Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Шкендија игра пријателски со Копер, Целје, Хајдук и Зорија (како и да се викаат украинциве), ние играме со екипи на рамниште на Дељадровци и Нова Колонија.
Секој сериозен клуб унапред неколку недели објавува распоред на пријателски кроз припремен период, а нашево делува како спаринг екипиве да се собрани од улица, рамниште на оние што се пријавуваат на турнирот у чест на Сокол. Пази колку моќно делува кога ќе ги прочиташ дека сме ги размонтирале факинг Селеционе Сполето Валнерина со четири према еден.
Јас не знам кај го нашле ова Норчиа. Немам поим за местово и земав малку да гуглам. Гледам тука се одржува оној Умбриа купот за деца каде што ако не се лажам одат понекогаш и македонски екипи.
Годинава ќе дошле Асколи на подготовки тами. Од средина на јули и Салернитана и Беневенто.
Инаку има еден извештај од какви играчи биле составени екипите на противниците во овие два пријателски натпревари, ниту една екипа не знам. Веројатно се од 4-5 лига екипите.
Со оглед на тоа што цели подготовки ги тераме тука, не знам дали воопшто ќе одигра пријателска со некоја професионална екипа.
Мислам дека нема италијанска екипа у моментов, дал од прв или втор ранг на натпреварување, што има започнато со припреми. Се знае кај може да најдеш овој период достојни екипи за уигравање пред почеток на квалификации. Словенија, Австрија, Швајцарија евентуално...
Мислам дека и пред 20тина години бевме таму на подготовки или па игравме некој куп, не ми текнува баш…
Тачно! Пред повеќе од 25 години, организирани од потпуно истово говедо што и денес глумата шериф. 99-та или 2000-та. Настапувавме на некој третокласен Норчија куп, покушавам да се сетам на екипите против кои игравме, ама не ми успева веројатно затоа што беа налик на овие со кои сега играме. Тренер беше Вангел Симев, стариот на Самоил, на кога му се повредија повеќе од пола играчи затоа што на базичните подготовки претрчаа преку 200 км (ова лично ми го имаат кажувано тогашните членови на Вардар) како да се спремаат за маратон. Ликот никогаш не бил тренер некаде претходно и си беше вработен како професор на ДИФ, специјалност: физичката подготовка кај фудбалерите:D Ете така чисто да знаете какви све пациенти имаат пројдено во Вардар.
 
Инвестоторите бараат да се игра трета сезона во ист дрес од чкљ марка, има кеш за припреми во Италија, ама противниците ни се тамам да извадиме реми. Нема кеш за маркетинг,тоа кошта милиони, да се постира новости на социјалните мрежи на ФК Много Си Моќан, со вкупно 137 фоловерси...Ееее Вардаре Пирин кај ти е....
 
Не знам што го хејтате Б. Димовски, кај му понудиле си прифатил тоа е тоа, кој нормален човек би сакал да соработува да работи со човек ко миленко!?!? нема некој што знае за каков лик се работи да оди со него да соработува и тој да ти биде газда. Подобро да ме пцујат секоја недела отколку некое такво исфустрирано искомплексирано криминално говедо да ти е газда. Затоа ниту еден играч асален не донесе, се некои странци кои појма немаат каде и за кого ќе играат.
 
Back
На врв Bottom