А ти мајсторе имаш проблем со таа на рамења. Не вреди со тебе да се комуницира
Пред 6 години, некој Русин го напишал тоа.
Да видиме што друго напишал Дурново и зошто е познат како србофил.
„Појавата на српските племиња во Србија и Македонија датира од 635–640 година. Србите дошле од зад Карпатите, навлегле до Солун и Тесалија, а на југозапад до реката Бистрица, на која го основале градот Српчиште (Сервија). Во половината на VII век завршило населувањето на српските племиња во бугарска Морава. Во 676, 678 и 685 година српско-словенските племиња: Сагудати, Драговичи, Брсјаци (Борзјани), Велегостичи (или Велесичи), Војничи (или Вагенети), извршиле напад на Солун, но, не успевајќи да го совладаат, се населиле низ Македонија.“
Населението на Охридската архиепископија, составено од Грци, Славјано-Срби и Куцовласи, со радост го поздрави преминот под власта на Вселенската патријаршија, наоѓајќи во неа немала заштита.
По повод пропагандата на бугаризмот во Македонија.
За заштита на
српската народност во Македонија и Стара Србија
од побугарување, неопходно е меѓу српската ерархија и константинополската да постојат најдобри и пријателски односи, и српската влада да не се обидува да ја принуди Вселенската патријаршија да постави српски архиереи во македонските епархии, бидејќи на последниве, со оглед на бугарските интриги, поткупи и доноси, ќе им биде тешко да се задржат на катедрите и да излезат на крај со турските власти, кои се навикнати на „бакшиши“.
Што мисли Дурово за словенското население во Македонија?