Се додека вакви луѓе се гледаат како вистински победници, ќе си тонеме. Се додека визијата за богат човек ни е џип, стан, златен ланец, ќе бидеме паланка.
Има доста примери каде држави од полошо се извлекувале, земи ја Јужна Кореа: после војната со Северна, како држава е во доста тешка положба. Има корупција, кризи на легитимитет, економски се назад, не им иде. Држава посиромашна од некои земји во Африка во тој период (60ти години). Никаков развој, највеќе ради лоша политика и корупција. Војската прави државен удар и става ред: искоренува корупција, ориентира цел систем кон извоз и инвестира масовно во гранки што се просперитетни, образование, стабилност. Фирми како Самсунг што до вчера продавале сушена риба, одеднаш со помош на државата стануваат технолошки гиганти. И тие одлуки даваат плод на долги стази, па така и они стануваат една од најразвиени земји. Без изговори. Поентата ми е дека и од полошо држави се извлекувале.
Околу Груевски: прво, и да станеше близок со Кина/Русија, тоа не би го сменил домашниот начин на владеење што е исклучително корумпиран. Второ, секоја голема сила, без разлика која е, си работи само во свој интерес. Под предпоставката и Кина, и Америка, и Русија да се позади Македонија, да речеме наивно заљубени се во нас, и цел ветер во грб да ни го дадат, без системот од внатре да се смени, луѓето да се фатат за работа, со интегритет, по закон, џабе е се. За крај, и од полошо земји се ваделе, само треба сенс за одговорност кон државата, одговорност кон сограѓаните, работа и закон над се (над партија, пријателства, моќ, криминал). Како држава може да сме супер, само треба да сме реални околу изворот на проблемите.
За таа цена, врбиве треба да можат сами да се извадат од саксија и трансфер во АЕК или Фенербахче да направат.