Демографија

  • Креатор на темата Креатор на темата Gags
  • Време на започнување Време на започнување
Конечни податоци за Бугарија 2025 / (2024)
Пад на живородени 50 241 ( 53 428 ) -6%
Пад на фертилитет 1.63 (1.72)

Изгледа Бугарија паѓа под 50к живородени уште оваа 2026 година, катастрофални бројки.

Screenshot 2026-05-03 235723.pngScreenshot 2026-05-04 000226.png

Раст во неколку држави во регионот за првиот квартал од 2026

Србија
1777905466250.png

Хрватска
1777905505348.png

Грција
1777905532049.png
 
Albanija ke ne stigne za nekolku godini ako prodolži vaka

Albania population on Jan. 1, 2026 was 2,335,930 inhabitants,
down by 1.16 % YoY
Natural increase was positive with +1,147 more births than deaths Net migration remained negative with -28,531

HJzDXH9WAAABWvH
 
Ситуцијава во Европа е катастрофа. Еден Пакистан има поголем број на новородени.
Европа и Северна Америка заедно придонесуваат со 10% од сите новородени деца во светот. Најголем раст има во Африка (процентуално). Според McKinsey за 60тина години од сега очекуваат дека секој трет жител на планетава ќе биде роден во Африка, и дека популацијата генерално ќе се намалува. Ако те занима тематикава, може ќе ти фати око извештајот од лани.
 
Фалсификување на податоци во основни училишта во корист на Албанците?

Според податоците на државниот завод за статистика во општина Брвеница во учебната 2025/26 година во општината имало 1435 ученици.За оваа година податоци според етничка припадност сеуште не се достапни но во учебната 2024/25 според државниот завод за статистика имало 496 Македонци и 935 Албанци (во други зборови 34% Македонци и 66% Албанци)

Но податоците објавени од самите училишта ова го покажуваат како неточно.
Во учебната година во трите основни општински училишта(+осумте подрачни училишта) имало запишано 1106 ученици во учебната 2025/26
Од овој број 467 се Македонци додека 639 се Албанци.Или во други зборови реалниот процент е 42% за Македонците додека Албанците се 58%

Ако вака се зголемени бројките на Албанците само во една мала општина замислете колку поголем бројот на фиктивни ученици е навистина
 
Ученици кои завршиле основно
училиште во 2025:
(Споредба со статистика за родени во 2010)
Македонци:55.5%(52.1% родени)
Албанци:32.4%(32.5 родени)
Турци:5.3%(4.4% родени)
Роми:3.6%(7.4% родени)
Бошњаци:0.92%(0.78%)
Власи+Срби:0.88%(0.52% родени)
Останати:1.38(1.97% родени)
 
Интересно видео за демографскиот проблем и од каде потекнува. Има три главни аргуметни за тоа зошто паѓаат стапките на раѓање низ цел свет. Прво, дека ова е последица на помалце спарување (по појавување на социјални мрежи, многу помалку луѓето се спаруваат него предходно). Дечки и девојки имаат помалку врски и следствено на тоа, бројот на деца е многу помал. Второ, помала стапка на сопственост на свој имот. Голем дел од светот има луѓе кои до доцнежни години живеат со своите родители (поради лоши пазарни прилики) и тоа отежнува спарување и планирање деца. Трето, кариера и економија (штедење). Ова се главните причини кои ги открива видеото:

Одговорот е многу поедноставен. феминизам, ЛЏБТ,либерализам,пропаѓањето на патријархатот. Стапките на раѓање паѓаат само кај белото население поради горенаведените работи. Пример во Грција 1925 имало 7 милиони жители во Турција 13М. Во 2026 во Грција 10М ,Турција 82М. Не треба да си Ајнштјн за да сватиш зошто.
 
Турците се исто под стапка на одржување. Само се малце покасно на забавата.
Автоматски споено мислење:

Интересно видео за демографскиот проблем и од каде потекнува. Има три главни аргуметни за тоа зошто паѓаат стапките на раѓање низ цел свет. Прво, дека ова е последица на помалце спарување (по појавување на социјални мрежи, многу помалку луѓето се спаруваат него предходно). Дечки и девојки имаат помалку врски и следствено на тоа, бројот на деца е многу помал. Второ, помала стапка на сопственост на свој имот. Голем дел од светот има луѓе кои до доцнежни години живеат со своите родители (поради лоши пазарни прилики) и тоа отежнува спарување и планирање деца. Трето, кариера и економија (штедење). Ова се главните причини кои ги открива видеото:

Го избегнуваат главното, дека има еден куп луѓе кој не сакаат деца, и дека веќе нема социјален притисок да прават. Па потоа бараат влакно во јајце, како имот, кариера или економија.
Одговорот е многу едноставен.
 
Одговорот на ова прашање воопшто не е едноставан, се работи за едно од најкомплексните прашања. Не паѓа само белото население, најголемите негативни стапки се кај јапонците, корејците, кинезите. Денеска излезе податок дека ТФР во нигерија од 6 паднал на 4. за 20тина години ако продолжи трендот ќе падне под 2.
 
Одговорот е многу поедноставен. феминизам, ЛЏБТ,либерализам,пропаѓањето на патријархатот. Стапките на раѓање паѓаат само кај белото население поради горенаведените работи. Пример во Грција 1925 имало 7 милиони жители во Турција 13М. Во 2026 во Грција 10М ,Турција 82М. Не треба да си Ајнштјн за да сватиш зошто.
Не е точно, Кина е патријахална, нема ни ф од феминизам, ни ЛЏБТ, ни либерализам, а е 228ма на листата на ОН во свет (една од најниски стапки на наталитет во свет). Сингапур нема ни ЛЏБТ, ни л од либерализам, релативно патријархална средина, има помал наталитет и од Кина. Белорусија нема феминизам, ЛГБТ, патријархална е, и е земја со еден од најниски стапки на наталитет. Мароко, Иран и Катар се доста конзервативни, стапките им се доста ниски. Едното со другото не е поврзано.

Го избегнуваат главното, дека има еден куп луѓе кој не сакаат деца, и дека веќе нема социјален притисок да прават. Па потоа бараат влакно во јајце, како имот, кариера или економија.
Го спомнуваат тоа (дека има луѓе кои прават избор да немаат деца) али по тие бројки што ги покажуваат, не е ова главната причина. Има општества каде доста и мажи и жени сакаат да имаат деца, а стапките на наталитет се ниски. Ова го објаснуваат со тоа што: има помалку спарувања него предходно и економски прилики (немање посед на стан, следење кариера, и тн).
 
Не е точно, Кина е патријахална, нема ни ф од феминизам, ни ЛЏБТ, ни либерализам, а е 228ма на листата на ОН во свет (една од најниски стапки на наталитет во свет). Сингапур нема ни ЛЏБТ, ни л од либерализам, релативно патријархална средина, има помал наталитет и од Кина. Белорусија нема феминизам, ЛГБТ, патријархална е, и е земја со еден од најниски стапки на наталитет. Едното со другото не се поврзани.

Го спомнуваат тоа (дека има луѓе кои прават избор да немаат деца) али по тие бројки што ги покажуваат, не е ова главната причина. Има општества каде доста и мажи и жени сакаат да имаат деца, а стапките на наталитет се ниски. Ова го објаснуваат со тоа што: има помалку спарувања него предходно и економски прилики (немање посед на стан, следење кариера, и тн).
Кој се тие бројки, и како го мерат тоа, општества каде некој сака да има деца? Многу луѓе ја мозгаат работата, а реално треба само да погледне окулу себе. Ние, нашите, тие пред нив.

Декларативно никој не кажува дека нејке деца. Работата е што ја туркаат одлуката до многу доцни години, да се изживее и прошета, да се најде идеалниот партнер, идеални економски и оштествени услови. Потоа годините си проаѓаат и завршуваат со 1 или 0 деца. Имање деца не е прв приоритет за огромен дел од популацијата.
За тие што е, а верувам знаеш такви многу, ниеден од овие критериуми не им бил пречка.

Бтв, мешаш државна политика со однесувањето на населението. Можеби Кина и Белорусија се декларативно патријархални, ама населието таму живее живот прилично близок до западниот. Кога луѓето ќе ги осетат бенефитите од модерниот живот, правењето деца иде во втор план.
 
Мислат повеќето дека ќе бидат forever young и дека тоа можат да го одложуваат недогледно. Немаат чувство за ургенција. Затоа жена за династија тешко се наоѓа.
 
Back
На врв Bottom