- Член од
- 25 ноември 2010
- Мислења
- 571
- Поени од реакции
- 1.538
Таман работа момак, никој не го коментира нашиот избор да се иселиме како добар или лош, ниту некој тврди дека оние кои останале направиле добра или лоша работа. Потрагата за среќа е индивидуална работа, ирелевантна е географската локација.комплексаши се сите до еден. Да не беа немаше тоа да го прават нивниот избор најдобар и да се тешат едни со други
Тоа што го коментираме овде е: партизирање на системот и корупција е рак рана на Македонија. Ради ова државата тоне со години. Лојални партиски ботови што немаат саат работен стаж, добиваат титули советници, градоначалници, директори, појма немаат што самата функција бара од нив. Тие на врвот ја пљачкаат државата, тие под нив партиите ги гледаат како завод за вработување. Неспорен факт е: една од најсиромашни земји во Европа сме. И од Македонија и од странство сакаме просперитетна, развиена Македонија, што ќе има светла иднина за сите што се во неа. Проблемот е: се додека системот е каков што е (паразит-партија систем) Македонија нема да оди напред, туку ќе тоне. Независно судство, владеење на право и ефикасна (мала) јавна администрација не им одговара на лидерите на партиите и ботовите околу нив, пошто губат можност да крадат од народот и да не одговараат за своите постапки.
Последно уредено:
