Дури денес е официјално. Ќе видиме како ќе се покаже, сепак има 37 години

Депортиво има еден добар млад офанзивен играч од своја школа. Н'Сонго Бил или како и да се преведува на македонски. Очекувам да биде добар сезонава, ако добие шанса.
Се засилуваат постепено за сезонава, но за жал има една за мене многу разочарувачка вест и општо новина која сигурно ќе влијае врз резултатите.
Како и повеќето шпански клубови, сакаат да го намалат влијанието (да не речам, да ја забранат) на навивачката група (Riazor Blues). Воведоа мерки за нивната трибина кои целосно ќе го уништат навивачкото движење. Исто така ги покачија сезонските билети за над 70% за сите трибини. Голем е револтот кај фановите и навивачката група и истите веќе одржаа неколку протести. Многу веројатно и на натпреварите на Депортиво да биде ко на гробишта во иднина.