- Член од
- 11 октомври 2022
- Мислења
- 662
- Поени од реакции
- 1.151
Не е точно ова што го зборуваш...да си роден и изразнат во друга средина и во друга држава нема вака да размислуваш бидејќи ќе си различна личност....и да Мароканците не заслужуваат фудбалски респект според мене бидејќи буквално направија тим од индивидуалци што се производ на друга држава...државата Мароко не ги произведе овие играчи, не направија систем каде што играчи токму кај нив ќе се развијат..ова со нив е чиста среќа и сплет на околности што се најблиску до Европа од другите континенти и имаат голема флукцијација на услуги и сервиси со нивните комшиски држави во Европа па голем дел од нивните граѓани успеаа да се инкорпорираат во Европските држави па нивните деца и внуци се развија во тие држави.
И не е логично од каде му е етникумот да настапува за таа нација...баш напротив треба фудбалерот да си настапува за таму каде што е роден, изразнат и едуциран фудбалски..нема логика државата да инвестира и вложува во тебе како фудбалер а ти да заминиш да играш за Тунгузија бидејќи ти си се чуствувал како Тунгузиец.
Ти како играч си индивидуа и личност, не е важно кај си се развивал, ако ти е чокљата од Мароко, за Мароко ќе си играш. Федерација и слични имаат должност да те едуцираат и тренираат ама не е твоја должност да играш за нив. Мароканци одбиле можеби титули и слично за да играат за своја нација од кај што им е чокљата, тоа е за респект и покажуваат изразено патриотско чувство. Треба да се угледат на нив а не да ги критикуват "ги тренирале во Франција ама отишле во Мароко" или "Државата Мароко не ги произведе" ти на играчите гледаш како на некој продукт материјален или на личности со дух и свест?
Мароканците се Мароканци и играат за Мароко без разлика што се родени надвор од границите на Мароко. Секој е тука да си ја претстави културата а не само да игра фудбал, затоа е убавината на светското првенство.

