јас мислам дека е малку поинаку.
Подобриот квалитет на живот го зголемува животниот век и со тоа ургенцијата за имање деца е намалена.
Порано ако умирале на 40 кога немало болници а имало секакви болести и невољи гледале што порано да имаат што повеќе деца со надеж дека нема и тие да бидат покосени од некоја треска. Затоа имаме толку Стојановски како презиме.
Ова држи вода ако анлизираме нешто што се случило пред 100 години, зашто сме отишле од 10 на 2,3 деца, ама сега имаме втора фаза, каде одиме од 2-3 на 1 или нула. Тој дел го разглабаме тука. Збориме за просек испод 1.
 
Последно уредено:
Работата е што тие социолози ако ги бива а не тераат агенда, треба да ги игнорираат методите како прашалници и интервјуа.
Не се скроз чкарт. :icon_mrgr: Цела дисциплина е и доста методи користат (не се само овие). Не ни викаат они "ова прави" или "прави она", него ни објаснуваат каде сме (прво со полуиција во моментов), кои се трендови (на каде идеме), и кои се последици (по економија, безбедност и тн). Интересна бранша.

Луѓето што сакаат деца како прв приоритет, не е проблем ни партнер (се бирало партнер стрикно за ова), ни имотност, а за дигитален свет- има пад на наталитет кај развиените држави и пред интернетот. Улогата на интернетот е што го убрзува процесот кај земји кој уште не се стигнати до тој степен на развој.
Аргументот што они го презентираат е дека смарт-телефони одзимаат време од реална социјализација (правење муабет со луѓе во живо) и дека тоа носи до помало ниво на спарување (или дејтање, како и да го кажеме). Факт е дека има помалку спарување, теоријата е дека ова е поради смарт телефони (трошење време на нив) и помалце трошење време на реална комуникација (барање партнер).

1779090141227.jpg
1779090141222.jpg
 
Se zivo i divo se kleca ko zajaci, ovoj sparuvanje pomalo imalo :facepalm:
 
Не се скроз чкарт. :icon_mrgr: Цела дисциплина е и доста методи користат (не се само овие). Не ни викаат они "ова прави" или "прави она", него ни објаснуваат каде сме (прво со полуиција во моментов), кои се трендови (на каде идеме), и кои се последици (по економија, безбедност и тн). Интересна бранша.

Аргументот што они го презентираат е дека смарт-телефони одзимаат време од реална социјализација (правење муабет со луѓе во живо) и дека тоа носи до помало ниво на спарување (или дејтање, како и да го кажеме). Факт е дека има помалку спарување, теоријата е дека ова е поради смарт телефони (трошење време на нив) и помалце трошење време на реална комуникација (барање партнер).

Прегледај го приврзокот 481883
Прегледај го приврзокот 481884
Го иам глеано видеото. Социјализирање во живо, графициве, не мора да значи ништо, луѓето фаќаат партнер без да излезат од дома.

Ова со смартфоните е интересна корелација, и би почекал повеќе информации зашто е too big to be true. Лично не верувам дека тоа е случај.
 
Se zivo i divo se kleca ko zajaci, ovoj sparuvanje pomalo imalo :facepalm:
Ова ти се податоци од луѓе на кои ова им е работа момак, не се анегдоти. Досадна ствар, али многу точна. :pivo2:Клецање и спарување не е исто. Може секој со секого да се клеца, тоа не значи дека се "спарени" или дека искачаат.

Го иам глеано видеото. Социјализирање во живо, графициве, не мора да значи ништо, луѓето фаќаат партнер без да излезат од дома. Ова со смартфоните е интересна корелација, и би почекал повеќе информации зашто е too big to be true. Лично не верувам дека тоа е случај.
Примети дека неколку извори се, не е еден (податоци од ОН, државни статистики, академски истражувања). Да е еден извор, капирам, али овде се повеќе во прашање. Прашањето е повеќе која е поврзаноста (дали пошто луѓе дремат на смартфони и не се социјализираат, дали пошто имаат променети погледи кон тоа што треба да очекуваат од врска, или се променуваат очекувања за тоа што треба партнерот да прави, никој во моментов нема појма која е врската, али по тоа што го пишуваат доста веројатно е да е поврзана со социјална изолација).
 
Ова ти се податоци од луѓе на кои ова им е работа момак, не се анегдоти. Досадна ствар, али многу точна. :pivo2:Клецање и спарување не е исто. Може секој со секого да се клеца, тоа не значи дека се "спарени" или дека искачаат.
Mozi i da se podatoci i od sevisniot licno, apsolutno nisto ne mi znacat. Se imam iznacitano takvi podatoci od ljuge na koi toa im e rabota, da mlatat prazna slama.
Tuku nejse, ete klecanjeto ne bilo sparuvanje.
Ok. Dve raboti me interesiraat. Prvo sto podrazbiras pod sparuvanje, nesto kako od denes sme vo vrska ili taka nesto ? :cautious:
I pobitno, kako se najdvat ovie za klecanje da se isklecat ako ( ova se tvoi zborovi ili zborovi na toj ekspertot sto si go citiral ) помалце трошење време на реална комуникација (барање партнер) ako ne komuniciraat i ne se vidat vo zivo. Si kleckal dosega , valjda znaes deka za toa treba i da se dogovoris i da se vidis vo zivo. Vo slucaj da nemas klecano pa mlatis prazna slama, da bas taka odi postapkata dali toa bilo za zenska za ozbilno , svalerka, za edna vecer ili kako sakas .
 
На крај ќе излези и глобалното затоплување дека е проблемот. :)

А проблемот е едноставен...

Колку едно општество е понапредно, толку помала потреба има за оставање на големо потомство.
Или како што некој пиша, им се нарушуваат условите на живот со секое наредно дете.

Тоа се најчесто средна класа на луѓе кои живеат по градови, имаат 45м² стан, на кредит, двајцата мора да работат за да преживеат, и не се спремни да си го нарушат и тој мал комфор за уште едно дете, оти ќе паднат во следната група кои се на раб на сиромаштија.

Е овие се тие што сеуште се котат како зајци, затоа што се на ивицата на здравиот разум, немаат никаков сенс за комфор, иднина, да им овозможат било што на тие деца.

И на крај ги имаме богатите каде што комфорот не им е загрозен, најчесто имаат лежерен живот и не мора партнерката да работи, тука е да раѓа и да е домаќинка. И ако работи нешто, тоа ќе биде онака, као за хоби, без никаков притисок. Е ваквите најчесто имаат 2-3, па и повеќе деца.

Факт е дека моментално сме пренаселени и дека активно, па веќе и јавно се работи на намалување на наталитетот.

Тогаш, кој највеќе може да им го наруши комфорот на богатите, и да издејствува политичко-социолошка промена?
Па, секако овие од среднава класа.
Затоа и ги држат на било кој начин заглавени во кругот во кој се, без поголема перспектива, а сепак да имаат доволно за да не се бунат.

Овие што се на раб на сиромаштија највеќе им требаат за физичка работа, оти мора и тоа некој да го работи.
По потреба ги покосуваат со вируси, епидемии, војни и контаминации.

Кога ќе имаат практично решение што може да ги замени, ќе им најдат "лек" и нив да не се множат толку.
Ама прво треба да ја средат "средната класа".
 
Едино со закони за масовна репродукција ќе се реши проблемот. Минимум раѓање 4-5 деца едно за друго, пуни пали :kafence:
 
Back
На врв Bottom