Obsession ми беше од оние класичните short хорор филмови од по 7-8 минути на ЈуТјуб што ги има. Буквално тоа ми беше првата мисла откако го изгледав, за да после изгуглам дека режисерот уствари со такви филмчиња и ја започнал кариерата и овој му е прв долгометражен филм. Не знам дали и приказнава е развиена од некое такво негово видео, знам Smile беше прво хит short-от на ЈуТјуб, па од него ја развија целата приказна за филмот. Солиден филм, ама мааалку и прехајпнат според мене.
Она што ми остави подобар впечаток од филмот е глумата на девојката. Не следам толку многу други филмови, нит како идат рангирањата за Оскар и колку улога во хорор филм е вреднувана од академијата ама улогава и е Oscar-worthy според мене. Главна фалинка ми беше пресмотаноста на дечкото. Улога напишана само да може да се одведе приказната до крај.
Солиден трилер со СФ елементи. Мене ми се допадна.
Комотно можеа место ванземаљци и информации за нив да вметнат биоложко оружје, нукси, дрога, фармација и тајна организација што ги брка главните ликови и исто да го снимат филмот
Одете на кино бе, не мрчете многу-многу. Не знам како станавме вака пребирливи, цело време бараме влакно во јајце. Филмот е направен за големо платно, ич не мачете се да го гледате на ТВ, тоа е како фудбал да гледам на Грундиг телевизор од деведесеттите. Нема да почувствувате таму ни звук ни камера, нема да видите каков трибјут им прави Спилберг на филмови од типот на Психо кога девојката на задното седиште држи нож или кога возилото се приближува до мотелот а камерата се тресе како во старите хорор/трилер филмови.
Се прашував после филмот каде отиде тоа задоволство и среќа кога гледаме магија на филмското платно и како тоа сите колективно станавме циници. Каде ги закопавме емоциите и емпатијата и зошто повеќе не можеме да разбереме филмови кои се направени да ни доловат чувства и емоции, а наместо тоа се фаќаме за некои небитни детали и бараме маани.
Солиден трилер со СФ елементи. Мене ми се допадна.
Комотно можеа место ванземаљци и информации за нив да вметнат биоложко оружје, нукси, дрога, фармација и тајна организација што ги брка главните ликови и исто да го снимат филмот
и ќе се дополнам со : ни кареиера да оживува, ни некој маестрални актерски способности да гледаме, ни цицки некоја да извади а за чудо ни воук пропаганда.
Специјално бил избран тој затоа што најдобро можел да ја спакува пораката за широките народни маси да не се извадат од памет или за да не изнасмеат.
Тој тоа го направи, пушти бува и си отиде. Маестрално од кој и да го спонзорирал.
Јас дури го доживеав филмов ко документарец за иднината.
синовите не ми се по филмови, само арена и арена премиум. Жената по теленовели, друштво или престарено или гастарбајт. Порано, млади, сите кина ги кисневме, а посебно омилено "кино утро", коа бегавме од часови
Ако можам ќе те слушам, да искамчам барем едно такво задоволство.
Инаку за филмот имаше малце cons критики на титлови, више ради Спилберг као маг на сојот занает. А можда е и до оној што пишал таква рецензија.
синовите не ми се по филмови, само арена и арена премиум. Жената по теленовели, друштво или престарено или гастарбајт. Порано, млади, сите кина ги кисневме, а посебно омилено "кино утро", коа бегавме од часови
Ако можам ќе те слушам, да искамчам барем едно такво задоволство.
Инаку за филмот имаше малце cons критики на титлови, више ради Спилберг као маг на сојот занает. А можда е и до оној што пишал таква рецензија.
Кај мене у круг на познанства така поблиски до блиско друштво скоро сите се филмомани.Без разлика мажи жени. Дали по тоа јапанските цртани,дали по турски серии, дали по нетфликс воук, лгбт гомненици, дали по класични љубовни драми и трилери до хипстери што идат на недела на тајлански филмови во кинотека на тема колку е тежок животот во Тајланд без квалитетни цигари. Ќе ги заборавев и суперхероиве од стрипови и крими лимунадите.
Јас на сите им имам кажано кога ќе споделат евент у чат од мене ако има само seen без лајк, коментар терајте даље со организирање и планирање.
Овој филм ми дојде како кец на 10ка, башка сам го дознав на нет и сам виодов дека има премиера у Сити Мол. Пуштив муабет кај овие горе набројаниве и на премиерата бевме армија луѓе. Пола кино сала за нас.
И затоа ти пишав дека шансата за пак да идам у кино е многу мала освен ако не е некоја премиера на некоја епска фантазија,се шушка дека Воркрафт ќе снимаат втор филм.
А цените на картите у Сити Мол и 430 ден кофиче пуканки што кошта 50 денари истото у парк и линека кока кола од 150 ден е башка муабет зашто не ми се иде у кино. Конкретно на филмов кога бев околу мене првите 15 -20 мин слушав џвакање и мљацкање ко да сум у менза а не у кино сала.
Ти каќав дека јас го гледав од аспект на човек што ги прати случувањата околу теориите на заговор (фактите) околу НЛО и се повразно со нив и затоа тотално не обрнав внимание на филмот од уметнички т.е. занатски аспект. Битни ми беа пропагандата и пренесената порака на филмот. Начинот на пренесување, нарацијата, тон, светла , камера, акција............ не ми беа битни.
Ти очекуваше нешто ко алиен вс предатор со бркање и пукање, тепање со вањземалци ?
Јас знаев дека ќе е драма и муабети правење со ете малце акција за да не го заспие просечниот гледач.
Ти очекуваше нешто ко алиен вс предатор со бркање и пукање, тепање со вањземалци ?
Јас знаев дека ќе е драма и муабети правење со ете малце акција за да не го заспие просечниот гледач.
Не беа дирекна поента ванземаљците како во предходните филмови. Поентата беше да се направи општ притисок за побрзото разоткривање. Јавноста да почне повеќе да се интересира за случајов и повеќе да прави притисок. Ванземаљците беа само главната алатка за тоа.
Вчера го гледав Ladies First на Netflix.
Комедија од 2026 со Sacha Baron Cohen (Ali G, Borat) и Rosamund Pike (Gone Girl).
Уште една Freaky Friday верзија, во која главниот лик е корпо CEO на Guinness и шовинист кој најмува жени само да пополнува квоти, ги третира како парче месо etc etc. По сплет на околности си ја удара главата во бандера! и се буди во свет каде жените владеат. Тиe го водат бизнис светот, претходно чистачката е сега СЕО, жените ги третират мажите како нивни слуги, си ги драпат и прдат додека мажите се депилираат и ставаат филери за да ги приметат на работа, Burger King e Burger Queen, Victors Secret, you get the gist. Како критика, може да го скокнете, но ако сакате жена ви да биде слушната тогаш е ок забава. Голема препорака за @Vanlok
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.