Искрено појма немам во моментов. Сеуште не сум го побарал договорот со банката. Можеби стои, но во реалност ако извршуваат (недајбоже) ко што рековте, тоа го прават на личниот имот.Од техничка природа е заложувањето на заеднички простории, за ако во иднина банката го извршува имотот да смее да пристапи кон станот (технички и правно нели), зашо нема логика да имаш под залог стан, а да немаш право да пристапиш од скали/ходници/ватева. Затоа на смеа и кажав на Аceso со хеликоптер дека ќе и влезат ако дојде до извршување на имотот доколку не се под залог заедничките простории.
Не е ништо страшно иначе, нека не се грижат другите станари, не им ги зема никој скалите и лифтот.
Лурц, кај тебе ваљда пошо е постар кредит го имаат пропуштено тоа, не дека не се дешава, ама веруј не ти е никаков проблем, не е ништо страшно.
Нас ни е поголем проблем борба со коруптивни судови, адвокати, стечајни, бивши изведувачи и божем доверители. Мафија.
Автоматски споено мислење:
Со среќа, се надевам дека ќе ги исполни ветувањата и стандардите.@Lurtz Ти благодарам. Канцелариите на Бонанца се во неговата зграда позади фитнес центарот. Се видов со Јован неколку пати, два пати се искравме по малце, ама све се заврши супер. Денес уплатив прва рата, потпишав преддоговор, па сега се надевам дека ќе ја направи зградата во зададениот рок од 2 години. Тој вика дека за година и пол ќе е готова така да ќе видиме.
Иначе купив во зградата што е продолжеток на неговата, трособен, со огромен подземен паркинг и два подруми.


