Овој Китинов ни домашните не го знаеја дека некад настапил на слем, ама ете доживеа покрај Лина 5 минути слава ничим изазван.
Да, вистина е, јас сум Китинов, затоа пред пар години му препрачав на Калин да има иста кариера како мојата
Ги има сите предиспозиции да направи солидна кариера во дубл, каде дефинитивино ќе собере солидни пари за живот, а богами и сите ќе го славиме ако има успеси таму. Да не заборавиме дека Македонија веќе има еден релативно успешен дубл тенисер во Александар Китинов чиј што најдобар резултат е 38 место на дубл листата, 1/8 финале во Вимблдон и 1/4 финале во мешани двојки на АО.
Верувам дека Калин има потенцијал и за многу повеќе, а богами од 90тите(/рани 2000ти) до сега подобри се финансиските услови за играње во дубл.
Познат е Китинов како единствен наш претставник на Гренслемови, тоа што не е нешто спомнуван во последнава декада-две у било кој контекст е пропуст на македонската спортска јавност
Нејсе, он-топик, освен ова за Калин, паметам дека и за Лина истово го пишав тие години, дека ако има проблеми со повреди можеби дека е подобро да се концентрира на дубл. Мило ми е што згрешив и што имала сила за уште солидни игри и резултати во сингл. Затоа и ми е мило што стигна до Вимблдон (иако штета што го батали дублот, ептен солиден играч беше таму)
Уште стојам на ова со Калин, а и за било кој македонски тенисер во иднина, ако не може да се пробие во сингл, обавезно мора патот на Китиновски да го пробаат.
Одличен пример за ова е Индија, каде што иако немаат некој посериозен успех во сингл му имаат на светот дадено многу озбилни дубл играчи и во машка и во женска категорија...
Знам дека не е лесен светот на тенисот за преживување и не е ова баш така плукни-залепи, ама се надевам во иднина ќе имаме уште некој играч што ќе направи ваков кариерен потег (под претпоставка дека ќе се мачи во сингл)