Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Купс ќе падне у двомечот, сигурен сум во тоа, дури и со овој состав.
Сепак не е лошо некое засилување да се извади.
 
Se e vo red ova, super, no prasanjeto e Fk MnoguSiMokjen AD so koi igraci ke se obide da postigne nekoj uspeh ?
Osven super talentot Azerinjo, koj drug ?
Zarem se nadevaat deka so ovoj tim ke go eliminirame KuPs pa za posle ke vidime ? i, sto posle toa sto ponatamu?
Da znaeme barem so vreme da ne se nadevame da ne se razocarame
Не оспорувам ништо од ова шо кажа, лично очекував дека барем најдоброто од Македонска лига ќе го собереме, засега ни во тоа не успеваме.
Ќе потпишеме некој играч на крај на лето шо нема да успее да се договори надвор.
Или на зима, како шо беше случајот со Николов и Велковски после нивната слаба полу-сезона во претходните нивни клубови.
Автоматски споено мислење:

Купс ќе падне у двомечот, сигурен сум во тоа, дури и со овој состав.
Сепак не е лошо некое засилување да се извади.
Малку касно е, за две недели од сега го играме првиот натпревар.
 
Купс ќе падне у двомечот, сигурен сум во тоа, дури и со овој состав.
Сепак не е лошо некое засилување да се извади.
Може ли да појасниш на која основа го темелиш овој оптимизам?: Која утакмица на Вардар во домашното првенство не оставила без зборови, па да кажеме ете можат да одиграат вака добро? Дали дека добро се засиливме? Дали дека Финскиот првак е послаб од Македонскиот првак? Дали Купс е многу послаб од лани, дали лошо му оди во првенството, дали нашите подготвителни утакмици со школски екипи од околината на Норчија ни даваат надеж? Ме интересира точно што, иако со цело срце сакам да биде така...
 
По природа сум оптимист, па од тука и моето мислење и став. На ништо од ова што имаш наведено не се темели мојот оптимизам... Едноставно такво чувство имам, а ретко ме изневерува.
 
И јас мислам дека имаме шанси да ги поминеме, безразлика на се'. Температурата во Скопје ја гледам како главен адут на првата утакмица и тоа што горе-доле беше задржан првиот тим и немаат некоја особена потреба од воигрување.
За нас најголема мака е тоа што немаме напаѓач и повторно 90 минути ќе играме со еден играч помалку.
Мато ни беше бог и батина на ланските квалификации, а лошо е што сега го изгубивме Цветковиќ. После Мато немаме некој експлозивен играч. А ќе кажам дека колку и да јадев гомна за Донмго дрвото, излезе единствениот странец кој го погоди свинската глава (Мато веќе беше виден во нашата лига и сите знаевме дека ќе е ѕвер).
Стварно се надевам дека има фудбал во овој од Луксембург нигерот и дека некој од аргентинците ќе воскресне под палка на Фабијани.
Немам осет колку може да бидат јаки финциве. Немаат некој страшен резултат во домашното првенство, како имиња ниту еден играч не ми е познат и според статистилата делат 3-4 играчи по квалитет. Ако Мајнц го врати овој назад, ќе биде голем плус за нас.

Претпоставувам ќе играме со Мане-Матиќ-Даре-Најдо-Јанкулов позади. Средината е енигма. Дали ќе биде вметнат Пирес, дали ќе играме со Тодоровски и Николов, Родригез лево и секако, Закариќ десно. Испробан состав, јалов во нападот, бавен во одбраната, ама може да одиграат со срце, бар на домашен терен.

Лошо е што нема никаква атмосфера. Ако Комити не се решат да направат некаква мобилизација која ќе привлече публика, овие торлаци не можат ни 1000 души да привлечат.
Порано одморите према Вардар ги договарав. Сега од цело друштво, никој нема да биде овде за првиот дуел, до толку е одмилена оваа постава.
 
Ако Мајнц го врати овој назад, ќе биде голем плус за нас.
Тој од Петрлул шо го потпишаа (инаку соиграч на Донгмо) е практично замена за овај од Мајнц.
 
Бабунски ќе игра во среден ред, тој е единствен од нашите што разбира шпански и сигурно ќе му биде продолжена рака на теренот на аргентинецот. Добра вест е што Азар денес играл за тимот од резервите. Инаку другарите ти се заситиле од Вардар кога користат одмор во време на евро мечеви, еве контра пример моето цело друштво ќе дојдат на натпреварот во Скопје. А јас лично ќе одам и на мечот во Финска. Во 2 коло и така нема да може да се оди зошто ќе се игра во земји со визи Азербејџан или Велс и сите што можат треба да дадат фокус на ова гостување
 
Тешко нас ако игра Бабунски, барем со формата која ја имаше лани. Се израдував кога го земавме, за на крај да излезе дека паднал на ниво на Дурански. Си викам сите ќе процветаат со новиов тренер.
Screenshot_20260623_053837_Facebook.jpg
Ако овој состав се планира за прв состав, ќе треба Јаков да игра шпиц. Не ми се верува баш, ама има шанси. Дај боже да излезе изненадување и да стане стандарден првотимец. Куестас дал гол :D

Не сме се заситиле и во ваква ситуација ќе бркаме стримови и ќе гледаме, ќе се нервираме, ќе ни се заебе денот. Едноставно нема мерак ради свинскиот. Елаборирано сто пати, а јасно се гледа дека влијае кај многу луѓе. И тие што одат, повеќе одат ради Комити. Следи само каква е "еуфоријата" за утакмицава и колкав број на карти продале досега.
Претпоставувам за кого се работи (може грешам) според ова што го пиша, мислам дека само вие како друштво сте поактивни откако влезе козарот. Секоја чест за бројот на посетени утакмици лани :D
 
Последно уредено:
Ако навистина се остварат најавите на новиот тренер дека ќе играме офанзивен фудбал, тогаш и јас мислам дека Бабунски ќе игра прва постава и ќе има клучна улога во новиот систем кој ќе го наметнува Фабијани.
Искрено верувам и дека под негова палка може биде еден од подобрите наши играчи наредната сезона.
Ќе биде лидер во средниот ред кој ќе го диктира ритамот и темпото на игра, заедно со Пиреш продолжена рака на тренерот и мозоци на екипата.

Има уште многу што да добиеме од Давид, еден од ретките наши играчи што навистина разбира фудбал и имаше потенцијал да направи многу поголема кариера.
За жал на крајот не оствари ни 50% од тој потенцијал.

Мислам дека во моментов му е проблем и што е израснат во странство и поминал низ најдобрата школа во светот, каде се практикува потполно различен начин на работа и секојдневно функционирање на клубот во кој се наоѓа.
Воспитан дечко кој е научен на дисциплина и работа, никогаш немал никаков скандал, кога играше во Јапонија и добиваше од Мрме повик за репрезентација, секогаш се појавуваше без разлика што знаеше дека нема да има ни минута на терен.

Отткука тешко се прилагодува на општ хаос на кој ние сме генерално навикнати (партиски влијанија, наместени утакмици, форсирање играчи со врски, шеми со договори, претседатели и тренери на кои им е дозволено да прават што сакаат...).
Затоа и во репрезентација имаше само епизодна улога, а за жал Вардар е моментално светски шампион и синоним за такво работење.

Мислам дека Фабијани и Бабунски може да имаат одлична соработка, само треба Давид да почувствува малку слобода и да ја врати самодовербата, после од него ќе гледаме вистински претстави на теренот.
 
Последно уредено:
Има уште многу што да добиеме од Давид, еден од ретките наши играчи што навистина разбира фудбал и имаше потенцијал да направи многу поголема кариера.
За жал на крајот не оствари ни 50% од тој потенцијал.
Голем дел од јавноста мисли дека Давид е офанзивен играч од кого треба да се очекуваат голови, шо нема врска со реалноста.
Да, тој играше 10ка во Јапонија дури и крило, но сега ја нема таа брзина за тие офанзивни позиции.
Давид во моментов е класичен играч за врска кој организира игра од своја половина, технички поткован со добра контрола на топка, има визија, интелегентно се движи по терен, добар за посед игра.
Најмногу слабости има физички, не е многу брз, слаб во дуели, не покрива многу простор по терен како бокс то бокс (пример Николов) играч, а очекував и дека има поквалитетен пас.
Мислам дека може добро да се вклопи со играчи како Пиреш, Тодоровски и Торес во системи како 4-3-3 или 4-4-2, кај шо имаш повеќе опции за кратка и комбинаторна игра.
Но во Европскиве натпревари, кај шо е потврдено дека ќе играме 5-3-2 формација, ни треба вистинска 6ка.
Освен Босанчиќ (кој не е идеален), немаме друг играч кој може најблиску да одговори на 6ка, каде се бара дуел играчм кој добро чита игра, добро се позиционира и по можност да има квалитетен долг пас за во транзиција.
Донгмо беше идеален..
За двете 8ки, Пиреш ми изгледа како најкомплетна опција.
Голем работник, 90 минути високо темпо, пресинг, пас игра, технички добар, напаѓа шеснаесетник.
За другата 8ка во моментов изборот би бил помеѓу Николов и Диме.
 
Back
На врв Bottom